fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Анѓушев: Мора да се промени начинот на греење – гасификацијата е најдобро решение

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на пратенички прашања денеска во Собранието рече дека според истражувањата најголем загадувач е затоплувањето на домаќинствата, а потоа следуваат автомобилите па индустријата. - Проблемот со загадувањето треба да се реши со дејствување врз изворите, а не врз последиците. Мораме да го измениме начинот на греење. Не може на дрва, сецкан ќумур или гуми...

Од денеска јавниот превоз во Скопје е бесплатен

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и на приватните превозници почнувајќи од денеска, како и прекин на градежните активности на градилиштата под надлежност на Град Скопје. Истовремено, ќе се ограничи обуката од автошколите, а ќе се врши и засилен надзор над капацитетите што...

Утринава стапија на сила мерките на владата за заштита од загадувањето

Поради измерена висока концентрација на штетни честички во воздухот од над 200 микрограми на еден метар кубен на две места, од денеска стапуваат на сила мерките на владата за заштита од загадувањето, соопшти портпаролот на владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Бошњаковски соопшти дека мерките се стапени на сила од 9.30 утринава. Тие меѓу другото предвидуваат бремените жени, лица со хронични заболувања...

Шилегов апелира да не се палат огнови за Бадник поради загадувањето

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за време на традиционалното собирање на бадникови гранчиња на Водно апелираше да не се палат отворени огнови за време на Бадник. Тој ги повика граѓаните да се воздржат од палењето огнови и рече дека апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои одлучија да се забрани доделувањето на дрва од општините за...

Шилегов дополнително ќе одлучува за идеите на граѓаните за намалување на загадувањето

Да се набават електрични автобуси и да се реорганизира јавниот превоз, да се воведе тарифа за луксуз при регистрација на второ возило, да се забрани употребата на јаглен за затоплување на домаќинствата, да се засилат контролите на погоните за преработка на пластика и работилниците што горат отпадни масла, биле дел од решенијата што ги предложиле граѓаните на денешната средба...

Николовски: Климатските промени ќе ги намалат приносите во земјоделските култури

Зелениот климатски фонд (ЗКФ) ќе биде главна меѓународна финансиска институција за обезбедување на финансиски средства за поддршка на активности, за ублажување и адаптација од климатските промени во земјите во развој, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на работилницата за искористување на средствата од овој фонд, која овие два дена се одржува во хотелот „Александар Палас“. Тој порача, дека Македонија...

Сè уште нема конечни одлуки за спомениците од „Скопје 2014“, вели Шилегов

Конечните одлуки за „Скопје 2014“ ќе се донесат откако Град Скопје ќе ги добие извештаите од надлежните служби, открива градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Дел од спомениците не се ингеренција на Град Скопје и тука се вмешани Министерството за култура и Општина Центар и тоа во формално правна смисла ќе биде однос меѓу...

Загадувањето е последица на децениската погрешна политика, тврди ЛИДЕМ

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија поддржана од минатата власт доведе до енормна загаденост и лош квалитет на воздухот, обвини денеска Либерално-демократска младина (ЛИДЕМ). Од ЛИДЕМ наведуваат дека негрижа за основното човеково право, запишано и во Уставот на Република Македонија, правото на заштита на животната средина, нѐ направи сите жртви на...

Владата донесе серија итни мерки за заштита и намалување на загадувањето

Доколку во текот на два последователни дена концентрацијата на ПМ-10 честички надмине 200 микрограми на кубен метар воздух, и тоа на најмалку две мерни места ќе стапат на сила итни мерки. Тоа го предвидува најновата „Уредба за намалување на граничните вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци“ која е донесена на 42 седница на Владата и веќе на...

Шилегов ги повика граѓаните в понеделник да му дадат идеи против загадувањето

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги повика сите граѓани во понеделник во 12 часот да дојдат во просториите на Град Скопје и да му предложат идеи за решавање на проблемот со загадувањето. - Апелирам до секој граѓанин кој мисли дека има одржлива идеја за решавање на проблемот за загадување да дојде во просториите на Советот на Град Скопје во...

Ќе се формира координативно тело за борба против загадувањето во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин на вчерашната средба со заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули договорил формирање координативно тело за борба против загадувањето, во кое би учествувале сите скопски општини, Град Скопје и Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање. Соработката почнува во рамките на проектот „Пријави загадувач“, со цел да се опфатат сите правни субјекти, за...

ДОМ: Предлагаме итни мерки за загадувањето кои можат да се преземат денеска

Од партијата ДОМ преку соопштение предлагаат итни мерки против загадувањето на воздухот кои што може да се преземат денеска и среднорочни мерки за период од еден до три месеци. Како итни мерки од партијата предлагаат да се воведе пар-непар режим на возилата, бесплатен јавен превоз, забрана за тешки товарни возила низ град, забрана за возила под Еуро 4 стандард, затворање...

Руската амбасада и одговори на амбасадата на САД: „Турски тек“ е решение за загадувањето

„Турски тек“ е одговорот на Руската амбасада во Македонија на прашањето што амбасадата на САД го постави вчера на „Твитер“ и „Фејсбук“ во кое бара идеи за решавање за големото загадување во државата. Амбасадата на САД во Македонија вчера во објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ праша „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“. „Загадувањето на воздухот во...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се гушат, Шилегов и СДСМ мува не ги лази

Скопје се гуши, а Петре Шилегов и владата на СДС мува не ги лази. Нивото на загаденост на воздухот во последните неколку дена достигна досега невидени размери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите. „Додека граѓаните секојдневно се гушат во загадениот и за здравјето кобен воздух, за Петре Шилегов тоа е реално шоу. Истиот тој Шилегов до пред само два...

Шилегов: Иницијативата за децата да не се пуштаат на школо е политички мотивирана

Иницијативата на граѓаните за да не ги пуштаат децата на училиште, поради загадениот воздух е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега, одговори на новинарско прашање, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пред денешната дискусија за развивање интегриран пристап за заштита...

Во Скопје денеска не се гледа и не се дише од енормно загадување и магла

Утринава скопјани се разбудија во густа магла, намалена видливост и големо загадување на амбиенталниот воздух. Мерните станици на Министерството за животна средина, во скопското подрачје покажуваат енормно загадување на воздухот. Многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички има во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат. Во Миладиновци, Велес, Кавадарци и Куманово нивото на загадување е високо. Во Карпош утринава...

Голема загаденост на воздухот во Скопје

Воздухот во Скопје и утрово беше многу загаден. Концентрациите на ПМ10-честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прoсторно планирање се движеа од 129 микрограми на еден кубен метар во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат, до 230 микрограми на еден кубен метар во Лисиче. Според мерењата во Скопје, значителна загаденост на...

Kомуналните инспектори во Аеродром ќе работат во две смени

Од утре комуналните инспектори на Општина Аеродром ќе работат во две смени, секој ден од 8.30 до 22.30 часот, вклучувајќи ги и викендите, информираат од локалната самоуправа. . Како дел од проектот „Пријави загадувач“ за почист воздух во општината, ќе биде ангажирана целата инспекциска служба, односно осум комунални инспектори и четири комунални редари, а активирана е телефонска линија за пријавување загадувачи, ‎075/316-515. Од...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ не презема ништо за намалување на загадувањето

Владата на СДСM, која е шест месеци на власт, нема план и не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека Владата ги укинала корисните мерки, воведени од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. „По стапката на владата на СДС тргнаа и нивните градоначалници, кои по локалните избори почнаа со контра-мерки. Додека мерните...

Општина Карпош отвори телефонска линија за пријавување несовесни граѓани што загадуваат

Општина Карпош отвори телефонска линија за пријавување несовесно палење смет, гуми, кабли, пластика и друг токсичен материјал кој ја загадува животната средина. „За да дејствуваме превентивно против загадувањето на животната средина, ве молиме да ги пријавите несовесните граѓани кои палат смет, гуми, кабли, пластика и друг токсичен отпад“, велат од Општина Карпош. Граѓаните може да пријавуваат нерегуларности секој ден, во текот...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...