fbpx

Шилегов: Иницијативата за децата да не се пуштаат на школо е политички мотивирана

-

Иницијативата на граѓаните за да не ги пуштаат децата на училиште, поради загадениот воздух е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега, одговори на новинарско прашање, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пред денешната дискусија за развивање интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот, во рамки на проектот за УСАИД за граѓанско општество.

Тој додаде дека, „оваа иницијатива била политички мотивирана со цел да се дискредитираат локалната и централната власт во борбата против загадувањето“. Посочи дека, Скопје ја плаќа сметката за повеќедецениската целосна несериозност и негрижа за здравата животна средина.

– Градењето насекаде и на секој можен начин, масовното уништување на зеленилото особено во централното градско подрачје, некреирањето политики и стратегии во изминатиот период е данокот кој го плаќаат граѓаните за жал во средината во која што живееме. Има работи кои се направени со неповратна штета. Сопрен е протокот на воздухот – оцени Шилегов.

За мерките кои ги презема градот за да се реши проблемот со загадувањето, Шилегов потсети на акцијата што е почната за чистење на Скопје, дека се работи на нов концепт за јавен превоз, на усогласување на деталните урбанистички планови на општините со генералниот урбанистички план за да може, како што рече, да се стопира дивеењето во градежништвото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...