fbpx

Владата донесе серија итни мерки за заштита и намалување на загадувањето

-

Доколку во текот на два последователни дена концентрацијата на ПМ-10 честички надмине 200 микрограми на кубен метар воздух, и тоа на најмалку две мерни места ќе стапат на сила итни мерки. Тоа го предвидува најновата „Уредба за намалување на граничните вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци“ која е донесена на 42 седница на Владата и веќе на сила, објасни попладнево владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција.

Мерките предвидуваат Министерството за животна средина и Министерството за здравство во услови на такво загадување да ги ослободат од работа бремените жени, лицата над 60 години, лицата со хронична астма прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста, а исто така работното време на лицата кои работат на отворено да биде меѓу 11 и 17 часот.

Владата во моментов ја разгледува можноста за интервентна набавка на лична опрема за заштита од загадениот воздух, маски со филтри, како и прочистувачи за воздух за училишта, здравествени установи и градинки.

Итните мерки ќе значат и забрана за спортски натпревари и други манифестации на отворено, а ќе мора да се обезбедат услови за зголемена работа на службите за итна помош, за домашна посета и патронажната служба.

Владата со новата уредба налага општините да направат намалување на цената на билетот на градскиот превоз во периодот на големо загадување, а треба и да обезбедат бесплатен јавен превоз. Истовремено, ЈСП Скопје ќе треба да воведе зголемена фрекфенција на автобусите.

Секојдневно чистење на улиците и тротоарите, зголемени инспекциски контроли на градилиштата и кај ракувачите со отпадни масла и сервисите кои работат со промена на овие масла, како и обука во автошколите во одреден временски период, од 9.30 до 14.30 часот, како и по 18 часот, се исто така дел од предвидените мерки.

Во градот Скопје дотур на стока ќе може да се врши само до 7.30 часот наутро, а камионите чија дестинација не е Скопје не ќе смее да влегуваат во градот, туку ќе мора да ја користат обиколницата. Исто така најмногу до 7.30 часот градежните компании ќе смее да ги превезуваат градежните машини, а на градилиштата ќе мора да ги мијат гумите и возилата, како и да користат вода за да спречат да се крева прав.

Државниот инспекторат за животна средина ќе спроведува зачестена контрола на инсталациите со А дозвола, односно големите индустриски капацитети, како и на помалите, со Б дозвола, а големите ќе треба да го намалат производството за 50 проценти.

Владата ќе ги задолжи сите органи на државна управа, вклучително и агенции, бироа, фондови и јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост употребата на службените возила да ја намалат за 50 проценти, а истото ќе се препорача и на општините.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...