Таг: Вухан

таг: Вухан

Коронавирусот е изолиран многупати во повеќе различни земји

Изјавата на доктор Ву Цунју во видеото од постот што го рецензираме е извадена од контекст, односно таму тој зборува дека во конкретни примероци земени од пазарот во Вухан на почетокот на пандемијата  не го изолирале, односно не го нашле вирусот, а не дека воопшто не го изолирале коронавирусот. Во друг видеоматеријал од 8 декември 2020 година, истиот доктор...

Вистиномер: Бесмислени се тврдењата дека коронавирусот е создаден во Украина, па донесен во Вухан под закрила на НАТО

Коронавирусот првпат се појави во Кина и има докази дека е природен, а не вештачки и создаден во лабораторија. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран, а ова го потврди и СЗО. Тврдењето дека во Украина постојат лаборатории финансирани од САД во кои се произведуваат патогени се...

Првиот пациент со ковид-19 бил на пазарот за животни во Вухан, открива нова американска студија

Според нова студија на научник од САД, првиот пациент, односно „нултиот“ пациент со ковид-19 била продавачка на пазарот за животни во кинескиот град Вухан и таа е регистрирана на 11 декември 2019. Досега во голем дел се сметаше дека првиот пациент е маж, сметководител, регистриран на 8 декември, а кој немал поврзаност со пазарот за животни, посочува „Гардијан“. Студија направена...

Истражување на СЗО: Ковид-19 најверојатно потекнува од животно, но клучните прашања остануваат неодговорени

Заедничкото истражување на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина за потеклото на ковид-19 од Вухан покажа дека е „многу неверојатно“ вирусот да се појавил од лабораторија, а најверојатното од четирите сценарија што ги евалуирале истражувачите е дека вирусот SARS-CoV-2 што ја предизвикува болеста ковид-19 се пренел од лилјаците на луѓето преку друго животно, известува новинската агенција „Асошиејтед прес“ која...

ДФРЛаб: Кина промовира теорија на заговор обвинувајќи ги САД за ковид-19

Откако портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг, на прес-конференција изјави дека САД треба да испитаат дали ковид-19 потекнува од биомедицинскиот центар на американската армија „Форт Детрик“, во чии рамки работи и Агенцијата за биозаштита, во Фредерик, во сојузната држава Мериленд, профили на инфлуенсери и кинески државни медиуми оваа информација ја пренесоа на кинеската платформа за микроблогирање...

Кина го одби објаснувањето на Канада дека маиците со логото на Ву-Танг клан не се поврзани со корона вирусот

Продолжи дипломатскиот спор меѓу Кина и Канада околу нарачката на маици со изменето лого на хип-хоп групата Ву-Танг клан, а Пекинг го отфрли објаснувањето на Канада дека маиците не биле навреда поврзана со корона вирусот. Министерството за надворешни работи на Канада оваа недела објави дека маиците со логото „W“ на кланот Ву-Танг, но со името на групата заменето со „Вухан“...

Кина го блокира доаѓањето на тим на СЗО во Вухан за да се истражи потеклото на корона вирусот

Кинеските власти го блокираа доаѓањето на тим на Светската здравствена организација (СЗО), која што требаше да го истражува потеклото на корона вирусот и да се откријат повеќе детали околу почетоците на глобалната пандемија против ковид-19 во кинескиот град Вухан, пренесува „Гардијан“. Визите на претставниците на тимот на СЗО што треба да работи во кинескиот град Вухан не се одобрени од...

Кинеска новинарка што ја следеше епидемијата во Вухан доби четири години затвор

Независната кинеска новинарка Жанг Жан (37), која известуваше од градот Вухан во разгорот на епидемијата, е осудена на четири години затвор, јави Си-ен-ен. Жан, која е поранешен адвокат, е осудена за „предизвикување расправии и провоцирање проблеми“, соопшти еден од нејзините адвокати. Ваквото обвинение кинеската власт честопати го подигнува за дисидентите и активистите за човекови права. Жан, од Шангај отпатува во 650...

Нема доволно докази за тврдењата на кинески виролог дека корона вирусот е создаден во лабораторија

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Грчкиот сервис за...

Пчелниот отров сепак не е докажан лек против Ковид-19

Photo by Migco/Wikimedia Commons
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Трамп се закани на Кина, Австралија бара меѓународна истрага за ширењето на вирусот

Претседателот на САД, Доналд Трамп од прес-конференција во Белата куќа упати остро предупредување за Кина оти можеби „е одговорна за ширење на пандемијата на корона вирусот“. Во исто време, Австралија побара меѓународна истрага за Кина поради ширењето на корона вирусот и можна „нетранспарентност“ во поглед на бројките. – Пандемијата можеше да се запре во Кина пред да почне, но тоа...

Не се пронајдени лекови што лекуваат од Ковид-19 за 48 часа или за 72 часа

Намалена цената на лекови кои се купуваат во апетка, како и лековите за болничка употреба
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Не, во Кина не е изградена болница за само два дена

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Сензационалистичко ширење паника за коронавирусот

Текстот „Медицинска сестра од Вухан: Не излегувајте, не одете по забави, не јадете надвор, со коронавирусот се заразени 90.000, а не 2.700“ претставува ширење паника во јавноста, и е штетен сензационализам оти само пренесува непроверени материјали, пишува „КриТинк“. Објавувајќи го овој текст, медиумот непотребно шири паника, не ја проверил вистинитоста на тврдењето, туку само изнел поединечно мислење, создавајќи штетен сензационализам.Притоа...

Епидемија на дезинформации за корона вирусот во Србија и во Грција

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Бројката на починати од коронавирусот се искачи на 106, инфекцијата бргу се шири

Досега 106 луѓе починале од последиците предизвикани од коронавирусот, а бројот на новоинфицирани се зголемува секој ден. Во Кина вчера имало 4.515 инфицирани, што е блиску до двојно повеќе од претходниот ден, кога имало 2.835, јавуваат светските новински агенции. Во жртвите на коронавирусот е вброен и првиот случај во Пекинг и уште 24 смртни случаи за едно деноноќие во провинцијата...

Од денеска започнува пријавување за вакцинација против сезонски грип

Преку веб страницата vakcinacija.mk, од денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат во Министерството за здравство. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против...