fbpx
Таг: војна

таг: војна

Вистиномер: Вредноста на рубљата не пораснала за 100 проценти во еден месец

Објавата на Фејсбук датира од 28 април. На тој датум, рубљата, според престижниот „Блумберг“  во споредба со доларот била 72, односно за 1 долар сте можеле да добиете 72 рубљи. На 28 март, односно еден месец пред 28 април кога е објавен постот, таа вредела 94 односно за 1 долар сте можеле да добиете 94 рубљи. Ова значи дека...

Крвав Велигден во Украина – почнува третиот месец од руската инвазија

Денешниот ден е почетокот на третиот месец од руската инвазија на Украина, што донесе еден од најголемите ужаси на европска територија во 20. и 21. век, со десетици илјади мртви и милиони раселени, со многу населени места претворени во урнатини. Велигден за десетици милиони Украинци што се уште во земјата или се раселени во странство минува во знакот на војната,...

Џонсон: Путин никогаш нема да го освои духот на украинците, следната недела ја реотвораме бритaнската амбасада во Кијив

На денешната конференција со новинарите одржана во Њу Делхи, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон рече дека британската амбасада во Кијив повторно ќе биде отворена следната недела, пренесува Би-би-си. Џонсон ја истакна храброста и успехот на украинскиот претседател, војниците и народот и ја посочи нивната отпорност на руските сили како значајна за Обединетото Кралство да направи потег во следниот период. „Велика...

Вистиномер: Во Украина не биле запленети дронови кои содржеле агенси за предизвикување ковид-19

Униформираното лице кое се појавува на видеото вели дека беспилотните летала се опремени со контејнери кои можат да носат до 30 килограми течност, но не кажува дали течноста што се гледа во контејнерите е токсична хемикалија. Освен тоа, униформираното лице не носи никаква заштитна опрема додека е во близина на беспилотните летала, ниту пак го споменува коронавирусот, кој патем...

Вистиномер: Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

Армијата навистина ќе се поднови со возила и артилериски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема. Во  врска со ова од Владата за „Вистиномер“ одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се планирани во буџетот за одбраната за 2022 година,  кој е јавно достапен и е во...

Руските сили повторно го нападнале аеродромот во Днипро, Зеленски и Шолц разговарале за нови санкции

Володимир Зеленски
Руската војска повторно го нападна аеродромот во Днипро, уништувајќи го објектот и инфраструктурата во непосредна близина до него, јави украинската новинска агенција „Укринформ“. Ова го соопштил Валентин Резниченко, шеф на регионалната воена администрација. „Повторен напад на аеродромот во Днипро. Од него не остана ништо. Аеродромот и инфраструктурата во близина се уништени. А ракетите продолжуваат да летаат. Го разјаснуваме бројот на...

Курти за Си-ен-ен: Западен Балкан би можел да биде ново руско „бојно поле“

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за Си-ен-ен посочи дека во однос на војната во Украина, Србија воопшто не е неутрална туку е на страната на Руската Федерација. Според Курти, постои загриженост дека Западен Балкан би можел да биде ново руско „бојно поле преку нивните „прокси“ елементи - Србија или Република Српска“. Тој додаде дека на рускиот претседател порано или...

„Метаморфозис“: Меѓународниот ден на проверката на факти се одбележува во светло на војната во Украина

Фондацијата „Метаморфозис“ и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 2 април - Меѓународниот ден за проверка на факти кое се одвива во рамките на глобалната заедница, Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) во која членуваат организации од над 100 земји низ светот. Овојпат, одбележувањето е во сенка на војната во Украина, најголемиот воен судир на европско тло од Втората...

Би-би-си: Страшни докази укажуваат на воени злосторства на патиштата надвор од Киев

Снимките од руски војници како пукаат во човек со кренати раце на автопат надвор од Киев на почетокот на март го обиколија светот. Сега Русите се истиснати од областа и Џереми Боуен од Би-би-си беше да ги види мрачните последици од нивната краткотрајна окупација. Овој извештај содржи материјал што некои читатели ќе го сметаат за вознемирувачки Боуен изброи 13 тела на...

Путин бара Мариупол да се предаде за да престане гранатирањето, околу 170.000 жители се заробени без струја и без храна

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гранатирањето на опколениот украински град Мариупол ќе заврши само кога украинските војници ќе се предадат, јави Би-Би-Си. Путин ги кажа овие коментари за време на едночасовниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот вечерта, се вели во соопштението на Кремљ. Но, француските власти соопштија дека рускиот лидер се согласил да ги разгледа плановите...

Вистиномер: Невистинито е тврдењето дека Русија и Украина постигнале мировен договор и дека војната престанува

Иако од насловот од текстот што го рецензираме се подразбира како војната да прекинува и мировниот договор да е завршена работа, понатаму тоа се демантира, велеќи дека всушност станува збор за нацрт план „кој би требало да доведе до крај на војната”. Текстот инаку би требало да биде превод, односно пренесување на објавен текст во Фајненшл Тајмс, меѓутоа фактите...

Црногорски тинејџери објавија антивоена песна посветена на децата од Украина

Младите црногорски пејачи Милица Радан и Комнен Вуковиќ, заедно со подгоричкиот хор „Де-мол“, на 17 март објавија видео-спот за нивната антивоена песна „Вратите нам снове“ („Вратете ни ги сништата“) посветена на децата од Украина загрозени од војната. Со песната се упатува порака за прекин на војната и се промовира емпатија за страдањата на децата. „Запрете ги бомбите, вратете ни ги сништата сончогледите...

Украина повторно го презема клучното предградие на Киев, беснее битката за Мариупол

Украинските сили рекоа дека рано во вторникот го вратиле стратешки важното предградие на главниот град, додека рускиот напад врз јужното пристаниште Мариупол беснееше со несмалено темпо, при што цивилите кои бегаа опишуваат немилосрдни бомбардирања и жртви на улиците, објави Ројтерс. Додека руските сили продолжија со опсадата на Мариупол откако бранителите на јужниот пристанишен град ги одбија барањата да се предадат,...

Вистиномер: Ахмети не дал изјава за употребата на оружје во војната во Украина

Со пребарување на Интернет излегува само една вест во која се вели дека лидерот на ДУИ наводно изјавил: „Не можам да поверувам дека во 21 век некој ги решава проблемите со употреба на оружје!“. Но, никаде не пишува каде и кога Ахмети го кажал ова. Од ДУИ за „Вистиномер“ велат дека не се точни наводите дека Ахмети дал таква...

Конференција на Обединетите нации: Иако Јемен не е дел од главните наслови, не смееме да заборавиме на војната таму

Генералното собрание на Обединетите нации одржа вирутелна конференција со цел повторно да ги потсети своите членови за воената состојба во Јемен што непрекинато трае веќе седум години. „Можеби Јемен се повлече од главните наслови, но човечкото страдање на народот таму е сè уште присутно. Војната во Јемен трае 7 години, луѓето се соочуваат со смрт, глад, терор, уништување, поделби и...

УНИЦЕФ: Повеќе од 1,5 милиони деца ја напуштија Украина, голем ризик од експлоатација, злоупотреба и родово насилство

Војната во Украина претставува непосредна и растечка закана за животот и благосостојбата на 7,5 милиони деца во земјата. Хуманитарните потреби се множат од час во час додека борбите се интензивираат. Децата продолжуваат да бидат убивани, ранувани и длабоко трауматизирани од разорното насилство насекаде околу нив. Семејствата се преплашени, шокирани и очајни за безбедност, алармира УНИЦЕФ. „Сега, непосредната и многу реална...

Колегите на руската новинарка што упадна во вестите: Таа никогаш не зборувала за политика

Марина Овсјаникова, руската новинарка што вчера упадна во вестите на еден од најголемите руски телевизии со транспарент со кој побара да сопре војната во Украина, денеска се појави на суд. Таа успеа само неколку секунди да биде во вестите „Времја“ на „Прв канал“ пред да биде отстранета, но сепак беше видена од милиони руски гледачи. Нејзините колеги се многу изненадени од...

Уште еден животен сон згасна – во Украина убиена 21-годишна учесничка на олимпијади и натпревари

Јулија Здановска е 21 годишна Украинка која трагично го загуби животот минатата недела, за време на воздушните напади од страна на руската војска на вториот по големина украински град Харкив, во кој во периодот од 8 до 9 март беа извршени повеќе од 50 воздушни и артилериски напади. Таа во моментот се наоѓала во еден од волонтерските кампови како волонтер...

Украина денес: Русија го бомбардира Киев, загина 15 годишно девојче, ранет новинар на Фокс Њуз

Руското немилосрдно бомбардирање на Украина се приближи до центарот на Киев со серија напади што погодија станбена населба додека лидерите на три европски земји планираат храбра посета на Киев во знак на поддршка, пренесе АП. Лидерите на Полска, Чешка и Словенија објавија дека денеска ќе отпатуваат во главниот град на Украина во мисија на Европската унија за да ѝ дадат...

Сведоштво од Украина: Жени со бебиња чекаат по 30 часа на снег и виулици за да стигнат на безбедно

Хуманитарната волонтерка Алисон Томсон, која за време на бегалската криза во Грција им помагаше на многу луѓе кои бегаа од војната во Сирија, сега е во Украина. Нејзината мисија овој пат е да помогне во евакуацијата на сирачиња со посебни потреби, но и други деца кои останале без покрив на главата. Таа за Мета.мк раскажа низ каква голгота поминуваат децата...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...