Конференција на Обединетите нации: Иако Јемен не е дел од главните наслови, не смееме да заборавиме на војната таму

фото: Julien Harneis преку Wikimedia Commons

Генералното собрание на Обединетите нации одржа вирутелна конференција со цел повторно да ги потсети своите членови за воената состојба во Јемен што непрекинато трае веќе седум години.

„Можеби Јемен се повлече од главните наслови, но човечкото страдање на народот таму е сè уште присутно. Војната во Јемен трае 7 години, луѓето се соочуваат со смрт, глад, терор, уништување, поделби и сиромаштија во високи размери. Постојат илјадници цивили, барем 10 илијади деца загинаа. Милиони се соочуваат со огормен глад“, рече на почетокот на своето обраќање генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Гутереш посочи дека милиони луѓе се борат да преживеат сега кога економијата повторно западна во длабок очај, а конфликтот во Украина само ќе ја влоши таквата состојба:

„Со големиот раст на цените на храна, гориво и други неопходности. Милиони се соочуваат со огромен глад. Ова е трагедија. 20 милиони животи се наоѓаат во состојба на огромна сиромаштија“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутиереш

Тој ги повика присутните повторно да дадат свој влог на донации, потсетувајќи ги на нивниот минатогодишен залог од повеќе од 2 милијарди долари за луѓето во Јемен што им овозможни финансиска поддршка во секој месец од годината.

„Мора да се обединиме за да му помогнеме на народот. Потребна ни е вашата помош, почитувани претставници, да донираме. Нашата програма е дизајнирана да придонесе за помош на 17 милиони луѓе собирајќи 4.3 милијарди долари што ќе им донесе храна на 7 милиони луѓе, здрава вода и хигиена за 11 милиони луѓе, здравствена помош за 30 милиони луѓе, а од средствата ќе им се овозможи едукација и на 5 милиони деца“, порача генералниот секретар.

Оваа конференција беше одржана како резултат на светското внимание што во моментов е насочено само кон воениот конфликт меѓу Русија и Украина, кој трае веќе 22 дена. Како што беше кажано и на средбата на Обединетите нации, случувањата таму можат само да ја влошат ситуацијата во Јемен, особено и поради тоа што речиси една третина од пченицата што се увезува во Јемене доаѓа од Украина.