Таг: војна
таг: војна
Русија се соочува со истрага за воени злосторства, младите Руси протестираат против војната
Покрената е истрага за можни воени злосторства во Украина, откако Русија беше обвинета за бомбардирање цивили, објави Би-Би-Си.
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд рече дека се собираат докази за наводни воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.
Ваквиот потег на судот доаѓа откако 39 земји побараа да се отвори истрага.
Градовите, вклучително и главниот град Киев, Харков и Херсон беа под...
Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите
Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви.
Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои најмалку 2 деца, јави официјалниот...
НАТО: Нема потреба да се менува нивото на нуклеарна тревога
Шефот на НАТО вели дека Алијансата не гледа потреба да го промени нивото на тревога за нуклеарно оружје, и покрај заканите на Русија.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, зборуваше за Асошиејтед прес по разговорите за европската безбедност со полскиот претседател Анджеј Дуда, воздухопловната база во Полска, каде што се наоѓаат полските и американските борбени авиони на НАТО.
„Ние секогаш ќе...
Ковачевски: Земјава е безбедна, бараме итен прекин на воените дејствија
Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот Димитар...
И ноќеска битки, досега загинале 198 Украинци, од кои 3 деца
Во руската инвазија на Украина, што започна рано утрото во четвртокот, 24 февруари, досега животите ги загубиле 198 Украинци, од кои три се деца, соопшт утрово украинскиот министер за здравство, Виктор Љашко.
Во текот на изминатава ноќ се водеа борби меѓу украинските одбранбени сили и руските вооружени сили. Според украинската страна, успешно биле потиснати руски трупи кај воена база на...
[Галерија+Видео] Протест пред Руската амбасада во Скопје: „Путин е фашист“, скандираа присутните
Од плоштадот „Македонија“ во Скопје па сè до Руската амбасада денеска десетици граѓани се собраа на протест против руската воена инвазија врз Украина. Скопјани и граѓани од другите градови на земјата, како и Украинци кои живеат тука маршираа пеејќи украински песни и извикуваа „Путин е фашист, Путин е убиец“, додека на нивните транспаренти пишуваше „тргнете ги рацете од Украина,...
Во Киев поделени 18.000 автоматски пушки на доброволци да се вклучат во одбраната
Додека Киев татни од експлозии и од рафални истрели и многу луѓе се во скривалишта подготвени од украинската држава, а дел самостојно се евакуираа од главниот град на Украина, во северниот дел на градот уште се водат битки меѓу украинските одбранбени сили и руските војници и воена механизација што се обидуваат да напредуваат кон центарот на градот, каде се...
Се води битка за Киев, ракети паѓаат по улици и згради
Во северен Киев во моментов се одвива битка меѓу украинските одбранбени сили и руските војници, кои се обидуваат да се пробијат до центарот, односно до објектите на власта на Украина. Официјалните извештаи од терен се скудни, но на социјалните мрежи граѓани објавуваат видеа за руски ракети што паѓаат во населбите.
Во меѓувреме, разузнавачките служби на САД се загрижени дека Киев...
Во Киев влегуваат руски војници и тенкови, досега погодени 33 цивилни цели
Од рано утрово руската војска, која што 24 часа претходно ја почна агресијата на Украина, испалуваше ракети на главниот град Киев, а војници и колони руски тенкови неколку часа потоа почнаа да навлегуваат во градот.
Како што извести заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, нападите со ракети врз Киев почнале околу 4 часот по локално време (5 часот по...
Во Киев упатен повик до граѓаните да се засолнат, четири ракети истрелани од Белорусија кон Украина
Градските власти на Киев ги повикаа граѓаните итно да се засолнат поради руски воздушен напад, јави украинскиот медиум на англиски јазик „Кијив Индепендент“.
Киевскиот градоначалник Витали Кличко, поранешен светски боксерски шампион, вели дека граѓаните на Киев се шокирани од експлозиите во градот и побара Западот да се обедини за да ѝ помогне на Украина. Кличко прогласи полициски час од 22...
Жестоки борби во Харкив, украинската власт почнува да раздава оружје на заинтересираните граѓани
Руски тенкови се веќе влезени во Харкив, најголемиот град во североисточна Украина и втор по големина во Украина по Киев, јавува Би-Би-Си од Киев, повикувајќи се на извори од теренот.
Таму веќе се водат и копнени борби, а непријателот трпи загуби во жива сила, соопшти украинскиот генералштаб. Според Укринформ, украинските сили уништиле 6 авиони, 2 хеликоптери и десетици оклопни единици...
Русија навлезе од четири правци во Украина, загинаа најмалку тројца украински граничари
Најмалку тројца украински граничари се загинати во рускиот напад над Украина утрово, соопшти Украинската амбасада во Скопје. По ракетирањето и гранатирањето на цели во Украина, руски војници масовно навлегуваат во земјата од четири места, вклучувајќи го и Крим на југот. Во битките се вклучени и авијациите на двете земји. Во моментов пристигнуваат и првите извештаи за нанесени штети и...
Руските војски ја нападнаа Украина – експлозии во голем број градови низ земјата вклучувајќи го и Киев
Руската војска рано утрово, околу 5 часот по локално време ја започна воената инвазија на Украина. Земјата е нападната од повеќе правци, а експлозии има во повеќе градови, вклучувајќи го и главниот град Киев.
Самата инвазија ја најави претседателот на Русија Владимир Путин во ТВ обраќање утрово. Тој иако тврдеше дека нема да ја окупира Украина, додаде дека секој обид...
Израелските сили со најобемни бомбардирања на Појасот Газа досега
Израелските сили утринава спроведоа жестока кампања на напади, со огромен број бомбардирања на Појасот Газа од почетокот на новите воени судири пред една седмица. Палестинските сили возвратија со ракетни напади врз населени места на југот на Израел, јави Би-би-си.
Израел порача дека гаѓал цели на милитантната палестински организација Хамас и домови на неколку нивни команданти, но нанесени се и штети...
Над 220 загинати лица во еднонеделните судири меѓу Азербејџан и Ерменија, конфликтот ескалира
Ескалираат судирите меѓу Азербејџан и Ерменија околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Војските на двете страни меѓусебно се обвинуваат за жестоки гранатирања на населени места, кои резултираат со сè поголем број на загинати и повредени граѓани. Ерменија и властите на непризнаената република Нагорно-Карабах обвинуваат дека азербејџанската војска со турски ракетни системи го нападнала главниот град Степанакерт. Уништени се станбени згради, а...
Само српски „Спутник“ виде албанска војна во Македонија
Изданието на српски јазик на новинската агенција „Спутник“ (која е во сопственост на руската држава) неодамна (06.02.2020) излезе со спектакуларен наслов „Албанска војна во заднина на кампањата во Македонија“.
Ваквото тврдење, искажано во насловната конструкција, но и во содржинскиот дел на текстот, каде се наведува дека меѓу партиите на Албанците во Македонија се води „вистинска мала војна“, нема никаква допирна...
Многу злоупотреби и манипулации со „хибридниот напад“, велат владини извори
Во македонската јавност се разви дебата околу значењето на терминот „хибриден напад“ откако советникот на премиерот Заев, Марјан Забрчанец, на конференцијата е-општество обелодени дека властите откриле злонамерен повик од страна на непознати сторители со премиерот Заев кои се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко.
Јавноста со сигурност во последно време е позапознаена со терминот „хибридна војна“ или „хибридна закана“,...
Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна
Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда.
Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето.
Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на правилата и...
Македонскиот „усташ“, Игор Југ и сопругата бараат поддршка од Хрватите
Хрватскиот портал „7Дневно“ објави денеска статија за Игор Југ, објавувајќи и негова песна на хрватски јазик во која тој порачува дека е пред сè македонски а потоа и хрватски патриот и ја бранел Македонија. Како свои херои, во песната тој ги посочува Владо Черноземски, атентаторот на српскиот крал Александар Први Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција, во 1934 година, како и...
ОН: Материјалната штета од војната во Сирија е 345 милијарди евра
Војната во Сирија, која трае повеќе од седум години, предизвикала материјална штета на околу 345 милијарди евра, соопшија Обединетите нации (ОН).
Проценката беше објавена во Бејрут по состанокот на кој учествуваа 50 сириски и меѓународни стручњаци на ОН.
Од таму велат дека за време на војната се уништени различни објекти во вредност од повеќе од 334 милијарди евра. Целиот извештај ќе биде...