fbpx

„Метаморфозис“: Меѓународниот ден на проверката на факти се одбележува во светло на војната во Украина

-

Фондацијата „Метаморфозис“ и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 2 април – Меѓународниот ден за проверка на факти кое се одвива во рамките на глобалната заедница, Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) во која членуваат организации од над 100 земји низ светот.

Овојпат, одбележувањето е во сенка на војната во Украина, најголемиот воен судир на европско тло од Втората светска војна кој во своето шестнеделно траење одзеде илјадници животи на двете страни и расели над 4 милиони жители на Украина.

За оваа војна се вели дека е медиумски најмногу покриена досега, што се должи на подемот на социјалните мрежи, но како што истакнува фондацијата, за првпат во историјата на човековото војување, војната во Украина се одвива под будното око на организирана меѓународна заедница на проверувачи на факти, чија главна мисија е вистината да не биде првата жртва во моментот кога ќе почнат да летаат куршумите.

Речиси паралелно со почетокот на воените дејствија, проверувачите на факти се организираа и преку иницијативата #UkraineFacts од едно место ги направија достапни своите истражувања и анализи, овозможувајќи ѝ на меѓународната јавност брзо и едноставно да биде информирана за тоа кои се дезинформациите што кружат во медиумите, на социјалните мрежи, обидувајќи се да ја разретчи „маглата на војната“, која отсекогаш се насобира веднаш штом оружјето го зема приматот пред политиката во односите меѓу државите.

Проверувачите на факти, при создавањето на #UkraineFacts, го искористија претходно стекнатото искуство при почетокот на ковид пандемијата, кога беше стартувана иницијативата #CoronaVirusFactsAlliance, преку која меѓународната јавност беше информирана за бројните дезинформации, сѐ со цел да го заштитат јавното здравје и во своите земји. Тоа се одвиваше на голаблно ниво, осоебно во првите недели и месеци од пандемијата, кога дезинформациите наголемо ширеа страв, паника, несигурност, гнев, но и опасни лаги кои понекогаш чинеа и човечки животи.

Вистиномер, како член на IFCN, заедно со своите сестрински медиуми во издание на Фондацијата Метаморфозис – агенцијата Мета и порталот Порталб полноправно учествува во сите овие меѓународни иницијативи, упорно работејќи на промоција на фактите, раскринкување на дезинформациите, разобличување на теориите на заговор и расветлување на измамите кај медиумите и на социјалните мрежи. Само во изминатите 6 недели од почетокот на војната во Украина, Вистиномер веќе има објавено речиси 50 дебанкирања на најразлични дезинформации поврзани со оружениот судир.

Во текот на идната недела проверувачите на факти од Фондацијата „Метаморфозис“ на социјалните мрежи ќе го одбележат 2 април преку свои лични видео записи. Неговото одбележување во рамките на панелите на IFCN, кои исто така ќе се одржат следната недела и на кои ќе се дискутира на најразлични теми од интерес на проверувачите на факти ќе има и онлајн пренос за кој регистрацијата може да се направи ТУКА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...