fbpx

Колегите на руската новинарка што упадна во вестите: Таа никогаш не зборувала за политика

-

Марина Овсјаникова, руската новинарка што вчера упадна во вестите на еден од најголемите руски телевизии со транспарент со кој побара да сопре војната во Украина, денеска се појави на суд.

Таа успеа само неколку секунди да биде во вестите „Времја“ на „Прв канал“ пред да биде отстранета, но сепак беше видена од милиони руски гледачи.

Нејзините колеги се многу изненадени од ваквата постапка на Овсјаникова, велејќи дека ништо во нејзиното однесување не сигнализирало дека таа би можела да направи толку храбар истап, пишува „Њусвик“.

Овсјаникова работела како уредник во редакцијата за меѓународни вести на Прв канал.

Независната новинарка Фарида Рустомова во блог-пост, пренесен од независниот медиум „Медуза“ напиша оти нејзините колеги и кажале дека биле „многу изненадени од нејзиниот настап, бидејќи никогаш не ја слушнале да зборува за политика“. Еден од нејзините колеги рекол дека таа зборувала „најмногу за децата, кучињата и за домот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...