fbpx
Таг: влада

таг: влада

ДС го повика Иванов да го даде мандатот на Заев за состав на влада

Демократскиот сојуз го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска да му го додели мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој доби поддршка од 67 пратеници во Собранието. Од партијата велат дека состојбите во државата можат „драматично да се усложнат доколку парламентот и понатаму е без претседател, владата е техничка и со четири пратеници во неа,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е уценета партија, а цената ќе ја плати Македонија

„Прифаќањето на платформата од Тирана е класична уцена. СДСМ е уценета партија, но трагедијата е во тоа што цената на крајот ќе ја платат Република Македонија и македонскиот народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Затоа ВМРО-ДПМНЕ му понуди на СДСМ да ја отфрлат уцената и платформата од Тирана и да се откаже од редефинирање на Република Македонија и од нејзино...

Величковски – Тимоние: Стабилноста на Македонија зависи од демократијата во земјата

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која Величковски го реафирмирал ставот на партијата дека „евро-атланскиот и европскиот пат на Македонија оди заедно со владеењето на правото, остварувањето на правата на човекот и на граѓанинот и со борбата со криминалот и со корупцијата“. - Денес не е доволно да...

Европскиот парламент бара транспарентна транзиција на власта и попис

Со 54 гласoви „за“ и со осум „против“, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ја усвои предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година, јавува МИА. Европратениците претходно усогласија 28 компромисни амандмани и денеска сите ги усвоија, а во нив се содржани и термини „Македонија“, „македонски“, но, исто така, и предвидување дека македонската...

Заев на средба со Жбогар: Посветени сме на формирање реформска влада во Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, со кој разговарал за процесот на формирање ново парламентарно мнозинство и за формирање на новата влада во Македонија. Заев на Жбогар му соопштил дека на претседателот Ѓорге Иванов му предал 67 потписи и дека очекува тој во најкус можен рок да го добие мандатот...

ДУИ денеска ќе решава дали ќе влезе во владата, Заев ќе побара мандат

Според најавите од петокот, кога портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, соопшти дека денеска партијата треба да реши дали ќе биде дел од владата што ќе ја формира СДСМ, на кој му ги даде потписите, јавноста очекува произнесување од Мала Речица.  Партијата треба да реши дали ќе влезе во влада со СДСМ или ќе остане опозиција, која ќе дава поддршка...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го поддржиме Заев, ако се откаже од редифинирање на државата

„Време е за искреност. Време е СДСМ да покаже дали е за унитарна и единствена Македонија или е за Македонија скроена по платформата од Тирана. Време е СДСМ да покаже на дело дали љубовта кон татковината е поголема од желбата за власт по секоја цена“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ. Во него се додава дека...

Игор Коруноски е нов директор на „МЖ-Транспорт“

Директорот за одржување влечни средства, Игор Коруноски, е новиот директор на „Македонски железници-Транспорт“. Владата го назначи на местото на Никола Костов кој пред неколку дена си поднесе оставка. Состојбата во железничкиот сообраќај сè уште не е решена, па патничките и товарните возови веќе една недела не сообраќаат поради штрајкот на вработените кои си ги бараат заостанатите плати. Владата обезбеди 70 милиони денари...

Делегации на партии и на институции положија цвеќе на гробот на Борис Трајковски

Делегација на СДСМ, во состав Диме Велковски, Цветанка Ласкова и Дарко Давитковски, положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски, на 13-годишнината од неговата смрт. - СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Македонија, кој посветено работеше на соработка и на заедништо и отвори нови перспективи...

Хан: Откако се собраа доволно потписи очекуваме претседателот да го даде мандатот

„Откако се собраа доволно потписи за пратеници, со нетрпение ги очекуваме следните чекори. Сега очекуваме претседателот да му даде мандат за формирање на нова влада на кандидатот од партиите што имаат мнозинство во Собранието, во согласност со Уставот“, се вели во изјавата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на веб-страницата на Европската комисија, откако ДУИ синоќа...

Заев: По 11 години режим, ќе формираме демократска и реформска влада

„Чест е моја и на СДСМ, што по речиси 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска влада на Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска влада на која, приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако централниот одбор на партијата го утврди неговиот избор за мандатар...

Централниот одбор на СДСМ почна да заседава, се очекува избор на Заев за мандатар

Централниот одбор на СДСМ почна да заседава во седиштето на партијата, каде што се очекува членството на партијата да го избере претседателот Зоран Заев за мандатар за состав на новата влада. Неофицијално, на состанокот ќе се разгледува единствено оваа точка. Синоќа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, информираше дека партијата ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но дека тие потписи...

ДУИ реши, потписите ќе ги даде на СДСМ

Централното претседателство на ДУИ, по повеќе од 10 часа заседавање, вечерва донело одлука да ги даде потписите на СДСМ, пред малку во Мала Речица, пред партиското седиште соопшти Бујар Османи, портпаролот на ДУИ.

В понеделник ДУИ ќе реши дали ќе влезе во владата или ќе поддржи малцинска влада

Централното претседателство на ДУИ денеска дебатира помеѓу две опции, едната е за учество во новата влада, а другата за поддршка на малцинска влада, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Тој додаде дека најважната пречка - законот за употреба на јазиците - е надмината и тоа е став кој е усогласен помеѓу ДУИ и СДСМ. На новинарско прашање што се подразбира под...

Ахмети: Ќе разговараме за опцијата да останеме во опозиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред почетокот на средебата на централното претседателство на партијата, рече дека е мала можноста да има договор денеска. На новинарско прашање дали денеска ДУИ ќе донесе конечно решение за доделување на потписите за формирање влада, Ахмети вели дека една од опциите е ДУИ да остане во опозиција. - Денеска ќе разговараме околу опциите за ДУИ да...

ВМРО-ДПМНЕ до Данкан: Ќе има тензија, нашите гласачи и членството се вознемирени

„Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на принципот 'победникот со победникот', затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас. Ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но...

Директорот на „МЖ – Транспорт“, Никола Костов поднел оставка

Генералниот директор на „Македонски железници - Транспорт“, Никола Костов, си поднел оставка, јавува телевизија „Телма“. Информацијата за овој медиум ја потврдил неговиот колега, директорот на „МЖ - Инфраструктура“, Ирфан Асани. „Мета“ се обиде да стапи во контакт со Костов, но тој не одговори на пораката со прашање за оставката. Вработените во „Македонски железници“ штрајкуваат веќе шести ден, поради што патничкиот и товарниот...

Заев: На почеток на март ќе имаме нова влада предводена од СДСМ

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера донесе одлука да ни ги даде потписите за добивање мандат за составување влада, која ќе биде формирана во првата половина на март, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата во Сараево, на заедничката прес-конференција со лидерот на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ. - Знам дека раководството на ДУИ синоќа донесе...

Груевски: СДСМ и ДУИ сакаат да направат „дефакторизација“ на македонскиот народ

„СДСМ и ДУИ сакаат да направат „дефакторизација“ на македонскиот народ. Она што сега се случува, покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја редефинира Македонија. Но, морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе стојат цврсто во која било ситуација на браникот и одбраната на државата и националните интереси“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

Владата ќе им помогне на „Македонски железници“ со 70 милиони денари

Владата на последната седница донела одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво, директна помош за оперативното работење на „Македонски железници“, соопшти Министерство за транспорт и врски. Со одлуката, како што се наведува во соопштението, се овозможува да се подобри состојбата со која изминатиот период се соочува „МЖ Транспорт“ и да се помогне за деблокада...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...