fbpx
Таг: влада

таг: влада

СДСМ: Очекуваме одговорно и државничко однесување од страна на институциите

„Институциите на системот не смеат да ги попречуваат народните избраници да го побараат мандатот за формирање влада. 67 пратеници, кои претставуваат околу 700.000 граѓани, очекуваат Собранието и Ѓорге Иванов да одговорат на своите уставни должности и да го овозможат доделувањето на мандатот“, велат од СДСМ. „Граѓаните во Македонија очекуваат стабилизација и напредок. И меѓународната заедница испрати јасна порака дека во демократијата...

Синдикатот на „Југохром“ бара итна средба со Димитриев

Синдикатот на „Југохром Алзар - Јагуновце“ бара итна средба со техничкиот премиер, Емил Димитриев, поради ситуацијата со комбинатот, чии печки се исклучени поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица. Од синдикатот реагираат на игнорирањето од страна на Владата на нивниот последен допис и бараат средбата со Димитриев да се случи најдоцна в понеделник. Оттаму наведуваат дека за утре, синдикатот...

Лавров се надева дека Западот ја сфаќа опасноста од дестабилизација на Македонија

Москва се надева дека западните земји ја сфаќаат опасноста од обидите за дестабилизација на ситуацијата во Македонија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува „Спутник“. Според Лавров, чудно е што Балканот се перципира како регион на руски „провокативни активности“, а секои нормални релации меѓу Русија и балканските земји предизвикуваат загриженост кај Западот. – Сегашната ситуација во Македонија е...

Заев за „Вечерњи лист“: Иванов е должен да го почитува гласот на 700.000 граѓани

„Очекувам претседателот на Собранието да биде набргу избран и да го извести Ѓорге Иванов дека во согласност со Уставот е должен веднаш да ми го даде мандатот. A потоа уверен сум дека новата влада ќе биде составена во многу покус рок отколку што предвидува Уставот и дека многу побргу ќе излезам со составот на новата реформска влада“, вели лидерот...

Груевски за „Вечерњи лист“: Одлуката на Иванов е мудра и во корист на народот

Одлуката на претседателот Иванов е мудра, таа е во корист на македонскиот народ и не би смеела да доведе до подлабока криза, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, на прашањето дали одлуката на Иванов за недоделување на мандатот би можела да ја вовлече земјата во граѓанска војна. - Земјата влезе во криза поради договорот меѓу...

ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се спаси, Заев ја жртвува Македонија

Гласот на народот не смее да биде изманипулиран од аболираниот Зоран Заев, кој поради криминалот во кој е заглавен, прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање на влада по нотите од Тирана, се вели во редовното утринско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Целта за растурање на Македонија постои речиси цела деценија, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори однадвор во аболираниот Заев...

Заев: Не е прифатлива широка коалиција со Груевски, тој треба да се подготви за опозиција

Никола Груевски треба да биде подготвен да премине во опозиција и да се случи демократско предавање на власта затоа што зад нас стојат 67 пратеници, односно 700.000 гласови, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Ал Џезеира Балканс“. - Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и...

Заев на средба зо Јазбец: Oчекувам да биде избран новиот претседател на Собранието

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец, при што разговарале за процесот за формирање нова влада во Македонија. Заев го информирал амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и на Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата. - Ја...

Кој е шеф кога Иванов е на пат, а нема претседател на Собранието?

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска и утре е во официјална работна посета на Азербејџан, во време кога Македонија се наоѓа во длабока политичка криза и во тензична атмосфера со блокирани институции, откако тој одби да му го даде мандатот за составување влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Медиумите најавија и посета на Иванов на Австралија кон крајот на месецов,...

СДСМ: Ако е за унитарност, ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи програмата на новата влада и СЈО

Ги повикуваме Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ако се за унитарна, суверена Македонија во која функционира правдата, јасно да ја поддржат програмата на новата влада на Македонија и работата на Специјалното јавно обвинителство, да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека...

Шилегов: Неделава консултации за продолжување на конститутивната седница, потоа предлог до Иванов

„Ѓорге Иванов и Никола Груевски се единствените пречки за формирање нова влада. Иванов со одолговлекувањето да го даде мандатот за влада, го штити Никола Груевски и криминалното раководство од волјата на мнозинството граѓани, односно нова реформска влада“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на СДСМ по денешното соопштено од...

СДСМ: Програмата на новата влада е гаранција за унитарноста

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што работат спротивно на државните и национални интереси на граѓаните на Република Македонија, преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и со меѓународната демократска јавност, во обид да се спасат од одговорност за сторените криминали и злоупотреби, се огласи СДСМ денеска во одговор на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите...

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се закана за унитарноста на Македонија и за единството на граѓаните

Заробени во историјата, омразата и во лицемерството, со желба за спас на криминалот и на личните богатства, токму ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и неговите соработници се единствената закана за унитарноста на државата и за единството на граѓаните, порачува СДСМ во одговорот на прес-конференцијата на Антонио Милошоски, по обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до јавноста. „Квалитетниот живот за сите граѓани, суверенитетот и...

Заев: Еве ја програмата, граѓаните нека се вратат дома, а Иванов нека ја оцени

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја претстави новата програма на идната влада, која, како што рече, произлегува од предизборната програма „План за живот“ на СДСМ, но и на програмите на партиите за кои гласале мнозинството граѓани. Тој ги повика партиите - партнери во коалицијата да ја оценат, опозицијата да ја искоментира, претседателот Иванов да ја преиспита одлуката за мандатот, а граѓаните...

Мисија на САД во ОБСЕ: Разочарани сме од Иванов, бараме да ја преиспита одлуката

Соединетите Американски Држави се разочарани што претседателот Иванов одби да им понуди можност да ја формираат новата влада на претставниците што имаат јасно парламентарно мнозинство и бара од него да ја преиспита својата одлука, стои во соопштението од обраќањето на шефицата на Мисијата на САД во ОБСЕ, Кејт Брнс, во врска со политичката ситуација во Македонија. - Заедно со нашите...

Париз бара да се почитуваат Уставот, резултатите од изборите и демократските принципи

Уставот, резултатите од парламентарните избори од 11 декември 2016 година и демократските принципи треба да се почитуваат, вели во изјава за актулената политичка состојба во Македонија, државниот секретар на Франција за европски прашања, Арлем Дезир. „Франција со големо внимание ги следи најновите политички случувања во Скопје. Ние ја поддржуваме заложбата на високата претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика...

Арифи: Ќе се бара некое законско решение за распишување на локалните избори

Албанците не се проблем во земјава и платформата на Албанците е во рамки на Уставот и на законите. Ова е одговорот на потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, на новинарско прашање околу влошената политичка ситуација во Македонија, откако претседателот Ѓорге Иванов не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за составување влада. Таа додаде дека ДУИ, како партија, останува...

Oсмани: ДУИ ќе влезе во владата на СДСМ

Демократската унија на Албанците на седницата на централното претседателство одлучи да учествува во новата влада предводена од СДСМ, образложи портпаролот Бујар Османи по полноќ. – ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата. Бараме Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев - рече Османи во текот на состанокот на централното претседателство...

Данкан: 67 од 120 е јасно мнозинство, Иванов треба да ја преиспита одлуката

Со порака претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да ја преиспита својата одлука да не му го додели мандатот на Зоран Заев, се огласи и британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан. „67 новоизбрани пратеници кои претставуваат различни заедници во Македонија побараа да формираат влада. 67 од 120 е јасно мнозинство. Претседателот Иванов треба да си ја преиспита одлуката“, е...

Ахмети: Kризата може да се надмине само со политички средства, а не со протести

Пред почетокот на седницата на претседателството на ДУИ, лидерот на партијата, Али Ахмети, изјави дека лидерството на ДУИ денеска ќе разговара за формирањето на владата и за уставните можности за конституирање на парламентот. - На седницата ќе се зборува за актуелната политичка состојба, за надминување на политичката криза и за формирање на државните институциите, зашто ескалацијата на состојбите не оди во...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...