fbpx

Ахмети: Kризата може да се надмине само со политички средства, а не со протести

-

Пред почетокот на седницата на претседателството на ДУИ, лидерот на партијата, Али Ахмети, изјави дека лидерството на ДУИ денеска ќе разговара за формирањето на владата и за уставните можности за конституирање на парламентот.

– На седницата ќе се зборува за актуелната политичка состојба, за надминување на политичката криза и за формирање на државните институциите, зашто ескалацијата на состојбите не оди во прилог никому. Ќе се разговара и за понатамошните чекори на ДУИ околу формирањето на владата и за уставните можности за конституирање на парламентот – рече Ахемти.

На новинарско прашање дали треба народот да се плаши од ескалации, тој рече дека политичката криза може да се надмине само со политички средства, а не со протести.

– За евентуална ескалација, ние не треба да се плашиме ниту од политичките партии ниту, пак, од поединци, но сите треба да покажеме одговорност. Политичката криза може да се надмине само со политички средства, а не со протести – додаде Ахмети.

Лидерот на ДУИ истакна дека партијата ќе консултира експерти околу формирањето влада и собрание, па потоа ќе донесе одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...