Со порака претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да ја преиспита својата одлука да не му го додели мандатот на Зоран Заев, се огласи и британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан.
„67 новоизбрани пратеници кои претставуваат различни заедници во Македонија побараа да формираат влада. 67 од 120 е јасно мнозинство. Претседателот Иванов треба да си ја преиспита одлуката“, е пораката од Данкан објавена на веб-страницата на британската канцеларија за надворешни работи.
Алан Данкан беше во Скопје од 22 до 24 февруари, кога се сретна со политичките лидери и со претседателот Иванов, при што ги поттикна водачите кон напори за формирање влада и за ставање крај на политичката криза. Истовремено, тој ја нагласи потребата од напредок во процесот на реформи.