fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го поддржиме Заев, ако се откаже од редифинирање на државата

-

„Време е за искреност. Време е СДСМ да покаже дали е за унитарна и единствена Македонија или е за Македонија скроена по платформата од Тирана. Време е СДСМ да покаже на дело дали љубовта кон татковината е поголема од желбата за власт по секоја цена“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „доколку СДСМ одлучи да се откаже од платформата од Тирана и ги отфрли непринципиелните уцени за редефинирање на државата, тогаш ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Граѓаните не гласаа за официјализирање на албанскиот јазик, за менување на банкнотите, за претворање на Македонија во бинационална држава, за нејзина кантонизација или федерализација. Прифаќањето на плановите за редефинирање на Македонија се очајнички обид на Зоран Заев да ја изигра волјата на народот и да дојде на власт без да победи на избори – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека „во 2004 година беше донесен Законот за територијална поделба само да се дограбат до некој глас повеќе кој би им ја донел функцијата претседател“.

– Последиците ги гледаме и 13 години подоцна. Државните и национални интереси секогаш ни биле и ќе ни бидат пред сè. Затоа сме подготвени да ја поддржиме желбата на Заев да формира влада, под услов да се откаже од агендата за разнебитување на државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...