fbpx
Таг: вакцини

таг: вакцини

МЗ: 35 проценти од вкупното население примиле две дози

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство. Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна...

Вистиномер: 5Г мрежата нема никаква врска со вакцините

Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува, па дури и идеите дека со непостоечките чипови ќе се контролира мисловниот процес на индивидуата која е вакцинирана - не e поткрепена со никакви факти и е невтемелена во реалноста. 5Г технологијата...

Целосно вакцинирано 35 проценти од населението, 38 отсто со една доза

Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза. Оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8200 ученици од основните и средните училишта кое ќе се одвива по случаен избор од...

Вистиномер: Сатиричен пост – од ковид вакцина не може да се забремени

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на еден сатиричен пост на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост. Тоа е една од...

Вистиномер: Зголемениот број на заразени и починати не е резултат од вакцинирањето

Со гледање на пошироката слика и земајќи го предвид контекстот на презентираните бројки, никако не може да се изведе заклучок дека вакцините се виновни за бројот на заболени или починати. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината штити од тежок тек на болеста и во висок процент спречува развивање на тешка...

Вистиномер: Нема докази дека во Белгија сè повеќе млади „паѓаат“ од вакцините

Во продолжение ја пренесуваме новата анализа на „Вистиномер“ за една дезинформација што се распространува преку Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е...

Вистиномер: Вакцините функционираат, никој не тврди дека се 100 отсто ефикасни

И невакцинираните и вакцинираните можат да заболат и да го пренесат вирусот, со тоа што разликата во исходот од болеста може да биде многу поразлична за овие две групи. Сепак, најголемиот ризик за трансмисија е меѓу невакцинираните, за кои е поверојатно да заболат и да го пренесат вирусот. Ниту една одобрена вакцина против ковид-19 не е 100 отсто ефикасна...

Трета доза вакцина против ковид ќе може да примат сите граѓани

Националниот Комитет за имунизација препорачува трета доза на вакцина против ковид да добијат сите граѓани без оглед на возраста, како и на тоа, дали имаат или немаат хронични болести, а се во значаен ризик заради фрекфентните контакти. Ова денеска го најавија министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на комитетот, проф. д-р Александра Грозданова. - Препорачувавме бустер доза за граѓаните...

Вистиномер: Цела пандемија теоретичарите на заговори дезинформираат за ,,пландемија”

Во постот што го рецензираме, изнесени се купишта дезинформации, како таа за ПЦР тестот, но и тврдењето дека политичарите лажно се вакцинирале. Целата теорија на заговор за „непостоечката пландемија“, се врши и врз грбот на медиумите, кои во текот на пандемијата известуваа секојдневно од многу ризични локации, како болници, ковид одделенија, црвени зони, гранични премини каде што во снег...

Грозданова: Комбинирање на вакцините против ковид-19 дава поширок имунолошки одговор

Вакцините за заштита од ковид-19 и по појавата на Делта сојот обезбедуваат висока заштита од вирусот, ја намалуваат потребата од хоспитализација и компликации од болеста, a нивната комбинирана употреба може да создаде поширок  имунолошки одговор, истакна професорката Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација во неделната онлајн дискусија организирана во Лекарска комора на РСМ. „Според студиите објавени во стручни списанија со...

Вистиномер: Нема докази дека во вакцините против ковид има графен оксид, нерѓосувачки челик и алуминиум

Во ниту една листа на состојки на вакцините кои се јавно достапни, нема наведено дека содржи графен оксид, нерѓосувачки челик или друга супстанца. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница, ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија, пишува „Вистиномер“ во анализата...

Вистиномер: Никој не е принуден да прими трета доза вакцина

Многупати кажан факт е дека вакцинацијата против ковид-19 во Северна Македонија е на доброволна база, исто како и најавената трета доза од вакцината на Фајзер/Бионетек, за која повторно се дадени само препораки и со ништо не е условена, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Фесјбук пост, којшто се споделува по групи кои се противат на вакцинацијата...

Вистиномер: Лага е дека германски патолог прави 40 обдукции дневно

Тврдењето на Ширмахер дека 30 до 40 проценти од луѓето чии тела ги обдуцирал, починале како последица на вакцината, како што самиот вели, е негова претпоставка. Но, во текстот што го рецензираме тоа е претставено како да е факт. Исто така, во текстот лажно се пумпа бројот на направени обдукции на вакцинирани починати, наместо 40 вкупно, се тврди дека...

Прва доза вакцина примиле помалку од една третина од граѓаните на возраст од 18 до 39 години

Гостивар со 33,4 отсто, Дебар со 34,1 отсто и Струмица со 34,8 отсто се општините во земјава кои имаат најмал процент на вакцинираност на населението против ковид-19. Загрижувачка стапка под 40 отсто вакцинирани лица барем со прва доза вакцина имаат и Куманово, Виница, Кратово и Радовиш. Ова го покажуваат бројките на Министерството за здравство, кои велат дека заклучно со...

Вистиномер: Вакцините против ковид не содржат чипови

Постот шири лажни информации оти вакцините содржат некаков чип. За ваквите тврдења не постојат никакви научни докази и тие се шират заедно со разноразни теории на заговор, поврзани со вакцинацијата против ковид-19. Објавеното видео, кое наводно докажува дека вакцинираните луѓе имаат чипови преку кои владите ги следат, всушност, е шега на ИТ специјалисти, па оттука и не може да...

Вчера се ставени 6.897 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани,...

Вистиномер: Коронавирусот е вирус, а не „токсични наночестички“ фрлани од небо!

Наспроти тврдењето во постот дека коронавирусот не постои, тој е изолиран во лабораторија како вирус на 7 јануари 2020 година. Вирусот се шири од устата на инфицирано лице или од течноста во носот кога инфицирано лице кашла, кива, зборува, пее или дише. Тековните докази наведуваат дека вирусот се шири главно меѓу луѓе што се во близок контакт, типично во...

Вистиномер: Вакцинираните со една доза не се целосно вакцинирани, имунитетот не се создава инстантно

Не е точно дека вакциниран со една доза е целосно вакциниран. Тоа едноставно не е така никаде во светот и претставува медицински непоткрепено тврдење бидејќи имунитетот после една доза е слаб. На имунолошкиот систем му треба време да функционира и тоа време е оценето од светски експерти 14 дена после втората доза. Не постои ниедна статистика која го потврдува...

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини на „Фајзер-Бионтек“ преку Ковакс-механизмот

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс-механизмот, велат од Министерство за здравство. „До крајот на годината, преку Ковакс-механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани...

Вистиномер: Дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме објава на Фејсбук во која се изнесени бројни дезинформации и недоследности поврзани со вакцините...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...