Вчера се ставени 6.897 вакцини

Фото: Мета.мк

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани, соопшти Министерство за здравство (МЗ).

Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 отсто од населението на возраст 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, порачува МЗ.