fbpx
Таг: вакцини

таг: вакцини

Вистиномер: Лага е дека медицинските лица во Австралија намерно ги убиваат невакцинираните

Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот. Оттука е јасно дека овој лек не се користи во болниците во Австралија. Обвинувањата дека во болниците ивермектин им се дава на вакцинирани пациенти...

Вистиномер: Фотографија од жена која починала, се злоупотребува за да се оцрни вакцинацијата

Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека  починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења...

Пристигна донацијата на вакцините „Фајзер“ од Бугарија, треба да се искористат до 30 септември

Синоќа во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од соседна Република Бугарија, информираат од Министерство за здравство. „Веднаш по пристигнувањето, 30.000 вакцини беа дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата, со цел да се обезбеди непречен процес на имунизација на населението.Иако рокот на важност на вакцините е до 30. септември, со постоечката дневна динамика на вакцинација, донираните вакцини...

Италија стана првата земја во Европа што ќе бара ковид-потврда од работниците

Првата земја во Европа што ќе бара сите вработени да поседуваат здравствена ковид-потврда е Италија, откако италијанската влада вчера усвои мерка со која што дигиталните потврди се задолжителни за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, јави „Еуроњус“. Обврската ќе важи од 15 октомври најмалку до крајот на годинава. Целта е да се зголеми бројот на дадени вакцини и...

Вистиномер: Вакцинацијата е имунизација и штити од тешка форма на болеста

Секојдневно има нови докази дека вакцинираните лица стекнуваат силен имунитет и дека далеку помалку вакцинирани лица се заразуваат. А, што е најважно, доколку се заразат лицата со претходно примени две дози на вакцина, тие имаат далеку полесни симптоми. Впрочем и последните епидемиолошки анализи на Министерството за здравство објавени на 3-ти септември покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид...

Вистиномер: Социјалните мрежи „експлодираа“од дезинформации за вакцините

Вистинска експлозија од дезинформации за ковид-19 во изминатиот период се случи на интернет просторот, пред сѐ, на социјалните мрежи. Ширењето невистини, полувустини  и манипулации особено се засили со стартот на масовната вакцинација и налетот на делта сојот на короновирусот. Во овој четврти бран од  пандемијата наративот во креирањето на погрешна слика за опасната болест се насочи главно кон вакцините....

Вистиномер: Интервју полно со дезинформации шири невистини за коронавирусот и вакцините

Интервјуто со Гордана Гоџо е полно со невистини поврзани со пандемијата на коронавирусот и вакцините против него. Студиите на кои се повикува Гоџо немаат никаква научна основа и се базираат на изјави дадени од самите автори. Импликациите дека маските не штитат од ковид-19 како и дека вакцините против ковид се штетни, можат во голема мера да наштетат на процесот...

Вистиномер: Лага за вакцината и децата во училиштата

Лажна вест е пласирана како објава на Фејсбук дека со самото тоа што сте ги испратиле децата во училиште сте дале и согласност за вакцинација против ковид, пишува „Вистиномер“ во анализа, што подолу ја пренесуваме во целост:   „Прочитајте добро родители, ова е буквален фашизам и тиранија“, бомбастично најавува авторот на објавата на Фејсбук што ја рецензираме и кој споделува фотографија...

Вистиномер: Мицкоски недоследен во изјавите кога и зошто се вакцинирал

Кога навистина се вакцинирал Христијан Мицкоски? Во почетокот на август или на 31. август 2021 г. поради мерките на Владата? И кои биле вистинските причини? Самиот тврди дека тоа го сторил и тогаш и сега скоро, пишува Вистиномер во својата нова анализа која ја пренесуваме во целост: Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија...

МЗ: Бројот на починати од ковид-19 надмина 6.000, вчера ставени 13.219 вакцини

Министерството за здравство соопшти дека а вакциналните пунктови во земјава и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани. Со последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено...

Вистиномер: Вакцините против ковид не се експериментални, а децата може да се заразат со делта варијантата

Подолу интегрално пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на видео објавено на Фејсбук со неточни тврдења дека вакцините против ковид-19 се експериментални и штетни: Во вирално видео на Фејсбук во непознато лице шири неточни информации. Иако ова лице тврди дека вакцините се експериментални, според истражувањето на Порталб, ова не е вистина. Лицето додава дека младите не треба да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи...

Вистиномер: Коронавирус има, а микрочипови за следење на вакцинираните нема

Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење.  Што се однесува до вакцинацијата, таа во земјата е доброволна. Никој  никого не присилува да се вакцинира. Но, доколку некој не се вакцинира, тогаш тој може да има рестрикции во движењето – ограничувања каде може, а каде не може...

Вчера вакцинирани 12.022 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани,...

Вистиномер: Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина.  Ваквите наводи се произволно нафрлени, без никакви  докази и немаат допирна точка со реалноста. Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа...

Во саботата и вчера ставени вкупно 18.292 вакцини против ковид-19

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во земјава и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 722.578 граѓани. Прва доза вакцина во саботата и вчера примиле 9.240 граѓани, а вкупно се вакцинирале 18.292 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.253.612 дози вакцини, а ревакцинирани се...

Вистиномер: „Мајк Тајсон“ ја клевети штипската болница дека ликвидира ковид пациенти!

Ние имаме во целата пандемија само еден или двајца пациенти кои биле на респиратор. Конкретниот пациент, за кој се тврди дека сме го убиле, имал хронична опструктивна белодробна болест, донесен е, не од Струмица, туку од Валандово, со сатурација 55 и наод на двете белодробни крила: масивна пневмонија. Тој беше на кислородна поддршка, односно сипап маска, примен е во...

Министерство за здравство со апел до младите да се вакцинираат: Сè поголем број развиваат тешка клиничка слика

Се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста, информираат од Министерство за здравство. „Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот.Ниската стапка на...

Вистиномер: Бил Гејтс никогаш не кажал дека 700.000 луѓе можат да бидат жртви на вакцините

Фејсбук објава, којашто деновиве е вирална на социјалните мрежи, шири лажни информации за соосновачот на „Мајкрософт,“ Бил Гејтс, инсинуирајќи дека тој „очекува 700.000 жртви како последица на вакцинацијата“. Мултимилијардерот, кој инвестира во развојот и производството на вакцини против коронавирусот, никогаш не го изјавил ова. Во интервју за CNBC од 9 април минатата година, тој ги потврдува напорите за изнаоѓање...

Заев и поранешниот британски премиер Блер разговарале за Иницијативата Отворен Балкан и за вакцинацијата

Поранешниот британски премиер Тони Блер, во својство на претседател на Институт за глобални промени, кој во својот фокус ја има поддршката за технолошки развој на земјите кои имаат амбиции да бидат компетитивни и да бидат во чекор со технолошки напредните земји, денеска во Скопје беше примен од македонскиот премиер Зоран Заев. На средбата се разговарало главно за Иницијативата Отворен...

Вистиномер: Британските научници не кажале дека вакцините не даваат имунитет

Со намерно испуштање на клучни зборови и дополнителни информации, објавата ја доведува во заблуда јавноста дека вакцините не даваат никаков имунолошки одговор на ковид-19 и дека „џабе“ е вакцинирањето. Британските научници, предводени од шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард никогаш не кажале дека вакцините не даваат имунититет и дека не треба да се аплицираат, туку, напротив, ја...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...