fbpx

Трета доза вакцина против ковид ќе може да примат сите граѓани

-

Националниот Комитет за имунизација препорачува трета доза на вакцина против ковид да добијат сите граѓани без оглед на возраста, како и на тоа, дали имаат или немаат хронични болести, а се во значаен ризик заради фрекфентните контакти. Ова денеска го најавија министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на комитетот, проф. д-р Александра Грозданова.

– Препорачувавме бустер доза за граѓаните над 60 години, за сите здравствени работници и сите лица кои имаат хронични болести. Но, следејќи го искуството, цениме дека ќе биде потребно оваа можност за трета доза да биде дадена на граѓани кои се надвор од овие категории. Целта е да се заштитиме од делта сојот. Ефективноста на дел од вакцините се намалува, па тоа беше причина за препорака за трета доза – рече Грозданова.

Таа додаде дека комбинацијата на вакцини дава одличен имунолошки одговор.

– Земјите во кои фајзеровата вакцина се дава како трета доза, дава одлична заштита особено кон делта сојот. Комбинирањето на вакцини и давање трета доза, го зголемува и го проширува имунолошкиот одговор – појасни професорката.

Министерот Филипче кажа дека вкупно се вакцинирани 789.000 граѓани, односно 47 отсто од полнолетната популација примила најмалку една доза вакцина.

– Најмногу вакцинирани има во Вевчани, 72 отсто, во Гевгелија, Демир Капија. Под 30 отсто има во Липково, Македонска Каменица, Ново Село. Вакцини имаме сосема доволно – информира тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...