fbpx
Таг: услови

таг: услови

Ахмети: Првo да се исполнат условите, а потоа да се разговара за избори

Пред да се разговара за избори, партиите првo треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорката Нина Суомалаинен. На средбата, како што информираат од партијата, Ахмети и Суомалаинен разговарале за новите политички случувања во Македонија...

Манчевски со Оер: Исполнувањето на условите за избори е решение за кризата

Исполнувањето на условите за фер и демократски избори е клучно за решавање на политичката криза, преку прочистување на избирачкиот список и реформа во медиумите, истакнал потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на денешната средба со амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, претставникот на дирекцијата за стратешки прашања при француското министерство за одбрана, Рено Дорлиак, и со потполковник Александер Ноел,...

Облачно време со услови за дожд

Времето ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, а попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи, особено во северните и во источните делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од 11 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 28 степени. Времето во Скопје слично со температура од 14 до 26...

Брисел: Се надеваме дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба за изборите

Брисел се надева дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба на која партиите ќе поведат иницијатива за договор за организирање на фер избори. Од Европската комисија велат дека се во постојан контакт со партиите и ги следат случувањата во Македонија. „Делегацијата на ЕУ е во постојан контакт со партиите и се надеваме дека тие ќе се согласат да се сретнат...

Коцијанчич: Нема минимум услови за избори на 5 јуни, лидерите да не се преправаат дека е сè во ред

Не се исполнети ниту минимум услови за веродостојни избори на 5 јуни, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница, како и владата што би произлегла од нив, вели во изјава за „Дојче веле“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според Коцијачич, во актуелните услови, која било влада што ќе произлезе од избори во кои трите најголеми партии (СДСМ, ДУИ и...

Коѕиас: Грција чека Македонија да покаже волја за компромис околу спорот за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, смета дека во Македонија сè уште не се созреани условите за да може да се прифати компромисно решение за името. Во интервју за весникот „Катимерини“, Коѕиас накратко се задржува на спорот за името, индиректно пренесувајќи порака дека сè уште не се гледа крај на решавањето на дводеценискиот спор, како и дека Грција и понатаму чека...

Заев за „Франс прес“: Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни

Во интервју за агенцијата „Франс прес“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека предвремените избори треба да се одложат додека не бидат исполнети условите за слободни и фер избори. „Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни“, рече Заев. Како што пишува во интервјуто, лидерот на СДСМ очекува дека сите политички партии на почетокот на следната недела, во согласност...

Времето денеска сончево со температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и од западен правец на повисоките места и на планините. Попладне во северниот дел од земјата ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 29 степени. Во Скопје претпладнето ќе...

„Мост“: Нема услови за фер и демократски избори на 5 јуни

Поради голем број недоследности и прекршувања, а кои се игнорирани од ДИК, констатираме дека Владата и другите институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и веродостојни избори на 5 јуни, велат од граѓанската асоцијација „Мост“. Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, вели дека проверките на избирачкиот список не биле транспарентни, а тоа довело до нејасни резултати. - ДИК вложи многу...

„Фридом хаус“: Од делумно слободна, Македонија стана неслободна земја

Според најновиот извештај на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите, статусот на Македонија од „делумно слободна“ се намали на „неслободна“ земја поради откривањето на нелегалното владино прислушување новинари, корупцијата меѓу функционерите и сопствениците на медиуми, како и зголемувањето на заканите и на нападите врз медиумските работници. „Македонската медиумска сцена е длабоко политички поларизирана. Автоцензурата кај новинарите е честа појава, пред сè...

Заев ќе оди во Виена само ако се повлечат аболицијата и датумот за избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција соопшти дека ако не се исполнат два услови тој нема да оди на средбата во Виена што ја организира еврокомесарот Јоханес Хан в петок за да се најде решение за излез од политичката криза. - Ја почитуваме иницијативата на европратениците и на комесарот Хан за средба за Договорот од Пржино во Виена. За СДСМ...

Денеска ќе се протестира во Скопје, Кочани, Битола и во Прилеп

По седми пат, денеска граѓаните ќе излезат на протест за да бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и услови за фер и демократски избори. И денешниот протест во Скопје ќе почне во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, како симболична поддршка за обвинителите, а маршутата на движење сè уште е непозната. За денеска, освен во Скопје, официјално протести се најавени во...

ДИК даде амин за избори, Чичаковски и двајцата членови од СДСМ ја напуштиле седницата

Државната изборна комисија со шест гласа „за“ го донесе заклучокот во кој се вели дека избирачкиот список е подготвен за фер и демократски избори, информираат за „Мета“ од ДИК. Претходно, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и двајца членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Горан Милев, ја напуштиле седницата и не сакале воопшто да гласаат за оваа точка од...

Заев најави интензивирање на протестите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција уште еднаш порача дека избори на 5 јуни нема да се одржат бидејќи, како што посочи, услови за фер, слободни и регуларни избори нема. - Во земјата е извршен државен удар, урнат е Уставот, погазени се законите, Договорот од Пржино е погребан, а техничката влада ја укинаа со поништување на сите одлуки на министрите...

Вељаноски денеска треба да ги распише изборите

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на РМ, денеска треба да ги распише предвремените парламентарни избори, кои е предвидено да се одржат на 5 јуни. „Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието, јас, како претседател, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување избори, одлучив решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а...

Алијанса за позитивна Македонија се приклучи кон бојкотот на изборите на 5 јуни

Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) нема да учествува на изборите што треба да се одржат на 5 јуни годинава, под сегашниве услови и околности ако меѓународната заедница, како гарант на Договорот од Пржино, не гарантира дека се создадени услови за фер и демократски избори, информираат од партијата. АПМ смета дека Договорот на политичките партии од јуни и од јули 2015 година...

Алтхаузер: Никој не знае дали ќе има избори на 5 јуни

Без прочистен избирачки список, балансирано медиумско известување и без одвојување на државата од партијата, неизвесно е одржувањето на предвремените парламентарни избори на 5 јуни и засега тоа никој не може да го знае. Ова го изјави германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, на денешната трибина во организација на невладината организација „Цивил“ на тема „Плурализмот и политичката криза“, пренесува „Телма“. -...

Бесими: За мигрантите мора цврсто да се координираме со земјите од регионот и со ЕУ

Поради мигрантите, Македонија мора да има цврста координација со сите земји од регионот, земјите од балканската рута и со Европската Унија, за успешно да ги имплементира одлуките на ЕУ и тие што се очекува да се донесат утре на самитот во Брисел. Ова денеска го изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, при посетата на мигрантскиот камп...

Одложено рочиштето за „Диво Насеље“, адвокатите се жалат на тесна судница

Судското рочиште за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, закажано за денеска, е одложено откако адвокатите на обвинетите реагираа до судот дека не се обезбедени услови за фер судење и дел од нив ја напуштија судницата. Прв судењето го напушти адвокатот Насер Рауфи, кој застапува осум обвинети. Тој пред судот образложи дека салата во...

Германија: Нема услови за избори според европски стандарди

Германија го дели мислењето на Европската комисија во врска со состојбата со подготовките за парламентарни избори во Македонија, односно дека се потребни понатамошни реформски чекори пред да постои можност за избори според европски стандарди, соопштија попладнево од германската амбасада во Скопје. Од амбасадата ги повикуваат сите политички партии вклучени во процесот да вложат напор и да покажат политичка волја да најдат заедничко...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...