fbpx

Денеска ќе се протестира во Скопје, Кочани, Битола и во Прилеп

-

По седми пат, денеска граѓаните ќе излезат на протест за да бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и услови за фер и демократски избори.

И денешниот протест во Скопје ќе почне во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, како симболична поддршка за обвинителите, а маршутата на движење сè уште е непозната.

За денеска, освен во Скопје, официјално протести се најавени во Кочани, Битола и во Прилеп. Утре, пак, ќе се протестира и во Гостивар, Кавадарци и во Охрид.

Протестите почнаа минатиот вторник во Скопје, а досега се протестираше во Штип, Битола, Струмица, Куманово, Велес, Прилеп и пред македонската амбасада во Вашингтон.

Од Граѓанското движење за одбрана на Македонија, иако вчера информираа дека повеќе нема да протестираат зашто ја исполниле својата цел, вчера одржаа собири во Штип, Битола и во Велес, а за четврток најавуваат протест пред Собранието во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...