fbpx

Одложено рочиштето за „Диво Насеље“, адвокатите се жалат на тесна судница

-

Судското рочиште за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, закажано за денеска, е одложено откако адвокатите на обвинетите реагираа до судот дека не се обезбедени услови за фер судење и дел од нив ја напуштија судницата.

Прв судењето го напушти адвокатот Насер Рауфи, кој застапува осум обвинети. Тој пред судот образложи дека салата во која се одржуваат рочиштата е претесна и роднините на обвинетите што дошле пред судот немаат можност да го следат процесот. Рауфи посочи дека судот е должен да обезбеди услови за непречено одвивање на рочиштата.

Судијката Верка Петковска, која го води предметот, рече дека судот ја има само таа поголема судница и дека, според неа, обезбедени се можности за присуство на сите обвинети и на дел од роднините.

Таа ги предупреди адвокатите дека доколку некој ја напушти судницата, ќе биде казнет според законот.

На тројцата адвокати, Насер Рауфи, Бујар Дардишта и Мефаиљ Арслани, кои го напуштија рочиштето, Судскиот совет им изрече казни од 1.200 евра поради навреда на судот, нарушување на редот во судницата и непочитување судска одлука. Рауфи и Дардишта ќе треба да ги платат и трошоците за денешното рочиште.

Адвокатот Љупчо Веселиновски по одложувањето на денешната расправа, пред новинарите изјави дека доколку на наредното рочиште, кое е закажано за 8 март, не бидат исполнети условите, сите адвокати на одбраната ќе го бојкотираат судењето.

На денешното рочиште искази пред судот требаше да дадат четворица сведоци од Диво Насеље и еден полицаец.

Поради капацитетот на судницата, новинарите го следеа судењето преку директен видеопренос во библиотеката на Основниот суд Скопје 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо...