недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: услови | 107 резултати

Американска амбасада во Софија: Бугарија сè уште не е подготвена за безвизен режим со САД

февруари 10, 2017

Бугарија сè уште не ги исполнува условите за безвизен режим со Соединетите Американски Држави. Бројот на одбиени барања за визи минатата година бил 15 отсто од вкупниот број на барања, а условот за добивање безвизен режим е одбиените барања да бидат под три отсто. Ова денеска го објасни генералната конзулка на САД во Бугарија, Кејт […]

Иванов: Тврдењата на СДСМ се небулозен и груб обид за манипулација

февруари 3, 2017

Тврдењата на СДСМ дека претседателот Иванов лаже дека постапил како претседателот Глигоров и дека го крши Уставот претставуваат груба лага и груба манипулација со јавноста, се вели во реакцијата на кабинетот на Иванов на соопштението на СДСМ. „Наводите на СДСМ дека претседателот Глигоров го доделил мандатот на второпласираната партија на тогашните избори, повикувајќи се на […]

Поради несоодветни услови, ученици од Тетово учат во три смени

јануари 23, 2017

Второто полугодие за дел од учениците од основното и од средното образование во Тетово, почна со одредени тешкотии. Во најголемото основно училиште „Лирија“ во Тетово, наставата се одвива во три смени, поради неможноста да се учи на вториот кат од училиштето, каде минатата година почна да прокиснува покривот. – Сега часовите траат по половина час. Така […]

Касами – Пломп: Да се продолжи мандатот на СЈО и да се формира специјален суд

декември 22, 2016

Основачот и претседателот на Беса, Билал Касами, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, со кој разговараше за условите за евентуално учество на Беса во конституирањето на новата влада. – Бараме да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство, да се најде можност за основање на специјален суд и да се врати […]

Подобри услови и поголеми плати за текстилните работнички, бара здружението „Гласно“

декември 8, 2016

Вработените во конфекциите во Штип, иако е неработен ден, по повод државниот празник 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, денеска беа на своите работни места. Поради ова штипското здружение „Гласно“ организираше протест на кој симболично на транспаренти беа поставени работнички мантили. Протестот, како што велат од здружението, е обид да се крене гласот […]

Димитриев – Чичаковски: Создадени се услови за фер, демократски и веродостојни избори

декември 6, 2016

Tехничкиот премир за организирање на избори, Емил Димитриев, денеска се сретнал со членовите на Државната изборна комисија, на која присуствувале и дел од членовите на Владата. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, информирал дека сè е подготвено за одржување на изборите и оти сите потребни активности се реализирани во согласност со предвидената динамика. – […]

Хан – Заев: Да се испочитуваат обврските за фер и регуларни избори во декември

октомври 14, 2016

Комесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска се сретна и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој беше придружуван од заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, и од генералниот секретар, Оливер Спасовски. Како што стои во партиското соопштение, соговорниците се согласиле дека е неопходно сите политички партии и институции, вклучувајќи го и Собранието, да […]

За Ахмети нема време за нови закони за СЈО

октомври 14, 2016

За да се усвојат нови закони, треба да се прават и нови договори, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање дали Собранието ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО. Ахмети е дециден дека за сето тоа, сепак, нема време. – Имавме многу […]

МОН бара СДСМ да не ја манипулира јавноста за условите во студентските домови

септември 17, 2016

Наспроти циничниот однос на СДСМ, актуелната влада и Министерството за образование и наука реализираат конкретни и мерливи активности, особено во насока на унапредување на студентскиот стандард, реагираат од министерството за образование на вчерашните обвинувања на опозициската партија. Од МОН велат дека за студентите биле изградени нови современи сместувачки капацитети, во состав на студентскиот дом Стив […]

Тетовските гимназијалци продолжуваат со бојкотот на наставата

септември 15, 2016

Бојкотот на наставата на учениците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово продолжува. Советот на родители на денешниот состанок го одби предлогот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, учениците да се вратат на настава во Работничкиот универзитет во градот, сè додека не се најде трајно решение за просторниот проблем на гимназијалците. Од советот не се […]

Заев: Знаеме дека на изборите власта ќе биде поразена

септември 14, 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Прилеп порача дека условите за избори се исполнети. Тој кажа и дека избирачкиот список е прочистен и оти се забележува тренд на подобро балансирано известување во медиумите. – На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени – рече Заев. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа […]

Времето денеска сончево и топло

септември 5, 2016

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови во северните делови од земјава на некои места ќе има слаб дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 34 […]

Граѓаните најмногу бараат потрошувачки кредити

август 30, 2016

Кредитите на банкарскиот сектор забележаа намалување од два проценти во второто тримесечје, наспроти малиот пораст од 0,1 процент во претходниот квартал, објави Народна банка. Значителен пад на кредитите кај компаниите и домаќинствата најмногу се почувствувало во јуни. – Во вториот квартал се забележува намалување на побарувачката на корпоративни и на станбени кредити и понатамошно олеснување на вкупните кредитни услови. Од структурен […]

Шекеринска: Одлука за избори ќе има ако има политичка волја на 31 август

август 29, 2016

„До 31 август можат да се исполат сите услови што беа предвидени во договорот од 20 јули оваа година. Ако има политичка волја, решение на 31 август и одлука за избори ќе има“, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како одговор на новинарско прашање денеска во Велес. – Процесот што се одвиваше во ДИК потврди дека […]

„Гардијан“: Во Македонија се прават скапи брендирани чевли за минимални плати

август 23, 2016

„Работници во Албанија и во Македонија земаат толку ниски плати што не можат да ги прехранат своите семејства, а јазот меѓу законски загарантираната минимална плата и висината на исплатените дневници е поголем отколку во Кина. На овој начин некои светски брендови за производство на чевли остваруваат огромен профит на грбот на сиромашниот работник“, се вели во текстот на „Гардијан“ во врска […]

Сончево и топло време со услови за дожд на планините

август 21, 2016

Времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд во северозападните планински подрачја. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 27 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време […]

Банките ги заоструваат условите за одобрување на потрошувачки и станбени кредити

август 17, 2016

Околу 11 проценти од банките ги заостриле кредитните услови кај потрошувачките, но и кај станбените кредити, покажува најновата анкета на Народна банка за кредитната активност, што не беше случај во претходната анкета. „За наредниот период, банките очекуваат понатамошно умерено нето-олеснување на вкупните кредитни услови. Од аспект на поединечните кредитни услови, кај каматната стапка на станбените […]

Заев: Убеден сум дека договореното ќе биде исполнето и на 11 декември да има избори

август 6, 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека условите од договорот што претставниците на четирите политички партии го постигнаа на 20 јули ќе бидат исполнети навреме и дека на 31 август тој и останатите тројца партиски лидери ќе го потврдат 11 декември како датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Заев, кој денеска беше во […]

Хајндл: Прво исполнување на условите, а потоа датум за избори

јули 7, 2016

Парламентарните избори треба да се одржат пред 2018 година, а претходно мора да се создадат услови тој процес да биде фер и демократски, вели германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, во интервјуто за „Алсат М“. Хајндл, како што пренесува телевизијата, во дел од интервјуто, кое ќе биде емитувано утре во 22.30 часот во емисијата „360 степени“, […]

Заев и Бошкоски ја потпишаа „Платформата за демократска Македонија“

јуни 30, 2016

Лидерите на СДСМ и на Обединети за Македонија, Зоран Заев и Љубе Бошкоски, денеска на заедничка средба ја потпишале „Платформата за демократска Македонија“ и договориле соработка меѓу двете партии, соопштија попладнево од СДСМ. На средбата, Заев и Бошкоски разговарале за „соработката во рамките на широкиот демократски фронт“ и за надминувањето на политичката криза преку одржување […]

Страна 3 од 6