fbpx
Таг: УСАИД

таг: УСАИД

ИКТ компаниите бараат подобрување на даночната регулатива

Претставниците на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ одржаа форум за подобрување на бизнис-климата во Македонија преку поттикнување на општествени и економски промени. Целта на форумот беше да се презентираат и дискутираат теми поврзани со даночната регулатива, даночната политика и работните односи кои се специфични за ИКТ секторот. Настанот е организиран како одговор на потребите на компаниите за...

23 милиони долари грант од САД за Македонија

Македонија доби 23 милиони долари грант од САД  за развојна цел. Договорот е потпишан меѓу државата претставена од Министерството за финансии и Соединетите Американски Држави претставена од Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД. За оваа цел, Македонија ја посети високиот претставник на УСАИД, Гречен Биркл, a на потпишувањето присуствуваа амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и директорот на канцеларијата на...

Форум за справување со дезинформации денеска ќе се одржи во Велес

Денеска во Велес ќе се одржи Форум за јавни политики на тема „Справување со дезинформациите - комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија“, во големата сала на Општина Велес со почеток во 10 часот. „На Форумот, во одделни панел дискусии, ќе се обратат Роберт Поповски - министер задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност,  Дамјан Манчевски - министер...

УСАИД го олеснува пристапот за компаниите до финансии од државните фондови и програми

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем денеска одржа работилница за зголемување на искористеноста на државните фондови и програми за поддршка на микро, мали и средни претпријатија (ММСП). За време на работилницата, Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), Агенција за поддршка на претприемништвото (АППРМ) и Агенцијата за вработување (АВРМ) ги презентираа нивните програми за поддршка на микро, мали...

За четири години со поддршка на УСАИД се вработиле 115 лица со попреченост

Повеќе од 115 лица со попреченост се вработиле во периодот од 2012 до 2016 година како резултат на соработката на агенцијата на САД за меѓународна помош (УСАИД) со над 360 компании од приватниот сектор, со 40 организации кои работат во областа на застапување на правата на лицата со попреченост и со јавни институции и асоцијации. Притоа, 12 од нив...

Со помош на УСАИД се отвори првиот центар за поддршка на млади лица со попреченост

Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија, организираше завршен настан и официјална промоција на првиот центар во Македонија и во регионот, што ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ-секторот. Исто така, центарот „ХабИТ“ ќе обезбедува услуги за компании за да ја зголемат пристапноста на своите услуги и...

УСАИД: Со граѓанско учество до посилно општество

Проектот на УСАИД за граѓанско учество кој започна во август 2016 година, е проект чија цел е да се зајакнат граѓанските организации и капацитетот на младите за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење со цел да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Проектот е посветен на родова еднаквост и заштита...

УСАИД ќе подели седум милиони долари за медиумите на Балканот

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Сараево претстави програма за помош на медиумите на Балканот. Според српската „Б92“  фокусот на програмата ќе биде ставен на развој на онлајн медиумите во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово, а програмата во вредност од седум милиони долари ќе трае три години. Амбасадорката на САД во Босна и Херцеговина, Морин...

УСАИД годинава одбележува 25 години од работата во Македонија

Американската агенција за меѓународен развој во Македонија, УСАИД, годинава одбележува 25 години од работата во Македонија. Во партнерство со граѓаните, институциите, компаниите, здруженијата и организациите, УСАИД поддржа различни проекти, за да го подобри квалитетот на животот на граѓаните. Меѓу првите проекти на УСАИД, беше проектот „Од земјоделец на земјоделец” во 1993 година. „Целта на овој проект беше поддршка на растот на економијата, имајќи го предвид...

ДДВ да се плаќа по наплатена фактура и помали казни, бараат компаниите

Компаниите детектирале 60 проблеми при примената на одредени закони, а честите измени на регулативата изминатите неколку години им создавале проблеми во работењето, изјави денеска Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанска комора на Македонија. Стопанска комора, во соработка со другите комори и со помош на УСАИД, го спроведуваат проект „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, за компаниите полесно да ги применат законите што се однесуваат на нивното...

Никој не ги консултира ИКТ-компаниите кога се носат закони од оваа област

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“ организираше форум, на кој тема беше регулативата на работни односи во ИКТ-секторот. Шефот на проектот, Љубомир Димовски, изјави дека анкетата што била спроведена во рамките на проектот, покажала дека 76 проценти од анкетираните фирми сметаат дека не биле консултирани во процесот на носење на законската регулатива. - Ова несомнено укажува на потребата за подобрување на процесот на...

Османи – Атебери: Поддршката од УСАИД има големо влијание за развојот на Македонија

Поддршката од УСАИД има големо влијание за развојот на Македонија, истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на средбата со новиот постојан претставник на УСАИД во земјава, Дејвид Атебери. Османи, како што соопштија од неговиот кабинет, на Атебери му ги презентирал надлежностите и политичката агенда на Секретаријататот за европски прашања (СЕП), посочувајќи дека моменталниот фокус на Владата и на СЕП е...

„Демокраси лаб“ ја промовираше алатката за младински активизам „Импакт“

Здружението за унапредување на демократијата „Демокраси лаб“ ја пушти во употреба интернет-алатката за младински активизам „Импакт“, која има цел да им помогне на младите луѓе што сакаат да бидат активни и да преземат иницијативи во својата заедница. „Импакт“ нуди интернет-курсеви, банка на идеи и мапа на волонтирање. „Курсевите имаат цел да ги зајакнат основните вештини на младите луѓе за иницирање и за спроведување активности...

Марк Грин именуван за директор на УСАИД

Американскиот Сенат го именуваше поранешниот конгресмен Марк Грин за директор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) на предлог на претседателот Доналд Трамп. „Грин на нашата организација ќе ѝ помогне да ги постави приоритети во идните развојни инвестиции на Америка, да го осигури секој долар од даночните обврзници, да ја унапреди сигурноста и просперитетот на нашата земја и да нè...

УСАИД додели награда за Младинско граѓанско учество

Проектот на УСАИД за граѓанско учество додели награда за Младинско граѓанско учество на двајца поединци и една неформална младинска група. Наградата им беше доделена поради нивната силна посветеност и преземање на важни активности кон позитивни промени за животот во нивната заедница и за општеството. „Ги охрабрувам добитниците на наградата, како и целата младина во Македонија да работат заеднички за да се постигнат позитивни...

УСАИД финансира 27 проекти за развој на економијата и на демократијата во Македонија

Американската развојна агенција УСАИД во Македонија во моментот финансира вкупно 27 проекти, посветени на економскиот развој, демократијата и на развојот на општеството. Како и во изминатите 25 години, колку што УСАИД работи во Македонија, проектите се реализираат во блиска соработка со приватниот сектор, владата и со граѓанските организации. Ова денеска во Штип, пред присутните во Американското катче, го објаснуваше Едвард...

Македонски и косовски компании на тет-а-тет средби во „Сити хол“

Проектот на УСАИД за мали и за микропретпријатија денеска беше домаќин на „бизнис за бизнис“ (Business to Business) вмрежување меѓу компании од Македонија и од Косово, во „Сити хол центар“ во Скопје. „Целта на овој настан е да креира можности за соработка меѓу компании од Македонија и од Косово. Соработката меѓу компаниите од регионот е многу важна, особено за помалите економии,...

Бизнисмените плаќаат казни бидејќи не можат да го следат брзото менување на законите

Стопанствениците најчесто се казнуваат поради непознавање на законите, затоа што постојано се менуваат, а понекогаш се сложени и нејасни. Ова беше истакнато на информативната сесија која се одржа во Тетово, во рамки на проектот - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Целта на проектот, финансиски поддржан од УСАИД, е зајакнување на капацитетите на бизнис-заедницата за следење на законските регулативи. - Пребрзото менување...

УСАИД почнува со инфо-сесии за компаниите, ќе се детектираат нивните проблеми

Сивата економија и брзото менување на регулативите се најголеми проблеми за малите, средните и за микропретпријатија во Македонија, беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанска комора. За компаниите е особено тешко да се прилагодат на законите за работни односи и за безбедност и заштита при работа, како и на правата и обврските од законите за даночна и за царинска политика, животна средина и...

Во бизнисот со јавни набавки вклучени се само 4.800 од 70.000 компании

Од околу 70.000 активни компании во земјава, само 4.800 се вклучени во бизнисот со јавни набавки, кој годишно вреди околу една милијарда евра. Ова беше истакнато на конференцијата „Јавните набавки во Македонија: искуства и предлози за законски решенија за нивно подобрување“, како завршен настан на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки. - На секој четврти јавен повик објавен од...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...