Денеска во Велес ќе се одржи Форум за јавни политики на тема „Справување со дезинформациите – комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија“, во големата сала на Општина Велес со почеток во 10 часот.
„На Форумот, во одделни панел дискусии, ќе се обратат Роберт Поповски – министер задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација, Аце Коцевски – градоначалник на Општина Велес, Едвард Гонзалес – директор на канцеларијата на УСАИД за општ развој, пратеници и претставници на политичките партии, како и стручњаци од областа и претставници на новинарски и медиумски организации“, соопштуваат од Влада.
Темите на кои ќе се разговара се феноменот на дезинформирање неговото потекло и развој како и што можат да преземат властите, медиумите, граѓанското општество и политичките партии во борбата против дезинформациите.