fbpx

Во бизнисот со јавни набавки вклучени се само 4.800 од 70.000 компании

-

Од околу 70.000 активни компании во земјава, само 4.800 се вклучени во бизнисот со јавни набавки, кој годишно вреди околу една милијарда евра.

Ова беше истакнато на конференцијата „Јавните набавки во Македонија: искуства и предлози за законски решенија за нивно подобрување“, како завршен настан на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.

– На секој четврти јавен повик објавен од државните институции, има само по еден понудувач. На државните тендери со години учествуваат и ги добиваат исти фирми. Поради ова, неопходна е поголема контрола на целиот процес на јавни набавки, која би требало да му се довери на Бирото за јавни набавки – велат од Центарот за граѓански комуникации, кои го надгледуваат овој процес.

Оттаму сметаат дека проширените надлежности на Бирото за јавни набавки би овозможиле спречување на злоупотребата на јавните пари, но би довело и до санкционирање на случаите кога ќе се констатираат злоупотреби.

Гир: За пристапниот процес во ЕУ мора да има согласност меѓу партиите

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска изјави дека за пристапниот процес во ЕУ мора да има согласност меѓу сите политички партии во земјава, како одговор на новинарско...
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
online free course
download lenevo firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free