fbpx
Таг: УХМР

таг: УХМР

Намалени водостоите на реките

Водостоите на реката Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун се за повеќе од четири пати пониски од вообичаениот за јануари, а речиси тројно пониско ниво од просечното има и Црна Река кај Новаци. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), понизок водостој од вообичаениот имаат речиси сите останати реки во Македонија, со исклучок на Црн Дрим кај...

УХМР: Водостоите на реките под просекот за јануари

Водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци се повеќе од двојно пониски од просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Водостоите на речиси сите реки се пониски во однос на вчера, а зголемување на водостоите има на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Берово и Црн...

УХМР: Водостојот на реките се намалува

Водостојот на реките постепено се намалува и се очекува тоа да продолжи во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Зголемување на водостојот има само на две места на Вардар и на Црна Река. Според мерните станици на УХМР, од просекот за декември за трипати е зголемен Вардар кај Велес, каде водостојот изнесува 216 сантиметри, кај Демир Капија...

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен дожд особено во западните делови и претпладне, а попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 4 Целзиусови степени, а дневната до 12 степени. Според УХМР, врнежи од дожд во...

УХМР предупредува на можно излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и на Вардар

Врнежите во последните 24 часа ги зголемија нивото на сите водотеци во Македонија, а особено на реките во западниот дел на земјата, велат од УХМР. Според податоците на Управата, најголеми промени на водостојот има на реките Радика кај Бошков мост, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, а продолжувањето на врнежите може да доведе до излевање на Радика, Црн...

Зголемен водостојот на Вардар, Брегалница и на Дојранско Езеро

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрирала повисоки водостои во однос на просекот за ноември на реката Вардар кај Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија, како и на реката Брегалница кај Берово. Регистриран е значително зголемен водостој и на Дојранско Езеро, додека нивоата на Охридско и на Преспанско Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината. Под просекот...

Ќе врне и утре и в сабота, се зголемува нивото на водотеците

Поради обилните врнежи од дожд, веќе доаѓа до пораст на водотеците и така ќе биде и понатаму. Позначително зголемување ќе има кај малите реки, при што засега не може да се зборува за сериозна опасност од поплавување. Сепак, можно е да дојде до излевања на помалите водотеци на крајниот југ на земјата, односно во Гевгелиско и во Валандовско, како и...

Сончево време со умерена облачност и со температура до 23 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во текот на денот во западните и крајните источни делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се движеше од -3 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 16 и 23 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура...

Времето утре ветровито и дождливо

Утре ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи. В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо, со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за десетина Целзиусови степени. В петок и за време на викендот...

УХМР предупредува за обилни врнежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса попладнево времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. На места врнежите ќе бидат пообилни, а повеќе ќе бидат застапени во источните делови, каде ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси, порачува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во...

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9, што е висока вредност и поради тоа мора да се преземаат мерки за заштита на кожата. Највисоката дневна температура ќе се движат во распонот од 20 Целзиусови степени до 30 степени во Гевгелиско-дојранскиот Регион. За разлика од Малешевијата, каде живата во термометрите...

Се излеа Поројска Река – поради невремето прекин во сообраќајот на патот Тетово – Јажинце

Силното невреме што денеска го погоди Тетовско, најголеми проблеми и штети предизвика во селото Порој. Наноси од камења и од кал го блокира селото. Од 17 часот сообраќајот по регионалниот пат Тетово - Јажинце е во прекин кај селото Порој поради обилни врнежи од дожд и излевање на Поројска Река. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот се пренасочува. Портпаролот на СВР Тетово,...

Можни локални излевања кај помалите водотеци, предупредува УХМР

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици на целата територија на држвата, поради нестабилното време и очекуваните поројни врнежи. „На одредени места, поради стеснување на водотеците од разни причини, можни се локални излевања. Препорачуваме внимателно движење покрај водотеците и суводолиците“, велат од УХМР. Синоќешните врнежи, додаваат оттаму, не го промениле многу водостојот, но...

Денеска со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска, според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР), ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава, каде се очекува тие да бидат пообилни. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринскара температура се движи од 6 до 12...

Утре обилен дожд и грмежи, вечерта снег на планините

Под влијание на нов влажен бран, утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови од земјава, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри на едедн квадратен метар, прогнозира УХМР. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во ноќните часови кон...

Македонија го одбележува Светскиот ден на водите

Денеска, според календарот на Обединетите нации, се одбележува Светскиот ден на водите. Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право. Со повеќе манифестации, Светскиот ден на водите ќе биде одбележан и кај нас. Министерството за животна средина и просторно планирање организира конференција на тема „Водата и отпадните води“, на која ќе се обратат министерот за животна средина и...

УХМР: Нивото на Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека нивото на Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум, а водостоите на реките се под просекот за март. Според УХМР, водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија и е 60 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од 23 до 29 сантиметри од вообичаениот има и...

До петок топло, викендот со дожд и со снег

Стабилно и топло време ќе преовладува во Македонија утре и в петок, со услови за слаба утринска магла по котлините, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). За утре се очекува дневна температура меѓу 10 и 20 Целзиусови степени. Постудено ќе биде во планинските краеви на западот и на истокот на Македонија, а највисока температура се очекува на југоистокот. Потоа ќе уследи...

УХМР: Се зголемува нивото на Охридско Езеро

Нивото на Охридско Езеро е два сантиметри над дозволениот минимум, а значително е намален водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму велат дека просечниот водостој за февруари на Црн Дрим е 123 сантиметри, а вчера изнесувал 20 сантимтери. Големо намалување на водостојот има и реката Сатеска, каде вчера биле измерени два сантиметри, а...

УХМР: Врнежите од снег вечерва ќе престануваат, но ќе биде многу студено

Врнежите од снег во текот на вечерните часови постепено ќе престануваат, а температурата ќе биде во интервал од минус 10 до минус 2 Целзиусови степени, информираат од УХМР. Попладне времето во Македонија ќе се задржи облачно, студено и ветровито, со локални врнежи од снег со слаб интензитет. Во Скопје ќе биде облачно, со повремен слаб снег и со умерен до засилен...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...