fbpx
Таг: цена

таг: цена

Бензинот поскапува за половина денар

Бензинот поскапува за половина денар од ноќеска на полноќ, додека дизел-горивото останува со непромената цена, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Во согласност со одлуката на комисијата, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 67 денари, а „еуросупер БС-98“ за 69 денари за литар. Цената на „еуродизел“ останува непроменета, односно 53,5 денари. Од РКЕ велат дека зголемувањето на цените се должи на повисоката цена...

ВМРО-ДПМНЕ: Поради пропагандата на СДСМ, зедовме помалку средства со повисока камата

СДСМ со својата шпекулативна политика и со манипулирањето со јавниот долг, не направи ништо друго освен што ја зголеми каматата на еврообврзницата, што македонските граѓани ги чинеше 30 милиони евра, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за утрешното задолжување. - Тоа се 300 локални патишта, стотина градинки или 38 училишта, кои отидоа во ветер затоа што СДСМ...

Охрид е преполн со туристи за новогодишните празници

Сите хотели во Охрид, како и помал дел од приватните сместувачки капацитети, се закупени за новогодишните празници. Хотелиерите се презадоволни и се надеваат дека намалувањето на прометот од 10 проценти во последните месеци од 2016 година, ќе го ублажат со претстојниот празничен викенд. Традиционално, покрај домашните, најголемиот број од туристите во Охрид и во Струга се од соседните земји, пред сè од...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Бензинот и дизел-горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,5 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68,5 денари, а еден литар „еуродизел“ ќе чини 53,5 денари. Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат просечната...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Бензинот и екстралесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизел-горивото се зголемува за три денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Во согласност со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 64,50 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ за 66,50 денари, а еден...

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта и на тој начин ќе го поддржи планот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), кој предвидува да се намали прекумерната глобална понуда и да се зголеми цената на нафтата, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Багдад. - Она што во намалување на производството ќе го изгубиме, ќе го...

Тасева и Николов од утре ќе следат како партиите трошат пари за изборите

Претседателката на „Транспарентност Македонија“, Слаѓана Тасева, најави дека заедно со Центарот за економски анализи од утре ќе почнат да следат како партиите ќе ги трошат парите во предизборниот период, за изборите на 11 декември. Тие овој проект го најавија во јануари, по повод предвремeнитe избори во април, но по нивното одложување, проектот беше замрзнат. - Проектот беше замрзнат со одложувањето на...

Горивата ќе поевтинат за три денари

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“, на „еусросупер БС-98“ и на „еуродизел“ ќе се намалат за три денари по литар од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Со намалувањето, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 60 денари за еден литар, „еусросупер БС-98“ ќе се продава по 62 денари за еден литар, а малопродажната цена на „еуродизел“ ќе изнесува 47 денари за еден литар.

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Бензинот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1,5 денар, а дизелот и екстралесното масло за домаќинство за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 63 денари, а „еуросупер БС-98“ за 65 денари. Новата цена на литар „еуродизел“ e 50 денари, а на екстралесното масло за домаќинство...

Минимално намалување на цената на „еуросупер БС-98“

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел“ ќе останат на исто ниво, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. „Еуросупер БС-95“ ќе продолжува да се продава по цена од 62 денари за еден литар, додека малопродажната цена на „еуродизел“ изнесува 48 денари за литар. Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ се намалува за 0,5 денари за еден литар и од вечерва тој ќе чини 63,5 денари.    

Бензинот и дизелот поскапуваат за два денари

Новите цени на бензинот и на дизел-горивото ќе бидат повисоки за два денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Од ноќеска на полноќ „еуросупер БС-95“ ќе чини 61,5 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 63,5 денари за еден литар, а „еуродизел“ за 48 денари за еден литар. Цената на екстралесното масло за домаќинство ќе изнесува 36,5 денари за...

Мал пад на цената на нафтата

Цената на нафтата забележа мал пад при тргување на азискиот пазар поради извештајот на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) дека Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта. Цената на нафтата падна на 49 долари за барел. Минатиот месец, Саудиска Арабија произведе рекордно високо ниво на нафта од 10,67 милиони барели дневно. Пазарот со нафтата се уште не е стабилен, бидејќи нема договор...

Американските берзи рушат рекорди во тргувањето, а европските стагнираат

Акциите на американските берзи на почетокот на денешното тргување се вратија на рекордно високо ниво, бидејќи повисоките цени на нафтата ја зголемија вредноста на акциите на енергетските компании. Истовреме акциите на европските берзи главно стагнираат, при што лондонскиот и франкфуртскиот индекс оствариле само мало зголемување, додека парискиот индекс стагнирал. Цената на акциите на нафтените компании се зголемија, бидејќи Организацијата на земји...

Мелничарите бараат итно поништување на новата мерка при увоз на пченица

Мелничарите бараат итно поништување на новата мерка при увоз на пченица, односно зголемување на висината на надоместокот за фитосанитарната анализа при увоз. Мелничарите истакнуваат дека со ова зголемување на цената кое важи од 2 август, надоместокот ќе изнесува околу 12.600 денари по камион при одобрување влез на увезена пченица во државата и уште толку при царинење, или вкупно 25.200 денари. Тие велат дека со оваа мерка,...

Србија ја обвинува Македонија за вонцарински бариери и најавува мерки на реципроцитет

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека со одлуката на македонската влада за поскапување на фитосанитарните уверенија за увоз на пченица во Македонија, нашата држава вовела вонцаринска бариера кон Србија и најави можност од воведување на мерки на реципроцитет. Љајиќ за агенцијата „Бета“ вели дека одлуката на македонското Министерствот за земјоделство, со која цените за...

Дизел-горивата поевтинуваат за денар по литар

Цените на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто. Малопродажните цени на „еуросупер-95“ и на „еуросупер БС-98“ не се менуваат, односно остануваат...

Прентовиќ: Земјоделците се незадоволни од договорените 8 денари по килограм пченица

„Земјоделците се соочуваат со ниската откупна цена на пченицата и на млекото, а дополнително во изминатиот период им се случија и големи штети предизвикани од град и од поплава. Иако оваа година има добри услови за производство на пченица, земјоделците се незадоволни од договорените осум денари по килограм, кои не ги покриваат ни производствените трошоци, а не тие да...

Се зголеми цената на храната во светот

Цените на храната во светот во јуни се зголемија најмногу во последните четири години како резултат на поскапување на шеќерот и на најголем дел од другите основни производи, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО). Цената на храната постојано се зголемува од јанури, кога беше на најниско ниво во последните седум години. ФАО очекува дека цените ќе бидат...

Андреевски: Скандалозно е намалувањето на цената на струјата за 0,25 проценти

Укажуваме дека постои реална можност за намалување на цената на струјата - не во промили, туку за десетици проценти, бидејки од лани е падната цената на електричната енергија на регионалните берзи и граѓаните веќе со месеци плаќаат поскапа струја, вели Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ. Според него, со денешната одлука, Регулаторната комисија за енергетика повторно ги штити...

Попладне ќе се знае новата цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РЕК) денеска ќе ја соопшти новата цена на струјата. Регулаторите не можат да кажат кои и какви трошоци ќе имаат влијание врз цената, но сето тоа било во согласност со методологијата за пресметка. Оттаму велат дека секоја од компаниите има различни трошоци, но тоа немало да има значително влијание врз крајната цена што ќе ја плаќаат корисниците. Според...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...