fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Заев: Постојат реални можности да добиеме препорака, а потоа и датум за преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев, во обраќањето пред зградата на Владата по повод прославата на 8 Септември – Денот на независноста, рече дека во Македонија има одговорни политичари кои знаат што им е потребно на граѓаните, но има и свесни граѓани кои знаат што ѝ е потребно на државата. Тој додаде дека од земја „генератор на криза“, Македонија е претворена во „мотор...

Предлог-измени на два закони поминаа на прво читање, опозицијата гласаше „за“

На продолжението на 12. седница, пратениците од власта и од опозицијата гласаа „за“ предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, како и за предлог-законот за изменување на Законот за издавање обврзници на Република Македонија за денационализација, и со тоа, овие закони поминаа на прво читање. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија...

Собранието го изгласа распишувањето оглас за нов јавен обвинител

Пратениците во Собранието со 61 глас „за“ го изгласаа предлогот за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител. За време на гласањето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара гласањето да биде в понеделник, бидејќи претходно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, констатирале дека нема мнозинство. Ставањето на оваа точка на гласање, за Димовски е...

Распоред на настани, свечености и прослави за Денот на независноста

Денеска и утре во Скопје ќе се одржат централните свечености по повод прославата на 8 Септември - Денот на незавиноста, кој годинава се одбележува под мотото „Македонија слободна, слободно живее“. Денеска: 13 часот:  Свечено менувањето на државното знаме пред кабинетот на претседателот на државата во Вила Водно;  17.30 часот:  Централната прослава почнува пред Владата, со изложби, театарски претстави и со настапи на гудачкиот...

Заврши расправата за огласот за нов јавен обвинител, ќе се гласа друг ден

Собранието попладнево ја заврши расправата по предлогот за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, откако и последниот пратеник од вкупно 24 пријавени за дискусии го кажа својот став околу ова прашање. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по говорот на Нола Исајлоска-Старова, констатираше дека е исцрпена листата на пријавени за збор и ја прекина седницата, а за тоа кога...

Џафери на муслиманските верници им го честиташе Курбан-бајрам

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од свое име и од името на пратениците во Собранието, на Исламската верска заедница и на сите муслимански верници им го честиташе за Курбан-бајрам. „Празник кој, над сè, симболизира подавање рака на солидарност помеѓу луѓето, рака на добрина на посреќните кон оние помалку среќните, убав збор и човечко однесување, со надеж дека овој благословен ден...

Џафери – Коѕиас: Сега е моментот да се постигне компромис за отворените прашања

Сега е моментот да се постигне компромис за отворените прашања, што ќе овозможи соработка меѓу Македонија и Грција на сите полиња, вклучително и интензивирање на средбите на парламентарно ниво. Ова било истакнато на денешната средба меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Џафери, како што соопштија од Собранието, на средбата посочил дека и покрај...

Џафери со европратеничката тројка: Политичкиот дијалог во Собранието мора да се унапредува

Претседателот на Собранието на Република Македонијa, Талат Џафери, денеска во Скопје имал средба со европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан, на која ги информирал за актуелната политичка состојба во земјава, активностите на Собранието и за реформските активности што ќе се преземат на планот на европската и на евроатлантската интеграција на Македонија. Џафери, како што соопштија од Собранието, укажал...

Џафери го честиташе празникот Пресвета Богородица

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска до граѓаните и Архиепископот Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан упати честитка по повод христијанскиот празник Пресвета Богородица. „Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството, на сите православни верници на Македонската Православна Црква...

Џафери до Заев: Пратенички прашања може, но по локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери во одговорот на писмото на премиерот Зоран Заев, вели дека пратеничките прашања се предвидени со Деловникот на законодавниот дом и уверува дека тие ќе почнат да се реализираат по локалните избори. „Собранието во Деловникот го има регулирано прашањето на пратеничките прашања, а идејата, односно подготвеноста на Владата за целосна транспарентност и надзор да се овозможи...

Собранието денеска паузира, откако вчера го разреши Зврлевски

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе одмораат, откако вчера помина гласањето за разрешување на, сега веќе, поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски. Според келендарот на интернет-страницата на Собранието, „за денеска нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“. Вчера на дневен ред беа преостанатите точки од петтата, шестата и осмата седница, но, пратениците одработија само околу половина час,...

ВМРО-ДПМНЕ: Постапката за разрешувањето на Зврлевски е целосно незаконска

Постапката за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски која сакаат да ја истуркаат пратениците на СДС и Талат Џафери во Собранието е целосно незаконска, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој додаде дека „само за да се спаси од кривично гонење за делата како „Поткуп“, Зоран Заев е решен по незаконски пат и надвор од сите законски процедури да го менува...

Собраниските служби и официјално најавија дека денеска ќе се гласа за Зврлевски

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржи 13-то продолжение на 6-тата седница, на кое би требало да се гласа за разрешувањето на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, според вчерашната најава од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Прво, според денешната најава на собраниските служби, ќе одржи продолжението на 8-та седница, на чиј дневен ред се 12 точки, меѓу...

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата за Зврлевски оти била противзаконска

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на претседателот на Собранието, Талат Џафери му достави копија од мислењето на Државната комисија за спречување на корупција, во која се вели дека јавниот обвинител не може да биде разрешен до локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври. Ова мислење на Државната комисија за спречување на корупција на собраниската...

Заев бара од Џафери термин еднаш неделно да одговара на пратенички прашања

Премиерот Зоран Заев му испратил писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое бара спикерот, согласно процедурите на законодавниот дом, да одреди термин за одржување на неделни тематски пратенички прашања со траење од еден час. Ваквото барање, како што наведува Заев во писмото е во контекст на целосното спроведување на планот „3-6-9“, и грижата надзорната функција на Собранието и...

Собрание: Повеќе за Дарко, отколку за Марко

Кадровските решенија на Владата во државните институции и откажувањето од функциите на дел од нив се една од главните теми на кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ меѓусебе си реплицираат на денешното продолжение на седницата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во своите реплики на говорите на своите сопартијци рече...

Утре продолжува седницата за разрешување на Зврлевски, малку шанси за разврска

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и покрај најавата дека собраниската расправа во рамки на шестата седница за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски ќе продолжи и по 18 часот, сепак ја прекина седницата и го закажа продолжението за утре во 11 часот. И денешната седница мина во меѓусебни реплики и контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараа...

Поради годишнината од Рамковниот, Џафери ја презакажа седницата за в понеделник

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се премисли и расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, која требаше да продолжи утре, ја презакажа за в понеделник. На официјалната интернет-страница на Собранието стои дека за утре не се предвидени никакви активности во законодавниот дом, а продолжението на седницата е закажано за в понеделник во 11 часот. Пратениците, како што објави „Телевизија...

Џафери: Додека имаме работа ќе мора да работиме, продолжуваме утре

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не го прифати барањето на кооридинаторот на една од 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, седницата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски да продолжи в понеделник и продолжението на расправата го закажа за утре во 11 часот. Денешното продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвнител помина без тензии, со реплики и...

По бурната и тензична расправија, Џафери закажа саботно продолжение на собраниската седница

Минута по 22 часот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 6-тата седница, на која се расправа за разрешување на Jавниот обвинител Марко Зврлевски, и го закажа следното нејзино продолжение за утре во 12 часот. За разлика од тензичната атмосфера меѓу 19 и 20 часот, кога првин пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата и бараа пауза, по што уследи ...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...