fbpx

Заврши расправата за огласот за нов јавен обвинител, ќе се гласа друг ден

-

Собранието попладнево ја заврши расправата по предлогот за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, откако и последниот пратеник од вкупно 24 пријавени за дискусии го кажа својот став околу ова прашање.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по говорот на Нола Исајлоска-Старова, констатираше дека е исцрпена листата на пријавени за збор и ја прекина седницата, а за тоа кога ќе продолжи и кога ќе се гласа по оваа точка, рече дека ќе информира дополнително.

Спикерот апелираше до комисиите кои расправаат за седумте предлог-закони, меѓу кои се трите социјални закони на Владата – за минимална плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса, а кои се први точки на дневен ред на оваа седницата, да известат до каде се со работата.

Инаку, на дводневната расправа по предлогот за распишување оглас за нов државен јавен обвинител, главно дискутираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараа оваа точка да биде повлечена од дневниот ред и расправата да продолжи по локалните избори.

Пратениците на опозицијата ја обвинија власта за арогантно однесување и за манифеситирање самоволие бидејќи со постапката за избор на јавен обвинител во период кога се распишани локални избори, се крши членот 8-а од Изборниот законик.

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски, реплицирајќи на говорот на Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тој и неговите колеги не дискутираат по точката на дневен ред, туку ги повторуваат изјавите на лидерот на партијата, Никола Груевски, од вчера, но дека „никој не паѓа во несвест“, алудирајќи на момчето кое вчера за момент се онесвести на прес-конфренцијата на Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...