fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Македонска делегација по погребот на романскиот крал Михаи Први

Делегацијата на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска му оддаде почит на починатиот крал, Михаи Први на Романија на миса што се одржа во Кралската палата. Во македонската делегација е и вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и македонската амбасадорка во Романија, Наташа Николова. На мисата присуствуваа високи гости од државата и странство, како и Кралот на Шведска...

Расправата за нов јавен обвинител заврши, гласањето идниот петок

Собранието денеска ја заврши расправата за именувањето на нов државен јавен обвинител, но не гласаше за изборот на Љубомир Јовески за оваа функција. Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери гласањето го одложи за следната недела, односно, како што рече, тоа ќе биде пред почетокот на седницата за буџетот за 2018 година, закажана за следниот петок. Инаку, на денешната расправа во Собранието...

Џафери во Вашингтон се сретнал со претседателот на ИРИ, Твининг

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, кој учествуваше на Парламентарниот безбедносен форум во Вашингтон, на маргините на настанот се сретнал со координаторот на парламентарната група на владејачката партија ГЕРБ во бугарскиот парламент, Цветан Цветанов. На средбата било заклучено дека Бугарија како иден претседавач со ЕУ ја знае важноста на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и затоа...

Џафери се сретна со конгресмените Прајс и Роскам во Вашингтон

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со долгогодишните пријатели на Македонија, конгресмените Дејвид Прајс и Питер Роскам, за време на посетата во Вашингтон, информираат од собраниските служби. Џафери ги информирал соговорниците за развојот на последните политички настани во земјата и за предизвиците со кои се соочува законодавниот дом. „Особен акцент се стави на понатамошната поддршка на истражувачката работа на Парламентарниот...

Ковачевски: Буџетот ќе биде донесен најдоцна до 23 декември

Буџетот за 2018 година може да биде донесен најдоцна до 23 декември, изјави за „Мета“ пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој претседаваше со Комисијата за финансирање и буџет. Тој додаде дека се чека претседателот на Собранието, Талат Џафери, да се врати од Соединетите Американски Држави, околу 15 декември, и во тој период да ја закаже пленарната седница на која ќе...

Џафери – Палмер: Судството да води сметка за интересот на државата и за доброто на граѓаните

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот, Метју Палмер, во Вашингтон разговараше за актуелните политички случувања во Македонија. Двајцата соговорници, како што соопштуваат од кабинетот на Џафери, се согласиле дека судската власт треба да е независна и транспарентна во донесувањето на одлуките, но и да води сметка за интересот...

Средбата кај Иванов беше за идните чекори во евроинтеграциите, тврди Џафери

Синоќешната средба со премиерот Зоран Заев и со лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски, кај претседателот Ѓорге Иванов, беше за да се размисли што ќе биде отсега натаму, во контекст на евроинтеграциските процеси, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Џафери истакна дека средбата траела помалку од три часа и оти ниту еден од присутните...

Заев, Џафери, Ахмети и Груевски кај Иванов се согласиле да градат консензус

Синоќа, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, се сретнале со претседателот Ѓорге Иванов во неговиот кабинет. Од претседателскиот кабинет информираат дека на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања и дека се разговарало за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, која предизвикува...

Бејли: Одговорност за настаните на 27 април, но и презумпција на невиност

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, денеска порача дека Амбасадата на САД будно ги следи настаните поврзани со случувањата во Собранието на 27 април и дека полицијата, обвинителството и правосудниот систем мора да дејствуваат транспаретно, со почитување на највисоките стандарди при изведувањето на овој процес. - Полицијата, обвинителството и правосудниот систем мора да работат транспарентно, со почитување на највисоките...

Комисијата ќе одлучува за имунитетот на пратениците откако Џафери ќе се врати од пат

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе заседава попладне, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе се врати од службеното патување во Шведска, вели претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, за „Мета“. Џафери треба да го отвори барањето од Кривичниот суд за одземање на имунитетот на шестемина пратеници што вчера беа уапсени и да го проследи до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Крсто...

Судот побара од Собранието да им го одземе имунитетот на шест пратеници

Кривичниот суд доставил барање со Собранието за одземање на имунитет на шест пратеници кои Основното јавно обвинителство поради насилствата во Собранието од 27 април годинава ги товари за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Барањата се пристигнати до Собраниетo. Претходно Џафери изјави дека ако добие барање за одземање на имунитет на пратеници, истото веднаш ќе го препрати до надлежната Комисијата за...

Џафери: Ако добијам барање за одземање на имунитетот, ќе постапам во согласност со процедурата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека засега нема добиено барање за одземање имунитет на пратеници кои денеска беа уапсени поради насилствата во Собранието од 27 април. Тој рече дека ако добие такво барање, ќе го препрати до надлежната собраниска комисија. - Доколку до мене биде доставено барање од соодветна надлежна институција од судската власт, јас не можам да избирам...

Собранието ја почна, па ја прекина расправата за именување на јавниот обвинител

Собранието попладнево ја почна расправата за именување на Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, но по образложението на предлогот од заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, и говорот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, ја прекина седницата и за нејзиното продолжение рече дека дополнително ќе извести. Заменик-министерот за правда во образложението наведе дека Јовески...

Именувани замениците на генералниот секретар, јавниот обвинител чека на ред

Собранието на денешната седница ги именуваше Мики Милковски и Мирјана Кацарска за заменици на генералниот секретар на законодавниот дом. Двајцата се дипломирани правници, а Кацарска е со положени правосуден, нотарски и испит за извршители. По ова Собранието ја почна 22. седница, на која ги прифати предлозите на Владата по скратена постапка да бидат усвоени измените на законите за Судскиот совет,...

Собранието се обои портокалово

Собранието на Република Македонија вчеравечер, заедно со голем број знаменитости низ светот, заблеска во портокалово во поддршка на ставањето крај на насилството врз жени и девојчиња, со што беше означен почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. На настанот, кој го организираа Обединетите нации и Собранието на Република Македонија, се обратија претседателот на Собранието, Талат Џафери,...

Прием во Владата за Денот на албанската азбука и честитка од Џафери

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, денеска организира свечен прием по повод 109-годишнината од Конгресот на албанската азбука. На настанот што ќе се одржи во Владата, со почеток во 10 часот, ќе учествуваат доајени на албанското образование, просветни работници и други. Во 15.15 часот владина делегација предводена од вицепремиерот Лика ќе го посети Музејот на...

Џафери – Хан: Приоритет на Собранието се реформите од препораките на Прибе

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го информирал еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, за тековните и за претстојните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со реформските процеси, неопходни за добивање позитивна препорака за почнување преговори за членство во Европската Унија, информираат од кабинетот на Џафери. „Од своја страна, еврокомесарот Хан подвлече дека од суштинско значење е...

Мета: Изборот на Албанец за претседател на Собранието ќе го зајакне соживотот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, истакнал дека го радува фактот што првпат претставник од албанската заедница во Република Македонија е претседател на Собранието и дека извршувањето на оваа висока и важна функција ќе биде само поттик за зајакнување на меѓуетничките односи и за соживотот во Република Македонија, соопштија од...

Буџетот за 2018 година во собраниска процедура ќе влезе на 27 ноември

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, очекува Буџетот за 2018 година да биде усвоен од пратениците до 20 декември. Џафери во изјава за „Алсат-М“ најави дека матичната Комисија за финансирање и буџет првата седница ќе ја закаже на 27 ноември, по што ќе почнат да течат строго утврдените рокови во Деловникот за усвојување на Буџетот. Додека трае комисиската расправа за буџетот...

Џафери: На Собранието да му се овозможи надзор над буџетските расходи

Регионот начелно потфрла кога станува збор за законодавната контрола на јавните расходи и финансиската одговорност. Тоа е оценката на последниот извештај за периодот 2006 до 2016 презентиран на денешната конференција Регионалната конференција на мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграција на Западен Балкан, поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија и Светска банка. Во делот за Македонија за периодот од...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...