fbpx

Ковачевски: Буџетот ќе биде донесен најдоцна до 23 декември

-

Буџетот за 2018 година може да биде донесен најдоцна до 23 декември, изјави за „Мета“ пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој претседаваше со Комисијата за финансирање и буџет.

Тој додаде дека се чека претседателот на Собранието, Талат Џафери, да се врати од Соединетите Американски Држави, околу 15 декември, и во тој период да ја закаже пленарната седница на која ќе се расправа за буџетот за следната година.

– Расправата во Собранието треба да трае до пет работни дена. Ако претседателот Џафери ја закаже седницата околу 18 декември и опозицијата учествува во расправата, најдоцна до 23 декември буџетот ќе биде донесен. Доколку опозицијата не учествува, донесувањето на буџетот може да биде и порано – изјави Ковачевски.

По завршување на расправата за предлог-буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, тој утре ќе се најде пред Законодавно-правната комисија во Собранието, која амандманите треба да ги разгледа од правен аспект. Потоа предлог-буџетот ќе се врати во Владата, која во рок до пет дена треба да го врати во Собранието.

-Утре, штом Законодавно-правната комисија ќе го разгледа предлог-буџетот од правен аспект, тој се враќа во Влада, која може да направи дополнувања по однос на шесте прифатени амандмани. Законскиот рок за дополнувањата во Влада пет дена. Потоа буџетот се враќа во Собрание – додаде Ковачевски.

Комисиската расправа за предлог-буџетот се одвиваше без опозицијата, а пратениците прифатија четири амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и два на Беса, што се однесуваат на субвенции за печки на пелети, ТИР-зоната во Куманово, изградба на колекторски систем во Неготино, решавање на проблемот со депонијата во Струга, изградба на детски парк во Нерези, Општина Карпош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...