Таг: судија

таг: судија

Рибарев: Интензивна, брза и успешна штипска и „штапска“ кариера

Новиот в.д. претседател на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, по поминати одвај шест месеци како судија на Врховниот суд, се најде во жешкото претседателско столче на Кривичниот суд, односно во Основниот суд Скопје 1, каде се процесуираат предметите на Специјалното јавно обвинителство. Штипскиот судија, кој во улога на претседател ќе менаџира со најважните кривични предмети, во целата своја судиска кариера работел...

По три часа распит, Кочан си замина – најверојатно нема притвор

Три часа траеше распитот на бизнисменот Сеад Кочан, пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Тој, заедно со Василије Авировиќ и со уште едно лице, е осомничен во случајот „Труст“ што Специјалното јавно обвинителство го отвори во вторникот. Зградата на судот Кочан ја напушти од споредниот источен влез и не сакаше да даде изјава. Засега нема информации од судот...

Сеад Кочан пристигна на распит во судот за случајот „Труст“

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, попладнево во 13 часот дојде во Кривичниот суд во Скопје. Тој и Василије Авировиќ се двајцата осомничени во случајот „Труст“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара од судот да им биде одредена мерка притвор. Бизнисменот Кочан во судот влезе на главниот влез, придружуван од адвокатот Никола Додевски, кој е бранител на поголем...

Федералниот суд привремено го суспендираше указот на Трамп

Судија во американскиот Федерален суд привремено ја запре депортацијата на луѓето со визи или на бегалци, кои останале заробени на разни аеродроми низ светот, по најновиот указ на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека државјани од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и од Јемен не можат да влезат во САД. Одлуката била донесена врз основа на тужбата на американската Унија за граѓански...

Едномесечен притвор за стружанец за шверц на марихуана

Македонскиот државјанин Е.М. заработи кривична пријава поднесена до Основното јавно обвинителство во Струга, како и едномесечен притвор за шверц на марихуана. Пријавениот на 9 октомври годинава со македонски автомобил се пријавил за влез во земјава на граничниот премин Ќафасан, кај Струга. При извршениот преглед, во багажниот простор под резервната гума биле пронајдени четири најлонски пакетчиња наполнети со зелена растителна материја. Сите 12...

Судијата Иван Џолев поднел кривична пријава против колега од Кривичниот суд Скопје

Судијата Иван Џолев од Основниот суд Скопје 1 поднел кривична пријава против судија од истиот суд, за кривично дело поврзано со вилијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства, пишува „Дојче веле“. „Поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го откријам идентитетот ниту, пак, ќе ги кажам иницијалите на судијата против кој ја поднесувам кривичната пријава. Сепак, сметам дека е потребно...

Кој е Никола Ивановски, новиот и „најбрзиот“ претседател на Уставниот суд во историјата

Никола Ивановски е новиот претседател на Уставниот суд, кој денеска на колегиумот на судот е избран со двотретинско мнозинство. Тој ја наследи Елена Гошева, чиј мандат завршува на 1 ноември. Ивановски, кој важеше за фаворит на Гошева, за уставен судија е избран во 2012 година. Новиот претседател на Уставниот суд, Никола Ивановски, пред да стане член на судот (1 јуни 2012 година), својата...

Новиот судија во Стразбур се правда, а за Најчевска одлуката е „срамна и бедна“

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера со 106 гласа „за“ го избра шефот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, за нов судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур од Македонија. Уставната судијка, Нашата Габер-Дамјановска, на која Комисијата за избор на судии пред 10 дена ѝ даде предност и во трката влезе...

ПССЕ го избра Јован Илиевски за судија во Стразбур

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска со 106 гласа „за“ го избра обвинителот во македонското Обвинителството за организиран криминал, Јован Илиевски, за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Освен Илиевски, кандидати за судија беа и судијката од Уставниот суд, професорката Наташа Габер-Дамјановска, која добила 86 гласа, како и Звоимир Јанкуловски. Претходно, Комисијата за избор на судии...

Турски судија пребегал во Грција и бара азил

Сè поголем е бројот на турски граѓани кои бараат азил во Грција. Грчката полиција уапси 50-годишен турски судија на островот Хиос, кој нелегално влегол во државата со група бегалци и барал азил за да биде заштитен од режимот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турскиот судија пристигнал на Хиос заедно со чамец со шест бегалци од Сирија, кои патувале од Турција...

Шилегов: Кривичниот совет да го укине незаконското решение на Поп-Стефанија

Назначувањето на Александра Поп-Стефанија за судија во организиран криминал е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и на правилникот за работа на Судот, соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Портпаролот на СДСМ рече дека незаконска е и одлуката што ја донела Поп-Стефанија да се прогласи Специјалното јавно обвинителство за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за...

Јанева во Палермо на комеморација во чест на судијата Фалконе

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во Палермо, Италија учествува на комеморацијата во чест на сицилијанскиот истражен судија Џовани Фалконе, кој на денешен ден пред 24 години беше убиен во атентат организиран од мафијата, чии членови ги гонеше Фалконе, заедно со неговиот соработник Паоло Борселино. Организатор на комеморацијата, како што соопштија од СЈО, е Фондацијата „Франческа Морвиљо Фалконе“, а во...

Кривичен суд: Нема законски пречки Бошкоски порано да излезе од затвор

Не постојат законски пречки за Љубе Бошкоски да излезе од затворот „Идризово“ три месеци пред истекот на петгодишната казна за случајот „Кампања“, рече денеска судијата Илија Трпков, кој го суди предметот „Ровер“ во кој еден од обвинетите е Бошкоски. Како што пренесува „Академик“, одбраната на Бошкоски уште во февруари годинава го испратила барањето до управата на затворот, која го добила...

СДСМ: Ниту еден судија „од тефтерчето“ нема да ја спаси криминалната банда од одговорност

Граѓаните знаат дека дното на македонското судство е постигнато со ВМРО-ДПМНЕ, многу одамна. Но, секоја ваква нова скандалозна одлука на партиските послушници на Никола Груевски инсталирани во судството се уште е доказ за тоа колку тешко пробива правдата - се вели во соопштението на СДСМ. Од таму додаваат дека „криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години е целосно...

СЈО предлага да се воведе ново кривично дело – попречување на правдата

Специјалното јавно обвинителство предлага измени на Кривичниот законик и воведување ново кривично дело – попречување на правдата, поради, како што велат, континуираните опструкции на работењето на ова jавно обвинителство. „Би сакале да ѝ појасниме на јавноста дека во согласност со членот 9, став 9 од Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на...

Нови кривични пријави против обвинители од Специјалното обвинителство

Против обвинители во Специјалното јавно обвинителство, поднесени се нови кривични пријави, објавуваат медиумите. Пријавите се од лица од Свети Николе кои биле повикани на разговори и кои се жалеле дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани. Пријавите се за малтретирање при вршење на службата, според член 143 од Кривичниот законик. Претходно против вработени во Специјалното јавно обвинителство беа поднесени повеќе...

Судија од Охрид осомничен за примање поткуп

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 56-годишниот Р.С., судија во Основниот суд Охрид, поради постоење основан сомнеж дека примил поткуп. Според полициските информации, осомничениот судија, кој постапувал по граѓански предмет, на 25 јануари годинава од вработен во локална фирма, која била тужена странка во случајот, побарал и примил поткуп од 5.000 денари за да пресуди во корист...

Јово Вангеловски назначен за член на комисијата за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители

Поранешниот претседател на Врховниот суд и актуелен судија во овој суд, Јово Вангеловски, е назначен за член на комисијата за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители од управниот одбор на Здружението на судии на Република Македонија. Според соопштението на Здружението на судии, предложена била судијката Снежана Ѓорѓиевска-Зекирија, но бидејќи таа е член на комисија за приемен испит,...

Дванаесетмина уапсени во полициската акција, Обвинителството почнало истрага

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција почнало истрага против 12 осомничени, приведени во полициската акција што ноќва и утринава беше спроведена во повеќе градови во земјава, соопшти Јавното обвинителство. Еден од осомничените во акцијата е судија на висока позиција во Основниот суд Куманово, кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување. „Едно од...

Лидија Ивановска е нов претседател на Вишиот управен суд

Судскиот совет избра нов претседтел на Вишиот управен суд во Скопје. Тоа е Лидија Ивановска, досегашна судијка на Управниот суд, која доаѓа на местото на Розалија Кочковска која го водеше судот во периодот јули 2011 - јули 2015 година, пишува „Нова тв“. Лидија Ивановска има 55 години, работела како стручен сооработник во Окружниот и во Врховниот суд, а за прв...

Путин му честиташе на Трамп за победата на изборите, го нарече „храбар“

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. За време на широко обраќање на настан во градот Сочи, Путин го нарече...