fbpx

СЈО предлага да се воведе ново кривично дело – попречување на правдата

-

Специјалното јавно обвинителство предлага измени на Кривичниот законик и воведување ново кривично дело – попречување на правдата, поради, како што велат, континуираните опструкции на работењето на ова jавно обвинителство.

„Би сакале да ѝ појасниме на јавноста дека во согласност со членот 9, став 9 од Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, сите тела за спроведување закони се обврзани да обезбедат помош по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во согласност со Законот за кривична постапка. Со оглед на фактот што ваквата законска обврска воопшто не се почитува, иако на истата постојано укажуваме во нашите барања, и со таквото постапување се попречуваат правдата и спроведувањето на истрагите, сметавме дека е неопходен посериозен механизам за санкционирање, поради што и се предлага измената на Кривичниот законик“, стои во денешното соопштение на СЈО.

Инаку, денеска Специјалното обвинителство обвини за опструкции од десетина институции врз нивната работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...