fbpx
Таг: струја

таг: струја

Тендерот за струјата не е за Анѓушев, тој веќе две години не е газда на ЕДС

Насловот „Анѓушев од функционер пак газда, а Шеќеринска за да му тргне бизнисот го мотивира со тендер од 1,6 милиони евра?!“ дезинформира бидејќи поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев повеќе не е сопственик на „Енерџи деливери солушн ЕДС“ ДООЕЛ, фирма со која Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка на струја. Имено, Анѓушев го продаде ЕДС...

ЕСМ: Цената на струјата која ќе му ја продаваме на универзалниот снабдувач не е зголемена

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) е избрана за најдобар понудувач на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2020 година. Цената изнесува 34,5 евра по мегават час електрична енергија. „Понудената цена беше утврдена од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, за што беше известена Владата како сопственик, која го...

Цената на приклучокот за струја се намалува од 500 на 370 евра

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одобри новиот ценовник за стандардни приклучоци и новиот трошковник на ЕВН за електрична енергија со кој за 26 отсто се намалува цената за стандарден приклучок. -Со новиот ценовник за стандадни приклучоци, цената ќе изнесува 370 евра што е намалување од 26 проценти - рече претседaтелот на РКЕ, Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека...

Анѓушев: РЕК Битола годинава заштеди 10 милиони евра и произведе 15 отсто повеќе струја

Од почетокот на годинава досега, РЕК Битола ги натфрлила предвидувањата, произведувајќи 15 отсто повеќе струја отколку што било прогнозирано. Притоа цената за киловат час била пониска за 10 отсто од предвиденото, со што од 1 јануари досега се заштедени околу 10 милиони евра, се пофали вчера вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по посетата на најголемиот производител на струја...

Почнува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија „ЕВН Хоум“

Од денеска стартува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија „ЕВН Хоум“, информираат од компанијата. „Новооформената компанија ќе ги снабдува со електрична енергија корисниците кои не избрале снабдувач на либерализираниот пазар. Поточно, отсега „ЕВН Хоум“ ќе ги опслужува сите домаќинства и бизниси со помалку од 50 вработени и вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра кои не избрале свој...

EЛЕМ: Дебар утре без струја, заради сервисирање на трансформаторот

Компанијата ЕЛЕМ информира дека утре во Дебар ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија од 10 до 18 часот, заради сервисирање на трансформаторот преку кој градот се снабдува со струја. „Станува збор за редовно сервисирање на регулациона склопка од регулациониот 110/35 киловолтен трансформатор кој се наоѓа во хидроелектраната Шпилје, која постапка почна минатата недела и за која е потребно...

Струјата може многу да поскапи ако продолжи производството од јаглен

Може да се очекуваат големи поскапувања на струјата доколку производството базирано на јаглен не се замени со производство од други економски и еколошки поисплатливи извори. Ова е главната порака што Европската енергетска заедница ја упати до нашата земја и другите држави од Југоисточна Европа и од регионот на Црно Море кои треба да станат дел од внатрешниот енергетски пазар...

Компанијата ЕВН Македонија избрана за Универзален снабдувач со електрична енергија

Конзорциумот составен од ЕВН Македонија и ЕВН електроснабдување е избран за најдобар понудувач на електронската аукција за јавно поддавање за избор за универзален снабдувач со електрична енергија што се одржа утрово. На аукцијата учествуваше и ЕЛЕМ трејд ДООЕЛ Скопје. Претседателот на Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, академик Глигор Каневче, информираше дека ЕВН понудиле најниска маржа, односно...

Заев: Постои волја да избришеме долгови за струја од 110 милиони евра на 200.000 граѓани

Премиерот Зоран Заев на трибината „Силна економија - шанса за сите“ во Охрид соопшти дека, Владата има прогрес во преговорите со компаниите ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја настанати до 2006 година, за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринт со проблеми од извршители и блокирани сметки. „Кога правно формално ќе го потпишеме договорот, јавно...

ЕБОР одобри 5,9 милиони евра кредит на ЕЛЕМ за изградба на фотоволтаици во Осломеј

ЕБОР одобри кредит од 5,9 милиони на компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост - ЕЛЕМ, која планира да ја изгради првата поголема плантажа со соларни панели за производство на електрична енергија, која ќе биде изградена на поранешен искористен рудник за јаглен. Останатите средства до 7 милиони евра, ќе бидат обезбедени од ЕЛЕМ. - Фотволтаиците ќе имаат капацитет...

Владата размислува да го зголеми „минималецот“

Владата размислува да го зголеми прагот на загарантирана минимална плата, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, како ќе го постигнат ветениот просек на платата од 500 евра. „Владата има намера за дополнително носење на одлука за растот на минималната плата за оваа година“, одговори накратко Заев. Министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека „главната борба на оваа влада е...

За универзален снабдувач со струја конкурираа ЕВН и ЕЛЕМ

Австриската ЕВН, преку две свои компании - ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електро снабдување - како и ЕЛЕМ, преку компанијата ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ, се двата правни субјекта кои конкурираат за Универзален снабдувач со електрична енергија, стана јасно на денешното отворање на понудите во Владата. Комисијата со која претседава академик, проф д-р Глигор Каневче, констатираше дека двете понуди се...

МЕПСО ќе вложи 1,1 милиони евра во модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“

Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во наредните 20 години со модернизацијата на трансформаторската станица „Прилеп 1“ во која МЕПСО вложува 1,1 милиони евра. По тој повод денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“ договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од...

Утре истекува рокот за пријавување на компаниите за универзален снабдувач со струја

Утре е крајниот рок на кој компаниите може да се пријават на тендерот за универзален снабдувач со струја, што Владата го распиша во септември согласно новиот Закон за енергетика. Најпрво, рокот за аплицирање беше до 3 декември, но тој беше пролонгиран на барање на енергетската заедница. Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, неодамна изјави дека РКЕ била должна да ги подготви...

Koнкурентите за универзален снабдувач со струја може да аплицираат до 3 декември

Компаниите снабдувачи со електрична енергија најдоцна до 3 декември треба да аплицираат на јавниот тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија што Владата го распиша во септември, согласно новиот Закон за енергетика. -Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) нема информации кои од снабдувачите се заинтересирани да се пријават на огласот. Ние само бевме должни да ги подготвиме критериумите врз...

Владата ја почна постапката за универзален снабдувач со струја за домаќинствата

На вчерашната 83. седница, на која беше донесена и одлуката за кампањата за референдумот, Владата одобрила да почне постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ќе се формира Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, во која треба да има претставници на Кабинетот на премиерот, кабинетот на вицепремиерот за економски...

ЕЛЕМ продаде нови вишоци на електрична енергија за околу 2 милиони евра

ЕЛЕМ на 4 јули продаде вишоци електрична енергија во количина од 35.400 мегават-часови, за вкупна сума од 2.079.000 евра, информираше денеска директорот за производство на ЕЛЕМ, Благојче Трповски. Просечната цена која била постигната изнесувала 58.73 eвра за мегават-час. - Сакам да нагласам дека ова е четврта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. Во првата половина на 2018 година,...

Заев: Со новиот Закон за енергетика, и домаќинствата може да произведуваат струја

Владата преку новиот Закон за енергетика ја отвори можноста секое домаќинство и компанија, да има можност да инсталира фотоволтаична централа и за сопствени потреби да произведува електрична енергија, а понатаму вишоците струја да ги продава на слободниот пазар. Ова денеска го истакна премиерот, Зоран Заев кој присуствуваше на промотивен настан во организација на „ЕВН Македонија“ на кој што беше претставена...

Струјата поевтинува за 0,1 проценти

Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти, a ќе важи од 1 јули. Одлуката ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што соопшти новиот претседател на РКЕ, Марко Бислимоски, цената по која што струјата ќе ја продава државниот производител ЕЛЕМ се намалува за 3,39 проценти, цената на АД МЕПСО за дистрибуција се...

Анѓушев: Никој не може да каже дали струјата ќе биде поевтина

Никој со сигурност не може да каже дали цената на електричната енергија во иднина ќе биде пониска. Тоа е како да прашате, дали цената на нафтата или на некој метал ќе биде пониска, одговори денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев на новинарско прашање во врска со цените на струјата согласно новиот Закон за енергетика. - Сепак можам да гарантирам дека...

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...