fbpx

Цената на приклучокот за струја се намалува од 500 на 370 евра

-

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одобри новиот ценовник за стандардни приклучоци и новиот трошковник на ЕВН за електрична енергија со кој за 26 отсто се намалува цената за стандарден приклучок.

-Со новиот ценовник за стандадни приклучоци, цената ќе изнесува 370 евра што е намалување од 26 проценти – рече претседaтелот на РКЕ, Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека досега цената изнесуваше 500 евра.

Тој додаде дека со новите мрежни правила за дистрибуција се зголемува опсегот и опфатот на домаќинствата кои ќе се стекнат со статус на стандарден приклучок.

-На тој начин повеќе нема да има цена за стандарден приклучок од преку 2.000 евра за категории на граѓани кои живеат во подрачја каде не се донесени детални урбанистички планови – појасни Бислимоски.

За повеќе од 75 проценти се намалува и трошокот за повторно приклучување на корисниците кои се исклучени поради ненавремено плаќање на сметките за електрична енергија.

-Тој трошок досега изнесуваше 1.740 денари или околу 2.500 денари за итно приклучување во текот на денот, а сега ќе изнесува околу 440 денари. Приклучувањето сега ќе биде во најбрз можен рок како што е наведено во мрежните правила за дистрибуција. На овој начин на најранливите категории на потрошувачи кои имаат проблем со плаќањето на сметките им овозможуваме  своите трошоци за електрична енергија да ги плаќаат и да не се доведуваат во ситуација да даваат непотребно високи средства за повторен приклучок – додаде Бислимоски.

Се намалува и цената за промена од монофазен во трофазен приклучок и наместо 500 евра како десега, ќе се наплаќа по 200 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...