fbpx

Тендерот за струјата не е за Анѓушев, тој веќе две години не е газда на ЕДС

-

Насловот „Анѓушев од функционер пак газда, а Шеќеринска за да му тргне бизнисот го мотивира со тендер од 1,6 милиони евра?!“ дезинформира бидејќи поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев повеќе не е сопственик на „Енерџи деливери солушн ЕДС“ ДООЕЛ, фирма со која Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка на струја. Имено, Анѓушев го продаде ЕДС на грчкото електростопанство, односно грчката национална компанија за производство на струја „ППЦ“ на 25 април 2018 година, пишува „КриТинк“.

Текстот има тенденција на ширење на дезинформации и замижување пред фактот дека поранешниот вицепремиер Анѓушев не е повеќе сопственик на ЕДС и оттука неможноста Шекеринска да му плати 1.600.000 евра за потрошената струја.  Согласно законските обврски Министерството за одбрана мора да спроведе јавна набавка за снабдување со електрична енергија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги демантираше изнесените тврдења.

„Согласно законските обврски Министерството за одбрана спроведе јавна набавка за снабдување со електрична енергија. На огласот се јавија четири фирми кои учествуваа на електронска аукција во која значително се намали цената. Од првичните понуди кои изнесуваа помеѓу 95 и 116 милиони денари, поради конкуренцијата цената се намали на 77,7 милиони денари. Тоа значи околу 18 милиони денари помалку од првичната најниска понуда. Со ова Министерството за одбрана ќе оствари заштеда и во однос на претходните трошоци за таа намена и во однос на постигнатите цени во други институции“, се вели во демантот на Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...