fbpx

EЛЕМ: Дебар утре без струја, заради сервисирање на трансформаторот

-

Компанијата ЕЛЕМ информира дека утре во Дебар ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија од 10 до 18 часот, заради сервисирање на трансформаторот преку кој градот се снабдува со струја.

„Станува збор за редовно сервисирање на регулациона склопка од регулациониот 110/35 киловолтен трансформатор кој се наоѓа во хидроелектраната Шпилје, која постапка почна минатата недела и за која е потребно подолго време поради настанат дефект на дел од опремата. Сервисирањето го врши овластениот сервисер „Кончар ИНГ“ од Хрватска, кои во најкус рок обезбедија резервен дел, и истиот ќе го заменат во трансформаторот во текот на утрешниот ден“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Од компанијата нагласуваат дека сервисирањето е од најголемо можно значење, имајќи предвид дека без регулациона склопка постои ризик од избивање на мрежата, настанување на целосно оштетување на електичните апарати на корисниците, долготрајно останување без струја на Дебар и сериозни можни последици за целиот електроенергетски систем на земјата со загрозување на неговата стабилност.

„Од тие причини, зафатот во текот на утрешниот ден е неопходен и граѓаните се замолуваат за трпеливост и соработка со институциите заради своја лична сигурност и сигурност на нивниот имот“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...