fbpx
Таг: Стевчо Јакимовски

таг: Стевчо Јакимовски

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека од надлежен јавен обвинител до...

Побаран притвор за Стевчо Јакимовски и уште двајца за бесправни легализации

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) до судија на претходна постапка од Кривичен суд - Скопје побарало притвор за тројца од утрово приведените. Од соопштението од Обвинителството, сепак се дознава дека притвор е побаран и од поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој беше приведен. Тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба и овластување,...

Уапсени Стевчо Јакимовски и уште седум лица

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, утрово е уапсен, заедно со уште седум други лица. Двајца од приведените се вработени во Општина Карпош, а меѓу останатите петмина има и бизнисмени, дознава „Мета“. Јакимовски и другите уапсени денеска треба да бидат изнесени пред судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје, потврдија од Јавното обвинителство. Повеќе...

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски за преселените општински бараки

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на Општина Карпош и уште две лица од градежни фирми, товарејќи ги за бесправно градење. Пријавите се поднесени поради демонтажа на две од старите општински бараки и нивно повторно поставување во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“ во 2012 и 2013 година. Според пријавата,...

Обвинителство бара мерки за претпазливост за Јакимовски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски и уште четворица обвинети од Основниот суд бара да им бидат определени за претпазливост по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција за злоупотреба на службената положба. Доколку судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството, обвинетите ќе имаат обврска повремено да се...

Кривични пријави за Јакимовски и четиримина поранешни соработници

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување доби лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, поради три спроведени јавни набавки во текот на мандатот како градоначалник на Општина Карпош, поднесе денеска Управата за финансиска полиција, откако вчера се вршеа претреси во неговите куќи. Покрај пријавата за него, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се...

Стевчо Јакимовски приведен, чека распит пред судија

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, синоќа половина час пред полноќ, е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје. До крајот на денот се очекува да биде изведен пред судија на претходна постапка. Според Виктор Цветковски, адвокат на поранешниот градоначалник, ова е атак врз политичкиот ангажман на Стевчо Јакимовски. Финансиската полиција вчера влезе во неколку станбени...

Јакимовски: Предавници имало и ќе има, а хиените секогаш ќе бидат лешинари

Да се сака земјата и народ е гревот што се става на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на тие што ја водеа оваа влада, но таков грев не може да има. На власт сега дојде режим кој е подготвен да продаде се само за да владее, рече Стевчо Јакимовски од ГРОМ на 16. вонреден Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово. – Сакам...

Јакимовски пријавил дека вработен ги сменил бравите на две простории во Општина Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевчо Јакимовски, вчера во полиција пријавил дека вработен во администрацијата на Општината ги украл клучевите од просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки и ги сменил бравите. Во полицискиот билтен се наведува дека Јакимовски пријавил дека А.З. без никакво овластување и знаење, ги зел клучевите од просториите на архивата и на комисијата...

Полицијата ги испратила доказите за нападот на Стевчо Јакимовски во Обвинителството

Три дена по нападот на лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој се случи во неделата вечерта пред штабот на партијата, МВР денеска соопшти дека случајот е обработен и дека доказните материјали се испратени во скопското обвинителство. Јакимовски по нападот рече дека бил нападнат од Сеад Рахиќ, брат на поранешниот пратеник и висок функционер на СДСМ, Есад Рахиќ, а според...

Јакимовски: Полицијата насилно упадна, од Општината собиравме лични работи

Досегашниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција обвини дека полицијата „под водство на режимот на Зоран Заев“ насилно упаднала во Општина Карпош додека неговите колеги пакувале лични работи. Тој рече дека некој им јавил на вработените во Општината дека денеска ќе се случи примопредавањето на градоначалничката функција и дека затоа тие пакувале работи од кабинетот на Јакимовски. -...

ВМРО-ДПМНЕ: Насилствата продолжија – тоа е животот што СДСМ го ветуваше

„Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот што го ветуваше СДСМ“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска, во првото соопштение во последните 36 часа, откако претходно партијата беше во молк по говорот на нејзиниот претседател Никола Груевски. „Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, од страна...

СДСМ Карпош го осуди инцидентот пред штабот на ГРОМ

Општинската организација на СДСМ од Карпош преку соопштение го осуди насилството и синоќешниот инцидент што се случи пред штабот на политичката партија ГРОМ, каде едно лице излезе од автомобил, извади лисици и нож и им се закануваше на присутните. „Очекуваме надлежните институции во најкус рок да го расчистат случајот докрај и сите виновници да бидат изнесени пред лицето на правдата...

Јакимовски го повика ОЈО да го гони лицето што синоќа се закануваше пред штабот на ГРОМ

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, бара кривично да биде гонет напаѓачот што синоќа во штабот на партијата, на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, извадил лисици и нож и им се заканувал на присутните. Јакимовски вели дека тоа што полицијата поднела прекршочна, а не кривична пријава против напаѓачот, покажува дека СДСМ го штити криминалот. - Тие што дојдоа да се тепаат се хулигани, бивши...

Хелсиншки најави кривична пријава против Јакимовски поради говор на омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најавија дека ќе поднесат кривична пријава против кандидатот за градоначалник од ГРОМ и досегашен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради говор на омраза. „На 13 октомври 2017 година, на митинг во предизборна кампања, кандидатот за градоначалник и досегашен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски,...

ВМРО-ДПМНЕ во Карпош го поддржува Стевчо Јакимовски, во Кратово – Мите Андоновски

ВМРО-ДПМНЕ попладнево го објави комплетниот список на сите кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори. Кандидатите, инаку, беа соопштувани во изминатите денови на повеќе прес-конференции. Во четири општини партијата ќе поддржи други кандидати и го повика членството да гласа за нив. Така, во Карпош партијата ќе го поддржи актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кој ќе настапи како кандидат...

Јакимовски ја задолжил Општина Карпош за 10,5 милиони евра, обвини СДСМ

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и „неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ“ ја задолжиле Општината за 10,5 милиони евра, обвинија денеска од општинската организација на СДСМ во Карпош. Од СДСМ велат дека официјалните извештаи на Општината и завршните сметки покажуваат дека само во 2016 година долгот се искачил за нови 5 милиони евра. - Непознато е каде отидоа овие пари, кога изминатата...

СДСМ: Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај исто како Груевски

Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на градоначалникот на општина Карпош за „Радио Слободна Европа“. Од СДСМ велат дека на парламентарните избори на 11 декември граѓаните на Карпош кажале што мислат за работата на Јакимовски и на...

Јакимовски: Загадувањето во Карпош доаѓа од другите општини

Загадувањето во општина Карпош претежно доаѓа од другите - соседни општини, каде што домаќинствата користат дрва, ќумур или друг начин на греење, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Загадувањето не е проблем на една општина во Скопје. Загадувањето е проблем од Шар Планина па се до Дервенската клисура. Значи мерки мора да...

Уште 7 дена и Македонија ќе си ја врати својата сувереност, порача Груевски од Струмица

Изборите на 11 декември имаат референдумско значење и од нив зависи каква иднина ќе имаат и во каква држава ќе живеат нашите деца и внуци, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 4, Никола Груевски, на вечерашниот митинг на партијата и на Коалицијата за подобра Македонија во Струмица. Груевски исткакна дека остануваат уште седум дена до...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...