fbpx

Уште 7 дена и Македонија ќе си ја врати својата сувереност, порача Груевски од Струмица

-

Изборите на 11 декември имаат референдумско значење и од нив зависи каква иднина ќе имаат и во каква држава ќе живеат нашите деца и внуци, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 4, Никола Груевски, на вечерашниот митинг на партијата и на Коалицијата за подобра Македонија во Струмица.

Груевски исткакна дека остануваат уште седум дена до изборите „на кои државата комплетно ќе си ја врати својата самостојност и сувереност“.

– Кризата полека се движи кон својот крај, но нејзиниот крај ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата за подобра Македонија. Така ќе се запре кризата и ќе се стави крај на планот за мрачни сценарија за редефинирање на државата – рече Груевски.

Тој пред струмичани порача дека гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за нови 70.000 работни и голем број економси проекти, изградба на патишта, спортски игралишта, нови болници и медицинска опрема и повисоки плати и пензии.

– На овие парламентарни избори кои се пред нас, изборот е помеѓу две алтернативи. Едната опција е онаа која создаваше кризи, а другата се тие што и покрај сè се трудеа да работат, да помагаат, да создаваат и покрај сите пречки и опструкции. Едните кои сееја омраза и поделеност и другите кои и покрај сè, работеа на конкретни проекти и мерки кои го подобруваат вашиот живот. На крај на сето ова секој од вас треба да се праша самиот: со кого ќе ви биде вам лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно, кој има подобар кадар и подобра програма, кој држи повеќе до зборот, кој ќе отвори нови работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, кому повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнете назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро? Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави – рече Груевски.

На митингот во Струмица зборуваше и градоначалникот на општината Карпош и претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, кој го обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека барал 250.000 евра поткуп од австриска фирма.

– Во Струмица и во Струмичко, тендерот за управување со цврст отпад го доби австриската фирма „Аса интернешнл“. Јас бев нејзин консултант. Од мене побара 250.000 евра и му кажав дека тоа не е можно, дека тоа е голема фирма и нема шанси за такви работи. Следниот пат дојде и ми даде ливче на кое пишуваше 50.000 евра за изградба на црквата, 50.000 ерава за спортот во Струмица, 50.000 евра за културата и 100.000 евра за него лично – рече Јакимовски.

Кандидатот за пратеник од четвртата изборна единица, Васил Пишев, рече дека на Заев не може да му се верува и да служи како пример бидејќи делови од Струмица и од Струмичко немаат канализација, а на вработените во неговите фирми им исплаќа ниски плати.

– Во Дабиле ставил асфалт до пола пат каде што живеат гласачи на СДСМ, а кај што живеат гласачи на ВМРО-ДПМНЕ нема асфалт. Дабиле нема канализација, Муртино, исто така. Патиштата се како хармоника. Тоа ли е личен пример? Пример ли е да бидеш единствен аболиран криминалец во Македонија? Да имаш пола фирми во Струмица, да правиш милиони, а на луѓето вработени кај тебе да даваш едвај 8-9 илјади денари и тоа на рати – рече Пишев, додавајќи дека на 11 декември граѓаните имаат историска одговорност – да ја зачуваат Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...