fbpx
Таг: ССНМ

таг: ССНМ

ССНМ: Потребен е пакет на мерки за помош на новинарите и медиумските работници

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е потребен пакет на мерки за помош на македонските медиуми, со кои ќе се гарантира дека оваа помош ќе стигне директно до вработените погодени од Ковид-19 кризата во земјава. Од ССНМ предлагаат три точки, при што како прво го акцентираат целосно ослободување од придонесите за вработените во медиумите кои не...

Регионалните и локалните телевизии од денеска во штрајк – и тие бараат помош од владата

Регионалните и локалните телевизиски станици кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, а се членки на здружението „Медиум објектив“, од денеска стапуваат во штрајк со едночасовен прекин на програма во периодот од 19 до 20 часот. Штрајкот ќе трае секојдневно, а во позадината на црниот екран ќе биде испишан текст: „ШТРАЈК поради нееднаков третман на Владата на...

Новинарската заедница реагира: Фондот за поддршка на медиумите мириса на корупција

Новинарските организации и кабелските оператори се вознемирени од владината најава за формирање фонд за помош на медиумите поради кризата со корона-вирусот, бидејќи таквата мерка може да влијае врз независноста на медиумите. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во принцип се против јавни пари во медиумите, особено ако тоа се прави...

МРТ треба да вработи повеќе новинари, да отвори дописнички центри во земјава и да има дописници од регионот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) не се изненадени од податоците во најновиот Правилник за систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), кој покажува дека на јавниот сервис му недостигаат 469 вработени, од кои 202 се новинари. Според информациите на ЗНМ, нема јавно достапна анализа од службите во МРТ за...

Избори се ближат, вербални напади и закани кон новинари се нижат

Лани три, а од почетокот на годинава до денес за ист број месеци се регистрирани седум вербални напади и закани врз новинари, коишто биле пријавени во Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Од Здружението за „Мета.мк“ посочуваат дека бројот на вербални напади и закани врз новинарите е во пораст, и тоа во услови кога во последниве две години е забележан...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ се против избрзани решенија за финансирање на медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) сметаат дека Владата треба да се воздржи од избрзани и недоволно обмислени решенија во медиумската сфера, особено во период на предизборие. „Економската криза предизвикана од корона вирусот влијае на кревката финансиска моќ на медиумите генерално и затоа...

ССНМ е згрозен од нападите, навредите и клеветите врз новинарката Мирослава Бурнс

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), порача дека, најблаго кажано, е згрозен од нападите, навредите и клеветите изнесени на порталот „ДоказМ.мк“ кон новинарката Мирослава Бурнс. „Згрозени сме од речникот употребен во текстовите на овој портал, кој ниту во најблага варијанта не може да се смета за соодветен во јавниот дискурс, а особено сме згрозени од сексистичките навреди и...

Синдикатите незадоволни: Владата не ги прифати нашите забелешки за третиот пакет мерки

Повеќе синдикати, граѓански организации и здруженија не се согласни со третиот пакет мерки за економска помош на Владата и реагираат дека е тој донесен без усогласување со нивните ставови и барањата, посочени на заедничкиот состанок со владините претставници. Во нивното заедничко соопштение стои дека Владата не прифатила ниту една од дадените забелешки. „Особено сме незадоволни од мерката за паричен надоместок...

ЗНМ и ССНМ ги повикаа истражните органи да постапуваат по заканите кон Иванов, Стојановска, Додевска

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудува вербалните закани кон новинарот Мишко Иванов, испратени до него на социјалната мрежа Фејсбук. „Вчеравечер, веднаш по завршувањето на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, извесен Бобан Петровски испратил порака полна со говор на омраза и закани до новинарот на ТВ „24“. Откако Иванов ја објави пораката...

Владата и ССНМ се разидоа за извештајот на „Репортери без граници“

Кон крајот на април „Репортери без граници“, го објави извештајот за состојбата со слободата на медиумите во светот, во кој Северна Македонија е рангирана на 92. место, од вкупно 180 земји. Тие сметаат дека нашата земја во последната година има забележано мал напредок во поглед на медиумските слободи споредено со 2019 година, кога бевме рангирани на 95 место. Најлошо рангирани...

ЗНМ и ССНМ: Професионалното новинарство е јавно добро кое не смее да се ограничи

Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 Mај, денес, повеќе од кога и да е претходно, стана јасно значењето на независното и професионално новинарство. Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата ги исфрли на врвот предусловите за функционална демократија а тоа е дека новинарството мора да се третира како јавно добро, а протокот на информациите не смее да...

ССНМ: Владата се кити со туѓи перја

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше на соопштението на Владата во врска со извештајот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, порачувајќи дека Владата си припишува себеси туѓи заслуги. „Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници, но тоа во извештајот на „Репортери без граници“...

ЗНМ и ССНМ: Реакцијата на „Аџибадем Систина“ кон „ИРЛ“ е притисок кон новинарите и обид за цензура

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја осудуваат непримерната комуникација на „Аџибадем Систина“ кон новинарите од редакцијата на истражувачката новинарска платформа „ИРЛ.мк“ по повод нивната сторија за Ковид-19 насловена како „Пандемско профитерство или грижа за заедницата: Другата страна на приказната за Ковид-19 тестовите“, објавена на 28 март 2020 година. „Како засегната...

Одложен конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

Конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ се одложува за подоцна оваа година, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). „Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и мерките кои се преземаат во нашата земја, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги известува сите новинари дека конкурсот се одложува на неодредено, односно до завршување на пандемијата...

Федерацијата на новинари објави совети за медиумските работници во време на корона кризата

Меѓународната федерација на новинари (МФН) најголемата организација во светот која претставува 600.000 членови од 146 земји ги објави советите за медиумите да преземат мерки на претпазливост и почитување на препораките од здравствените експерти во ова време на здравствена криза. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како членка на МФН ги сподели препораките за новинарите во земјава: ЗДРАВЈЕ НА...

ССНМ: Сопствениците на медиумите да обезбедат заштитна опрема за новинарите и вработените

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ССНМ, апелира до сопствениците на медиумите да преземат соодветни мерки на заштита за вработените во редакциите. „Имајќи го предвид фактот дека новинарската професија после медицинскиот персонал е една од најзагрозените професии во борбата против ширењето на корона вирусот, а со оглед на недостигот од заштитна опрема во аптеките и во продавниците, ССНМ бара...

Потпишан првиот колективен договор во медиумите помеѓу ССНМ и МИА

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Медиумската информативна агенција (МИА) денеска потпишаа колективен договор со кој покрај повеќето придобивки вработените добиваат работна седмица од 36 часа, платен дополнителен ангажман, заштита од арбитрарно отпуштање, загарантирана слобода на информирање и други клаузили кои обезбедуваат подобри услови за работа. Колективниот договор беше финализирани минатата недела, по речиси две годишни преговори...

Ниту е вистина дека медиумите се слободни, ниту дека нема значителен напредок

Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ја состојбата со медиумите во земјата, излегоа со две крајно спротивставени вистини – од апсолутна слобода до катастрофално лоша состојба. Вистината е поинаква и кога станува збор за медиумските слободи, a и за слободата на изразување има уште доста работа. СДСМ се пофали дека обезбедиле слобода на медиумите: СДСМ и владата којашто ја...

Нападите и заканите врз новинарите драстично опаднаа по 2017 година, но не исчезнаа (инфографик)

Во изминативе две години за четири до пет пати е намален бројот на случаите на повреда на правата на новинарите во земјава. Ако во 2017 година биле регистрирани 20 вакви случаи, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) лани регистрирало само четири инциденти, од кои еден бил физички напад на новинар и три случаи на вербален напад. Низ годините опаднала...

Јакимовски доби отказ од Централниот регистар, МВР и ОЈО допрва ќе треба да реагираат на заканите

Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор. „Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување според...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...