fbpx
Таг: ССНМ

таг: ССНМ

Локалните медиуми пред изумирање, состојбата со новинарите загрижувачка

Состојбата со локалните медиуми во Велес е загрижувачка и потребни се низа мерки за нејзино подобрување со цел граѓаните на општината, но и на регионот да не останат без ревантни, објективни и професионално изработени информации од локален карактер. Ова е заклучокот од работната средба што претставници на ССНМ ја имаа со дел од новинарите и медиумските работници во Велес. „На...

Новинарскиот синдикат бара да се открие кој ѝ се заканува на екипата на ИРЛ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудува заканите кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) испратени во последните неколку дена. Според пријавата до ССНМ, заканите биле упатени кон новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска веднаш по објавувањето на сторијата во која се истражувани постапките при градежните активности во населбата „Тафталиџе“ во Скопје. „Јовановска на својот телефон добила...

Саморегулацијата на порталите тема на најновиот број на публикацијата „Новинарството како јавно добро“

Темата „Регулација наспроти саморегулација“ е обработена во декемвриското издание на публикацијата „Новинарството како јавно добро“, која што ја издава Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Во анализата на авторката Антоанела Димитриевска се вкрстуваат мислењата на новинарската фела во врска со саморегулација на македонскиот интернет простор. Преку анализа на ставовите на медиумски експерти, новинари и уредници се укажува дека...

„Мета“, „Порталб“ и „Вистиномер“ добитници на наградата „Роберто Беличанец“ за 2019 година

Новинската агенција „Мета“, порталот на албански јазик „Порталб“ и алатката за зголемување на отчетноста „Вистиномер“, како медиумски изданија на Фондацијата „Метаморфозис“ ја добија наградата за Медиум промотор на новинарството како јавно добро – „Роберто Беличанец“ за 2019 година. Наградата ја доделува Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и...

ССНМ објави конкурс за новинарската награда „Роберто Беличанец 2019“

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвори повик за конкурирање за годишната награда „Роберто Беличанец“ за 2019 година. Наградата се доделува „за медиум-промотор на новинарството како јавно добро“. Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до...

ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски и порачаа институциите да реагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудуваат заканите кои вчера биле упатени кон главниот уредник на „Плусинфо“, Бранко Героски. Според информациите кои јавно ги објави Героски, извесен Борче Гиноски на социјалната мрежа му упатил директна закана со зборовите „Гледај да не те бањаат во Вардар“. Според главниот уредник овие закани се...

Градоначалничката на Арачиново го осуди нападот на екипата на ТВ 21

По вчерашната осуда од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и барањето до сите институции инцидентот со екипата на ТВ 21 во Арачиново веднаш да биде расветлен, попладнето со реакција се јави градоначалничката на Арачиново Миликије Халими. Таа се придружува на осудите и бара целосно расветлување на настанот. ТВ екипата...

ССНМ потсетува дека работодавачите имаат обврска да исплатат К-15

Работодавачите имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор, познат како К-15, на сите вработени во медиумите, потсетуваат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. „Оваа обврска на работодавачите произлегува од колективниот договор за приватниот сектор од 2015 година и изнесува минимум 9.610 денари. Регресот за годишен одмор им следува на сите вработени кои работеле најмалку шест месеци...

Tелефонската линија 0800-11-011 за помош при напад на новинари ќе биде отворена 24/7

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска во Скопје на прес-конференција ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари во случај на закани, напади и насилство кон новинарите. Бесплатната телефонска линија ќе функционира 24/7 и ќе овозможи помош и поддршка на новинарите и медиумските работници во случај на...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ја информирале Владата за стандардизацијата на онлајн медиумите

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, советникот за односи со јавност на премиерот, Марјан Забрчанец и портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски одржаа работен состанок со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, претседателот на Управниот одбор на Советот за етика на медиумите, Катерина Синадиновска и претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, како претставници...

Новинарските организации дефинираа критериуми за онлајн медиумите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ), усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите. „ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека онлајн медиумите треба да ги почитуваат начелата и принципите на новинарската професија, како што се...

ААВМУ до ДИК: Сите имаат право на термини во медиумите за референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти оти ставот на Државната изборна комисија (ДИК) дека единствено Собранието, како овластен предлагач на референдумот, може да води јавна пропаганда не соодветствува со фактичката ситуација и дека и другите заинтересирани субјекти може да водат пропаганда во времето предвидено за политичко рекламирање. Со слична реакција вчера се огласија и Здружението на новинарите...

ДИК нема право да наметне медиумско претставување за референдумот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името. „Потсетуваме...

Измените на Изборниот законик ги загрозуваат работата и слободата на медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се противат на усвоените измени и дополнувања на Изборниот законик, донесени како резултат на политички договор помеѓу власта и опозицијата. Од ЗНМ, ССНМ и СЕММ велат дека „овие измени, донесени на нетранспарентен начин, со партиски консензус и...

СЕММ, ЗНМ и ССНМ бараат медиумите да работат професионално

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), бараат медиумите да ги задоволат основните правила за професионална работа, вклучувајќи почитување на Кодексот на новинарите, транспарентност во сопственичката и уредувачка структура, како и прифаќање на саморегулацијата како единствен заштитник на медиумските слободи и независност. „Ова вклучува...

ССНМ и ВМРО-ДПМНЕ реагираат за инцидентот со фоторепортерите, Забрчанец со друга верзија

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на, како што велат, „спречувањето на тројца фоторепортери да си ја извршуваат својата работа“ на лидерската средба во Клубот на пратениците, нарекувајќи го однесувањето на претставниците на власта „непримерно и израз на ароганција“. Од владата пак одговорија дека станува збор за несоработка од страна на тројцата фоторепортери. Фоторепортерите...

ССНМ: Кога новинарите вербално ќе бидат нападнати, колегите да го напуштат настанот

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници - ССНМ најостро го осудува насилното и примитивно однесување на членот на Управниот одбор на Кластерот за текстил, Сашко Станоевски кон новинарот на телевизијата „Алсат - М“, Иле Петрески на прес-конференцијата, во моментот кога тој постави легитимно новинарско прашање. „За жал, повторно имавме можност да посведочиме на каков третман се изложени новинарските екипи...

ССНМ: Мора да се подобрат правата на новинарите заради доброто на професијата

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 Мај, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) порача дека е неопходна итна промена на приоритетите и фокусирање на работните и професионални права на новинарите и медиумските работници, како место од кое почнува, но и во кое може да заврши, искривоколчувањето на професијата. ССНМ посочува на извештаите за...

ССНМ најостро ги осуди заканите со тужби од бизнисменот Гечев кон Лупевска Созен

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ССНМ, изразува најостра осуда и протест поради директните закани кон новинарката Снежана Лупевска Созен и телевизија „Телма“ искажани вчера за време на интервјуто на „Топ тема“ од страна на сопственикот на „ИГМ трејд“, Илија Гечев, се вели во соопштението на ССНМ. Во него се додава дека јавната закана дека Лупевска ќе биде повеќекратно...

Новинарите ќе протестираат пред Владата против заканите од функционери на ДУИ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска на пладне ќе организира протест пред Владата од која ќе побараат да покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите. Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...