ДИК нема право да наметне медиумско претставување за референдумот

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името.

„Потсетуваме дека последните измени и дополнувања на Изборниот законик, со кои се озакони политичка пропаганда во медиумите платена од парите на граѓаните, се однесуваат само на организирање изборни кампањи, а не и на организирање референдуми. ДИК нема законска надлежност да ги толкува законите, додека појаснувањето на Комисијата за медиумското претставување за референдумот е паушално, без законска основа и ги дискриминира учесниците на референдумот“, се вели во соопштението на здруженијата.

ЗНМ, ССНМ, МИМ и ИКС велат дека „нејасно е од каде ДИК извлекува право на Собранието, како организатор на референдумот да му даде приоритет во медиумското претставување, во споредба со останатите учесници на референдумот.“

„Собранието не само што добива привилегиран пристап до медиумите за политичката пропаганда за референдумот, туку и трошоците за пропаганда ќе бидат платени од јавни пари. Другите учесници во кампањата за референдумот не само што ќе имаат ограничен пристап до медиумите за пропаганда, туку и трошоците за огласување ќе мора да ги сносат сами. Ваквото паушално појаснување може сериозно да го загрози легитимитетот и легалитетот на референдумот и затоа ДИК треба веднаш да го повлече. Ги повикуваме медиумите да не дозволат да бидат вовлечени во оваа политичка манипулација. Ако денеска дозволат некој да им наметнува правила како треба да се огласува во нивните медиуми, утре ќе им кажуваат и како треба да известуваат“, се додава во соопштението.

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...