fbpx
Таг: смрт

таг: смрт

Обвинителство за „Мета“: Очигледно беше дека Софески починал од инфаркт

Јавниот обвинител што го водел увидот на местото каде почина поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, не наредил обдукција на телото бидејќи лекарската екипа по прегледот констатирала дека Софески „очигледно“ починал од инфаркт и немало никакви сомнежи околу причините за смртта, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство. „Лекарската екипа присутна за време на вршење на увидот, од извршениот преглед на телото на...

Гевгелиската болница ги отпушти двајцата анестезиолози

Гевгелиската болница донесе решение да ги отпушти двајцата анестезиолози, кои беа дел од тимот што со царски рез ја породуваше родилката која во петокот почина заедно со своето бебе. Анализата на примероците на крв покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на анестезиолозите. „Во врска со немилите случувања кои завршија со смртен исход на родилката и на новороденото, ве...

Клиника за гинекологија: Пациентката имаше високоризична бременост со мртов плод

На 25 октомври, во 20.10 часот, на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, настапи смртен исход кај пациентка на возраст од 38 години со шеста високоризична бременост која на клиниката е примена истиот ден со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела и со тешки знаци на инфекција, стои во соопштението од клиниката. „Со пациентката е постапено по сите...

Анестезиолозите од гевгелиската болница биле пијани

Двајцата лекари анестезиолози што биле дел од тимот, кој со оперативен зафат требало да ја породи жената што заедно со новодоренчето почина во гевгелиската болница, биле во алкохолизирана состојба, покажала анализата на крвта, извршена од Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти денеска Јавното обвинителство. Анализата на крвта на двајцата анестезиолози покажала присуство на 1,23, односно 1,75 промили алкохол во крвта. „Донесена е наредба...

Осум години од смртта на Тоше Проески

Големиот македонски пејач Тоше Проески, пред осум години, токму на 16 октомври, загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во моментот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото „фолксваген туарег“, кој со голема брзина удрил во приколката на камионот пред него и потоа...

Гром удри во брачен пар од прилепско Лагово

Страшна несреќа се случи денес откако гром удри во брачен пар во прилепското село Лагово, при што мажот починал, а жената се бори за живот. Според првичните информации околу 16 часот додека мажот и жената береле тутун на нива во селото Ново Лагово, во нив удрил гром. Мажот починал на лице место, а жената е итно пренесена во прилепската болница.

Случај „Младенов“: Две години сомнежи и неодговорени прашања

На 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром, беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје – Велес. Настанот предизвика шок и бура во новинарските кругови и во јавноста таа изборна пролет, кои до ден-денешен не стивнуваат бидејќи многу прашања поврзани со смртта...

Денеска се одбележуваат 35 години од смртта на Тито

На денешен ден пред 35 години, во Љубљана почина претседателот на некогашна СФРЈ и на Сојузот на комунистите на Југославија, Јосип Броз Тито. Тито бил лидер на југословенските партизани во Втората светска војна и лидер на Комунистичката партија на Југославија. На чело на Југославија бил од 1945 година, па сè до смртта на 4 мај 1980 година. Тој ја извел...

Две години без Младенов: Нè остави без да ни каже зошто

Точно пред две години, на 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје - Велес. Настанот предизвика шок и бура во новинарските кругови и во јавноста таа изборна пролет, кои до ден-денешен не стивнуваат бидејќи многу...

Почина кралот на Саудиска Арабија

Кралот на Саудиска Арабија, Абдула бин Абдулазис, почина на 90-годишна возраст по кратко боледување, соопшти доцна синоќа саудиската државна телевизија. Веста доаѓа откако кралот беше хоспитализиран на 31 декември минатата година, поради пневмонија, а неколку дена подоцна беше објавено дека неговата сосотојба се подобрува. Гласини дека кралот е починат кружеле на социјалните мрежи уште пред саудиската телевизија да почне да емитува...

Почина авторот на серијата „Ало, ало“

Џереми Лојд, авторот на хумористичната серија „Ало, ало“ на телевизијата „Би-Би-Си“, синоќа на 84-годишна возраст почина во болница, како последица на воспаление на белите дробови, јавуваат британските медиуми. Лојд, заедно со сценаристот Дејвид Крофт ги создаде сериите „Ало, ало„ и „Дали сте послужен?“ (Are you being served?), а глумел и во филмот „Ноќ по тежок ден“ и во телевизиската серија...

Почина музичката легенда Џо Кокер

Познатиот пејач Џо Кокер починал денеска, на 70-годишна возраст, по кратка борба со болест за која медиумите велат дека била рак на белите дробови. Британскиот пејач ќе остане запаметен по 40-годишната кариера и по големиот број хитови како „Summer in the city“, „You can leave your hat on“, „You are so beautiful“, „Up where we belong“ и „Unchain my heart“. Џо...

(ВИДЕО) Палестински министер почина после судирите со израелската војска

Зиад Сабу Зеин, министер во Палестинската управа на Махмуд Абас, денеска почина откако израелските војници го туркаа и го удираа за време на протестите на Западниот Брег, соопштија лекарите. Брзата помош го собра Зеин, министер без портфељ, од местото на конфликтот, но тој починал на пат кон болницата во Рамала. Снимка од судирите, кои почнаа откако палестинските демонстранти ги нападнаа...

Индија: Уапсен лекарот кој со стерилизација усмрти 13 жени

Индиската полиција го уапси лекарот кој при масовна стерилизација усмрти 13 жени. Како што соопшти полицијата, осомничениот лекар за неколку часа извршил 83 операции во државен здравствен камп во Биласпур, индиската држава Чатисгар. Според првичната истрага, инструментите со кои ги вршел операциите, наводно, не биле дезинфицирани поради што предизвикал инфекции кај починатите. Лекарот Р.К. Гупта ги отфрли обвиненијата, додавајќи дека бил...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...