fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи барањата на Катица Јанева, вели Груевски

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи барањата што специјалната обвинителка Катица Јанева во четвртокот ги испорача до Собранието, а со кои се бара продолжување на работата на Специјалното обвинителство, продолжување на рокот за истраги, измена на законите за сведоци и за приватност, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при посетата...

Заев со писмо ги предупредува амбасадорите дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат фер избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е загрижен дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат да има фер и демократски избори, соопштија од СДСМ. Тој со писмо им се обрати на амбасадорите кои се гаранти на Договорот од Пржино. Во писмото Заев пишува дека носењето на буџетот за 2017 година еден месец пред распуштање на Собранието и тоа што Уставниот суд сè уште не...

СЈО повторно ги достави доказите и побара изземање на судијката

Специјалното јавно обвинителство денеска повторно ги достави доказите за случајот со фалсификување на документите поврзани со уништување опремата за прислушување во УБК до Основен суд Скопје 1, а кои вчера беа им вратени како нецелосни. СЈО поднесе и барање за изземање на судијката, бидејќи постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност при донесување одлука и затоа што истата судијка се споменува во...

Талески се врати на работа четири дена по укинување на притворот

Четири дена од укинувањето на мерката куќен притвор, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен од СЈО за криминал со школскиот превоз, се појави на своето работно место. По три месеци минати во куќен притвор, извори од Општината потврдуваат дека по 10 часот Талески дошол во својот кабинет и веднаш свикал состанок со дел од вработените. Според истите извори, Талески изминатите денови...

В понеделник во 17 часот, собир за поддршка на СЈО

В понеделник, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво. Во повикот на социјалните мрежи, пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО. „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја...

Продолжува седницата на собраниската комисија за извештаите на Јанева и на Зврлевски

Денеска во 13 часот треба да продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да продолжи да одговора на прашањата на пратениците. По два дена работа, синоќа на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата. По кратко време од Специјалното јавно обвинителство испратија соопштение во кое Јанева се...

На Катица Јанева ѝ се слоши, комисиската расправа одложена за утре

На специјалната обвинителка Катица Јанева вечерва ѝ се слоши откако цел ден присуствуваше на седницата на собраниската комисија за политички систем, на која втор ден се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство, објави телевизија „Телма“. Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, дозволи пауза, меѓутоа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, инсистираше да постави прашања до Јанева. Тој не сакаше да ја напушти говорницата, по што Јанева...

Груевски: Јанева работи непрофесионално, пристрасно и необјективно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска како одговор на новинарско прашање како ја оценува работата на специјалната јавна обвинителка, рече дека не е задоволен од нејзиното работење. - Далеку од нашите очекувања во однос на професионалноста, непристрасноста и во однос на објективноста - кратко изјави Груевски. Груевски ова го изјави по промоцијата на нови 25 наслови од едицијата...

СЈО ќе побара изземање на судијката за случајот со уништување документи од УБК

Специјалното јавно обвинителство повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 што денеска им беа вратени, информираат од Специјалното јавно обвинителство. Во соопштението на СЈО пишува и дека во текот на утрешниот ден ќе побараат и изземање на судијата кому му е доделен предметот. „Во писмениот допис доставен до судот, укажано е на непостоење на законски пречки судската служба да...

Јанева: Не сум оптоварена што протекуваат информации, сите се во интерес на јавноста

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправа за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја даде иницијативата за измени во Законот за заштитени сведоци и ја замоли да ја поднесе до Собранието. Ова следува откако пратеничката Јакимовска повеќе...

Кривичниот суд бара уште докази од СЈО за уништувањето на опремата за прислушување

Основен суд Скопје 1 информира дека судијата ги вратил доставените докази против Г.Г. и други лица осомничени за кривично дело фалсификување на службена исправа, поднесени од Специјално јавно обвинителство. „Во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен...

Јанева: Прецизно го слушав Милошоски затоа што неговиот глас е чест на снимките

Почна седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која пратениците веќе втор ден дискутираат за извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Прва говореше независната пратеничка Солза Грчева, која рече дека е изненадена од непознавањето на правото, политиката и на демократијата што го покажала Јанева во вчерашното излагање и одговарање на пратеничките прашања. Збор зеде и пратеникот Горан Мицовски,...

Јанева и денеска ќе одговара на прашањата на пратениците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието, денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата на која пратениците ќе ги разгледуваат извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на Јавното обвинителство на Република Македонија. Обвинителката Катица Јанева вчера го образложи, а потоа одговараше на прашања на пратениците во врска со вториот  извештај за работата на институцијата што ја...

Димовски: Јанева, за Вашите барања најдете си друг парламент

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да го признае легитимитетот на Собранието, иако таа неколкупати кажа дека од прислушуваните материјали произлегува дека има основи за сомневања за изборен криминал и дека сите избори од 2011 година наваму се под знак прашалник. Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на крајот на денешната расправа по...

Јанева: Снимките ги доведуваат во прашање сите избори од 2011 година досега

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, одговарајќи на прашања на пратениците од Комисијата за политички систем и за односи меѓу заедниците, се заблагодари за поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но рече дека дозвола за нови јавни обвинители, СЈО добива од Советот на јавни обвинители, а не од пратениците на Собранието. Таа рече и дека толку малку материјали досега се преслушани,...

Кои прашања ѝ ги поставуваат пратениците на Јанева?

По повеќе од еден час расправа, пратениците од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, конечно почнаа да поставуваат прашања до специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Таа најави дека на сите прашања ќе одговори во текот или по завршувањето на расправата. Еве кои прашања ѝ беа поставени: Рафиз Алити од ДУИ: Дали Јанева ќе ги преземе случаите „Монструм“, „Сопот“, „Диво Насеље“ и случајот за...

Пратениците не можат да се договорат кој прв ќе ја прашува Јанева

Пoвеќе oд пoлoвинa чaс прaтениците во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се рaспрaваат зa тoа кoј требa прв дa ѝ се oбрaти и дa ѝ пoстaви прaшaње нa специјaлнaтa јaвнa oбвинителкa, Кaтицa Јaневa, кoјa денескa гo презентирa втoриoт шестмесечен извештaј зa рaбoтaтa нa СЈO. Првo координaтoтoрoт нa СДСМ, Гoрaн Сугaрески, oбвини декa претседaтелoт нa кoмисијaтa, Влaткo Ѓoрчев,...

Јанева: Не се плашам од прашања затоа што имам поддршка од Груевски

Не се плашам да одговорам на сите прашања на пратениците денеска бидејќи имам поддршка од експремиерот Никола Груевски, рече специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, презентирајќи го шестмесечниот извештај за работата на СЈО пред собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Јанева побара од пратениците да се направат измени на Законот за заштита на сведоци и на Законот за кривична...

Извештајот на СЈО на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 март 2016 г. до 15 септември 2016 г. денеска ќе биде разгледан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Покрај шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред членовите на Комисијата е и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави...

СЈО ја обжали одлуката на Апелација – ист судија не може двапати да одлучува

Специјалното јавното обвинителство соопшти дека поднело жалба до Врховниот суд - Скопје бидејќи одлуката на Апелацискиот суд - Скопје за одбивање на барањето за продолжување на притворот за осомничениот во случајот „Транспортер“, Владимир Талевски, ја донел судија кој претходно одлучувал за истиот предмет. „Во жалбата укажавме на суштествени повреди на Законот за кривичната постапка, односно на тоа дека при донесување...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...