fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

„Трезор“: Крпач на СЈО му ги открил тајните на „братските“ фирми

Клучниот сведок на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Трезор“, Коста Крпач, на 27 април годинава, околу 13.20 часот, беше пронајден мртов во станот на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец. Првите индиции, според МВР, беа дека се работи за самоубиство. Сепак, и по пет месеци од настанот, Јавното обвинителство, кое го води овој случај, сè уште ја нема завршено...

Јанава на прес-конференција, па пред Советот на јавни обвинители

Денеска, во 11 часот, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред Советот на јавни обвинители треба да го презентира вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Ова вчера за „Мета“ го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, кој рече дека сè уште не може да каже дали седницата ќе биде отворена за новинарите. Денеска, во 11 часот, Јанева ја очекуваат и...

СЈО: Опрема за УБК била преплатена преку „Финзи“ на Крпач

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, се работи за груба злоупотреба на средствата од буџетот на Република Македонија. - Од доказите прибавени за овој предмет, тие средства преку оштетување на буџетот биле искористени за лична корист и за богатење. Во овој момент истрагата се одвива за...

СЈО денеска со детали за новата истрага „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство отворило нова истрага која носи работен назив „Трезор“ и за која детали ќе соопштат денеска на прес-конференција во 10 часот. – Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, во просториите на ова јавно обвинителство ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата истрага, која носи работен назив „Трезор“ – информираа вчера од СЈО. На...

Заев до Жбогар: СЈО има клучна улога во обезбедувањето на правдата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар. Во соопштението на СДСМ се наведува дека партискиот лидер на средбата со евроамбасадорот истакнал дека постои јасна согласност дека во декември мора да има регуларни избори и кризата во државата да заврши со избор на легитимна влада...

Утре Јанева треба да се клонира – во исто време ја чекаат и обвинителите и пратениците

Утре во 11 часот специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред Советот на јавни обвинители треба да го презентира  вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Ова го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, кој рече дека сè уште не може да каже дали седницата ќе биде отворена за новинарите. Утре, во 11 часот, Јанева ја очекуваат и на седницата на...

СЈО утре со детали за новата истрага „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство отворило нова истрага која носи работен назив „Трезор“ и за која детали ќе соопштат на прес-конференција утре во 10 часот. - Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, во просториите на ова јавно обвинителство ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата истрага, која носи работен назив „Трезор“ – информираат од СЈО. На последната...

Ѓорчев ќе ја чека Јанева да дојде за да продолжи комисиската расправа

Влaткo Ѓoрчев, претседaтел нa Кoмисијaтa зa пoлитички систем и oднoси меѓу зaедниците, јa oдлoжи денешнaтa седницa нa кoјa требaше дa се рaспрaвa зa извештaјoт зa рaбoтaтa нa Специјалното јавно обвинителство. - Кoлеги прaтеници, пoрaди тоа што пoднoсителoт нa извештaјoт не е присутен, кoнстaтирaм декa немa услoви зa oдржувaње нa седницaтa и зaтоа јa презaкaжувaм зa утре вo 11 чaсoт -...

Двајца обвинети во случајот „Шпион“ пуштени од притвор

Двајца обвинети во случајот „Шпион“, Миќо Насковски и Цветан Дамјановски, вчера доцна попладне биле пуштени од притвор, информираат од Основниот суд Скопје 1. Како што информираат од Кривичниот суд, Апелацискиот суд во Скопје доставил решение со кое на Насковски и на Дамјановски им се укинува мерката притвор. На последната јавна седница, СЈО ги презентираше своите наводи во однос на жалбите на...

Петти ден расправа за извештајот на Јанева

Денеска, во 12 часот, ќе продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Петти ден пратениците ќе расправаат за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство. На седницата што се одржа вчера, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ја напушти седницата, рече дека тоа што ѝ се прави е класичен мобинг и најави дека повеќе нема да се врати, освен на пленарна седница. -...

„Шарена револуција“: СЈО е патот до правдата

Неколку стотици граѓани, поддржувачи на „Шарената револуција“, денеска се собраа пред Собранието да му дадат поддршка на Специјалното јавно обвинителство. На собирот се пуштаа песни за Македонија, за поддршка на СЈО и против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Припадниците на „Шарената револуција“ на улицата пред Собранието нацртаа голем круг, во него нацртаа стрелка која покажуваше кон СЈО, а до која пишуваше „Еден е...

Јанева ќе присуствува само на пленарната седница за СЈО

Специјалната обвинителка Катица Јанева поради работни обврски веќе нема да учествува на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. - Нема повеќе да присуствувам на расправата на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради работни обврски. Штом ќе биде закажана пленарна седница, се разбира дека ќе присуствувам на неа - изјави Јанева. Од Специјалното...

Делегацијата на ЕУ ги повика партиите да бидат одговорни и да го поддржат СЈО

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повторно ги повика потписниците на Договорот од Пржино да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство и одговорно да дејствуваат. - СЈО е договорено од страна на сите политички партии, како дел од Договорот од Пржино и сите политички партии повеќепати се заложија да ја поддржат работата на СЈО. Европската Унија ги охрабрува сите...

Јанева: Ми правите мобинг, си одам и не се враќам повеќе

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и рече дека тоа што ѝ се прави е класичен мобинг и најави дека повеќе нема да се врати, освен на пленарна седница. - Ве известувам дека ова е последно што ќе дојдам. Веќе не доаѓам и сега ќе си одам – рече Јанева,...

Јанева: Ако ја дочекаме пленарната седница, ќе го чуете моето специјално обраќање

Ако бидеме живи да ја дочекаме пленарната седница, ќе го чуете специјалното обраќање за извештајот што го имам подготвено, одговори специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на прашањата на пратеничката од владејачката коалиција Владанка Авировиќ. На прашањето од Авировиќ зошто Јанева има преслушано само 12 проценти од разговорите, специјалната обвинителка одговори дека е човек, а не „супермен“. Исто така, обвинителката истакна дека извештајот...

Градоначалникот Талески се прошетал од Општината до Судот и уредно се пријавил

Битолскиот градоначаланик Владимир Талески денеска уредно се пријавил во Основиот суд во Битола со што ја испочитувал мерката за претпазливост дадена од Апелацискиот суд од Скопје по укинувањето на куќниот притвор. Портпаролот на Основиот суд во Битола, истражната судијка Милка Бизевска, за „Мета“ потврди дека Талески дошол и се пријавил во судот. Талески денеска првпат се појави и меѓу граѓаните. Вработени...

СЈО има сведоци што ќе потврдат дека власта ги крадела изборите

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има сведоци кои потврдуваат дека високи функционери на власта местеле избори, дознава „Мета“. Сведоците засега се заштитени и имињата ги знаат само неколку обвинители за да се заштити нивната приватност. - СЈО има сведоци кои потврдуваат дека се местеле избори. Тие ќе го урнат митот за чиста победа на владејачката гарнитура - брифира извор близок до СЈО за...

„Шарена револуција“ синоќа го обои Кривичниот суд

Во герила-акција на „Шарена револуција“, синоќа беше обоен Кривичниот суд Скопје 1, за кој оваа организација смета дека е извор на најголемите опструкции во работата на СЈО. „Од вкупните барања за притвор од страна на СЈО, Кривичниот суд одобри само едно барање. Од другата страна, за периодот од 2012 до 2014 година, од вкупно 717 барања за притвор од страна на Обвинителството...

Четврти ден расправа за извештајот на Јанева

Денеска, во 11 часот, ќе продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Четврти ден пратениците ќе расправаат за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство. На седницата што се одржа во петокот, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, им посочи на пратениците од владејачката партија дека намерно ѝ го трошат времето за да не може да работи. На денешната седница на комисијата,...

Денеска во 17 часот, собир за поддршка на СЈО пред Собранието

Денеска, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво. Во повикот на социјалните мрежи пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО. „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја блокира...

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...