СЈО има сведоци што ќе потврдат дека власта ги крадела изборите

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има сведоци кои потврдуваат дека високи функционери на власта местеле избори, дознава „Мета“. Сведоците засега се заштитени и имињата ги знаат само неколку обвинители за да се заштити нивната приватност.

– СЈО има сведоци кои потврдуваат дека се местеле избори. Тие ќе го урнат митот за чиста победа на владејачката гарнитура – брифира извор близок до СЈО за „Мета“.

Дали има сведоци за случајот со изборни манипулации кои сведочат во корист на Специјалното обвинителство и кои имаат докази за изборни неправилности, прашавме и во СЈО.

– Освен материјални, имаме и вербални докази, меѓутоа во интерес на истрагата не можеме да ви откриеме повеќе детали – се вели во одговорот од СЈО.

На 12 февруари годинава, СЈО ги осомничи поранешните министри за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на владата и други непознати лица, како сторители на кривични дела против изборите и гласањето. Ова е првиот случај за кој Специјалното обвинителство (СЈО) на Катица Јанева поведе истражна постапка, а се води под името „Титаник“. Поднесени се обвиненија и против пет судии од Управниот суд, како и против четири члена на ДИК од 2013 година.

– Во 2012 година, осомничените во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на влада, заедно со други засега непознати лица, заради опстојување на власт на партијата и заради нивни непосредни привилегии, создале група која имала цел да врши кривични дела против изборите – соопшти на прес-конференцијата обвинителката Фатиме Фетаи.


Прес-конференцијата на која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја презентираше „бомбата бр. 7“

За делата за кои се осомничени овие лица, предвидена е минимална затворска казна од 3 години.

– Врз основа на прислушуваните разговори, СЈО воспостави надлежност врз повеќе предмети. Еден од нив е предметот „Титаник“, под реден број 1. Тоа е сосема случајно, иако според нас се работи за втор по важност предмет веднаш зад прислушувањето, сепак кривичните дела против изборите и гласањето и легитиметот добиен со такви избори е почеток на криминализација на целокупниот институционален систем – рече обвинителката Фетаи.

Обвинителството смета дека осомничените создале група која имала цел да врши кривични дела против изборите и гласањето, со криминализација на изборниот процес заради освојување на власта.

Поведена е истражна постапка против повеќе лица кои се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слобода на определување на избирачи, поткуп, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Во Специјалното обвинителство утврдиле дека од МВР за таа намена биле издадени 15.000 нови матични броеви, 35.000 лични карти кои не се подигнати од барателите и прифатени се повеќе од 60.000 нови државјани.

Фетаи тогаш најави дека „за улогата на дијаспората и на конзуларните претставништва ќе се отвори посебен предмет“.

Подолу се снимки од разговори на функционери на власта кои се однесуваат на изборни измами:

На „Скомрахи“, студентскиот театар останува слободен, трансформативен и поткрепен од заедничката работа

Во текот на пет дена во ноември, посетителите на меѓународните студентски средби „Скомрахи“ трчаат од Академска сцена на Факултетот на драмски уметности (ФДУ) и Драмскиот театар до Младинскиот културен центар и...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради зголемените повици...

Истрага против разбојник од Скопје, крадел чанти и накит од девојчиња

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 26-годишник кој е осомничен дека сторил повеќе кривични дела разбојништво и тешки кражби. Негови жртви биле жени или девојчиња, кои ги напаѓал на...

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се...

На „Скомрахи“, студентскиот театар останува слободен, трансформативен и поткрепен од заедничката работа

Во текот на пет дена во ноември, посетителите на меѓународните студентски средби „Скомрахи“ трчаат од Академска сцена на Факултетот на драмски уметности (ФДУ) и Драмскиот театар до Младинскиот културен...