fbpx
Таг: Швајцарија

таг: Швајцарија

Швајцарскиот Долен дом на парламентот усвои забрана за носење бурка

Долниот дом на швајцарскиот парламент со тесно мнозинство го усвои законот кој забранува носење бурка, но за тоа прашање најверојатно на крај ќе се одлучува на референдум. Нацрт-законот, кој го предложи пратеникот Валтер Вобман од популистичката десничарка Народна партија на Швајцарија, е усвоен е со 88 гласа „за“ и со 87 гласа „против“. Законот е речиси идентичен со тој што го усвои кантонот...

Швајцарското обвинителство отвори истрага против Франц Бекенбауер за корупција

Швајцарското обвинителство отвори криминалистичка истрага против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер и уште три други лица во врска со кандидатурата на Германија за организирање на Светското првенство во фудбал во 2006 година, јавува „Би-би-си“. Тие, како членови на организацискиот комитет за првенството, се осомничени за измама, малверзации, перење пари и за проневера. Некои од делата за кои се товарат, како што...

Пронајдено телото на пилотот на урнатиот швајцарски воен авион

Швајцарските спасувачки екипи денеска го пронашле телото на пилотот чиј борбен авион падна пред два дена во швајцарските Алпи, соопштија швајцарските власти. Телото на пилотот е пронајдено во близина на остатоците на авионот, кој вчера беше лоциран во Сустен во централниот дел на Швајцарија, стои во соопштението на швајцарската влада. Идентитетот на пилотот не е објавен, но се наведува дека станува...

Швајцарски борбен авион исчезна над Алпите

Борбен авион на швајцарските воздухопловни сили, кој ги надлетувал Алпите, исчезнал денеска попладне, соопшти швајцарското министерство за одбрана. - Веднаш почнавме со потрага. Засега не се знае што се случува со пилотот – соопшти министерството. Авионот „Ф/А-18 Ц“ се води како исчезнат од 18.30 часот по централноевропско време во областа Систен. Во јуни годинава, двајца швајцарски ловци од типот „тигер Ф-5Е“ се...

Швајцарија ќе го повлече барањето за членство во ЕУ

Горниот дом на швајцарскиот парламентот вчера одлучи да ја поддржи одлуката на Долниот дом да се повлече барањето за приклучување на Швајцарија кон Европската Унија. Барањето за влез во ЕУ беше поднесено во мај 1992 година, но во декември истата година граѓаните на Швајцарија на референдум се изјаснија против влез во тогашната Европска економска зона. Резултатите од последното истражување на јавното...

Швајцарците го отфрлија предлогот за загарантиран месечен приход

Швајцарските гласачи го отфрлија предлогот за воведување загарантиран приход за сите граѓани и за тие што живеат подолго време во таа земја. Гласачите го отфрлија предлогот на вчерашниот референдум, со прашање дали прифаќаат сите швајцарски граѓани и странци кои законски престојувале најмалку пет години во земјата, да примаат безусловен приход, а притоа да не мора да работат. Против предлогот гласале речиси...

Швајцарците на референдум за воведување основен месечен додаток

Жителите на Швајцарија денеска гласаат на референдум на кој треба да се изјаснат во врска со иницијативата за воведување основен месечен додаток во износ од 2.500 франци (околу 2.200 евра), кој Владата би им го исплаќала на швајцарските државјани што се навработени или имаат помали примања од оваа сума. Според предлогот, покрај полнолетните граѓани кои би го довивале целиот месечен основен додаток,...

Официјално отворен најдолгиот железнички тунел во светот

Најдолгиот и најдлабокиот железнички тунел во светот „Готард“, кој минува под Швајцарските алпи, денеска и официјално е пуштен во употреба. Тунелот е долг 57 километри. Изградбата траела речиси две децинии, чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а во неа биле ангажирани 2.400 работници. „Готард“ ќе ги поврзува северна и јужна Европа. Според швајцарските власти тунелот ќе биде револуција во европскиот товарен сообраќај....

Швајцарците гласаа против протерување на странци и за најмало кривично дело

Швајцарските гласачи на референдум ја отфрлија контроверзната иницијатива на десничарската Народна партија, со која се предвидуваше автоматско протерување на странците во случај на осуда и за најмало кривично дело. Иако властите во изминативе неколку години ги заострија мерките за влез и за престој на странци, според Народната партија на Швајцарија тоа не е доволно. Со оваа иницијатива автоматското протерување ќе се однесуваше и...

Швајцарија: Евакуиран трговски центар поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Прателн“ во близина на Базел денеска е евакуиран откако анонимно лице се заканило дека ќе детонира бомба во подземната гаража на центарот, соопшти швајцарската полиција. Локалните медиуми известија дека специјалните полициски екипи заедно со кучиња трагачи го пребарале трговскиот и оти не е откриена експлозивна направа.

Во Швајцарија почнаa преговорите меѓу јеменските власти и бунтовниците

Преговорите меѓу јеменските власти и шиитските бунтовници со посредништво на Обединетите нации почнаа денеска во Швајцарија, соопшти портпаролот на ОН во Женева, Ахмад Фавзи. Преговорите почнаа откако напладне во Јемен стапи на сила прекин на огнот. Најмалку 5.878 лица загинаа во судирите од март, откако меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија покрена воздушни напади против бунтовниците Хути. Фавзи рече дека во преговорите во...

Швајцарија трага по четворица осомничени за нападите во Париз

Швајцарските власти соопштија дека во Женева е подигнато нивото на готовност и оти е почната потрага по осомничените кои швајцарските власти ги идентификувале во врска со терористичките напади во Париз од 13 ноември, при што загинаа 130 лица, а 352 беа повредени. Службата за безбедност на Обединетите нации во Женева соопшти дека швајцарските власти трагаат по четворица мажи за кои...

Нови апсења на претставници на ФИФА во Швајцарија

Швајцарските власти утринава спроведоа уште една серија претреси и апсења во рамки на истрагата за корупција во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а според првичните информации, уапсени се барем уште двајца претставници на ФИФА. Весникот „Њујорк тајмс“ на својата интернет-страница, повикувајќи се на полициски претставници, објави дека барем неколку лица утринава биле уапсени во истиот хотел во кој во мај беа...

Банката „Ју-Би-Ес“ под истрага поради корупцијата во ФИФА

Швајцарската банка „Ју-Би-Ес“ е под истрага поради поврзаноста со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), чии челници се осомничени за корупција. - Во „Ју-Би-Ес“ се истражуваат сметките на ФИФА и на другите фудбалски сојузи, органи и поединци – соопшти најголемата швајцарска банка. Истрагата се води против поединци и организации, меѓу кои се и сите наведени во обвинението на американските правосудни органи од 20...

Швајцарски воен ловец пресретнал авион со руски дипломати

Руски дипломати патувале на состанок во Женева кога до нивниот авион во швајцарскиот воздушен простор се приближил воен ловец. Руските власти веднаш остро реагирале, повикувајќи го францускиот амбасадор во Москва на информативен разговор. Русите сметале дека станува збор за француски авион, но француските власти веднаш соопштиле дека авионот не е нивни. Подоцна се утврдило дека станува збор за швајцарски ловец. Швајцарската...

На изборите во Швајцарија победи антиимигрантската партија

Антиимигрантската Швајцарска народна партија (СВП) освои најголем процент од гласовите на вчера одржаните парламентарни избори. СВП го зголемува притисокот врз Берн за воведување квоти за влез на бегалци од ЕУ во Швајцарија. Имиграцијата, односно доаѓањето на бегалци од Сирија и од земјите од Африка во Европа, е централна тема за која се дебатира во Швајцарија. - Гласањето на изборите беше јасно....

Швајцарски модел: Ист правен статус на сите официјални јазици

Вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, на прес-конференција рече дека најдобар начин за спроведување на Рамковниот договор е примерот на Швајцарија, во кој сите етнички заедници ги зборуваат сите три јазика. Еве што предвидуваат швајцарските закони: Швајцарското уставното право се заснова на четири клучни принципи: еднаквост меѓу јазици, слобода на граѓаните во поглед на употребата на јазикот, територијалност на јазиците...

Аналитичарите за предлогот за швајцарскиот модел: Да не се вметнува етничка агенда во Пржино

Инсистирањето на швајцарски јазичен модел, кој, според вицепремиерот Муса Џафери, е најдобар за имплементација во Македонија, е неприфатлив за македонските аналитичари. Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека ДУИ и ДПА воопшто не се снаоѓаат во борбата против апсолутистичкиот концепт на власт. - Со ова барање, ДУИ се обидува да ја избегне одговорноста. Сега се повикуваат на некоја етничка агенда и сакаат да...

Швајцарија им испорача на САД претставник на ФИФА

Швајцарските правосудни претставници денеска соопштија дека на САД им ги испорачале претставниците уапсени во рамки на американската истрага за корупција во Светската фудбалска федерација (ФИФА). Швајцарската федерална канцеларија не ги објави имињата на испорачаните претставници. Извори на агенцијата „Ројтерс“ минатата недела соопштија дека Џефри Веб, поранешен потпретседател на ФИФА и претседател на фудбалската организација за Јужна и за Централна Америка, се...

САД побараа екстрадиција на претставниците на ФИФА

Швајцарските власти соопштија дека САД побарале екстрадиција на седумте претставници на ФИФА што во мај беа уапсени во Цирих. Федералниот оддел за правосудство ќе ги сослуша седуммината за барањето за екстрадиција, а потоа остануваат 14 дена за да се одговори на барањето, но би можеле да добијат и дополнително време од уште две недели. Барањето за екстрадиција се темели на сомнежот за мито...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...