Во Швајцарија почнаa преговорите меѓу јеменските власти и бунтовниците

Преговорите меѓу јеменските власти и шиитските бунтовници со посредништво на Обединетите нации почнаа денеска во Швајцарија, соопшти портпаролот на ОН во Женева, Ахмад Фавзи.

Преговорите почнаа откако напладне во Јемен стапи на сила прекин на огнот.

Најмалку 5.878 лица загинаа во судирите од март, откако меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија покрена воздушни напади против бунтовниците Хути.

Фавзи рече дека во преговорите во Швајцарија, на локација која не е објавена, учествуваат 24 лица. Швајцарското радио јави дека преговорите се одржуваат во Маглинген, на североистокот на Швајцарија.

Претставникот на ОН за Јемен, Исмаил Шејк Ахмад, рече дека преговорите „треба да означат крај на воените насилства во Јемен“.