fbpx
Таг: Швајцарија

таг: Швајцарија

Уапсени претставници на ФИФА во Цирих

Швајцарската полиција утринава во Цирих уапсила неколку претставници на ФИФА поради обвинение за перење пари, ракетирање и за корупција во последните 20 години. Засега не е познато и официјално не е потврдено кој е уапсен. Светските медиуми јавуваат дека се уапсени шест претставници, а според „Њујорк тајмс“, претставниците ќе бидат испорачани во САД. Членовите на ФИФА се собираат во Цирих поради...

Швајцарската економија трпи поради пресилниот франк

Сто дена по одлуката на Швајцарската банка да го крене курсот на франкот во однос на еврото, две третини од швајцарските компании ги прилагодија своите цени на променетиот курс, кој ѝ штети на швајцарската економија. Ова го покажува една анкета на консултантската куќа „Стауфен“, во која учествувале 86 швајцарски компании. Најголем дел од компаниите сè уште не го амортизирале ударот...

Наскоро граѓаните на ЕУ нема да можат да го кријат богатството во швајцарските банки

Швајцарија и Европската унија(ЕУ) денеска постигнале договор за директна размена на даночните податоци на граѓаните од земјите-членки на ЕУ, пренесува хрвастката државна телевизија ХРТ. Размената на податоците, како што е предвидено, треба да почне од 2018 година. Европската комисија (ЕК) договорот го оценила како важен чекор напред во сузбивањето на даночната евазија, бидејќи граѓаните на ЕУ повеќе нема да можат да...

Метеор прелета над Швајцарија

На небото над Швајцарија синоќа пролетал метеор, кој, по сè изгледа, согорел во атмосферата. Очевидците тврдат дека околу 20.50 часот виделе зелено-бел метеор како лета над Швајцарија, а неколкумина успеале и да го снимат целиот настан. Некои од очевидците велат дека слушнале гласна експлозија проследена со зеленикаво светло. Полицијата во Цирих и во Берн примила повеќе повици од луѓе кои пријавувале дека...

Судир на два воза во Швајцарија

Во швајцарскиот град Рафц, северно од Цирих, утринава дојде до судир на два воза, при што се повредени повеќе лица. Поради несреќа запрен е железничкиот сообраќај во овој дел на Швајцарија. Засега нема информации за бројот на повредените, а локалните медиуми јавуваат дека возила на итна помош се наоѓаат на местото на настанот.

Кумановец и гостиварец царувале со пазарот на хероин во Швајцарија

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на македонската полиција, во заедничка акција со претставници на швајцарските органи на прогонот, денеска извршиле претреси на три локации во Гостивар заради обезбедување докази во врска со меѓународна истрага против македонски државјани кои оперирале на наркопазарот на територијата на Швајцарија, соопшти МВР. - Заради пронаоѓање докази за сторено кривично дело перење пари и...

Швајцарците слават за порастот на франкот, а Балканците во паника

Швајцарскиот франк денеска достигна пораст на вредноста од 30 отсто откако централната банка на Швајцарија одлучи да го напушти фиксирањето на вредноста на валтата во однос на еврото. Швајцарската национална банка (ШНБ) вели дека веќе не е оправдана мерката за фиксирање на франкот, воведена во септември 2011 година. ШНБ исто така ја намали основната каматна стапка од -0,25 отсто на...

Жител на Житоша осомничен за измама

Крушевската полиција поднела кривична пријава против Р.О. (30) од селото Житоша, кој е осомничен дека измамил соселанец, ветувајќи дека за одредена сума ќе му среди за виза и за стан во Швајцарија, информираат од полицијата. Како што објаснуваат оттаму, осомничениот на својот соселанец му ветувал виза за постојан престој и стан во Швајцарија, осум години, односно од јули 2006 година до...

Попоски на средба на Министерскиот совет на ОБСЕ

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Базел, Швајцарија, ќе учествува на 21.Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Како што соопштија од МНР, на средбата ќе бидат разменати мислења за активностите на ОБСЕ во изминатиот едногодишен период, како и за идните правци на дејствување во сферата на трите димензии кои ги покрива ОБСЕ: политичко-воената, економската...

Швајцарците го отфрлија референдумот за контрола на имиграцијата

Не помина референдумот за построги контроли и за ограничување на имиграцијата во Швајцарија. Мнозинството од 26 кантони гласале против предлозите.

Швајцарците на референдум за намалување на имиграцијата

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на имиграцијата. Ова е вторпат годинава да се одржува референдум за имиграцијата, по тој во февруари, кога гласачите го поддржаа воведувањето квоти за доселување и за ефикасно непродолжување на слободното движење и за граѓаните на земјите-членки на ЕУ. Новиот предлог предвидува намалување на годишната имиграција за три четвртини од сегашното ниво, за заштита на животната...

СДСМ одржа трибина со иселениците во Швајцарија

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, синоќа одржа трибина во швајцарскиот град Локарно со претставниците на македонската дијаспора. - Вклучете се, заедно да ѝ помогнеме на Македонија - повика Заев на трибината насловен „Иднината на Македонија“. Како што се наведува во соопштението од партијата, иселениците дале поддршка на отворените политики на претседателот Заев и на раководството на СДСМ и порачале партијата да...

Швајцарија: Свлечиште усмрти мајка и дете

Свлечиште кое прекрило куќа на југот од Швајцарија, усмрти 31-годишна жена и нејзината тригодишна ќерка, соопштија денеска швајцарските власти. Циришкиот весник „20 минутен“ на својата веб-страница објави дека спасувачите ги пронашле жената и детето во урнатините на куќата, во зафрлен дел во близна на Лугано. Полицајци, пожарникари и спасувачи со помош на кучиња-трагачи цела ноќ го пребарувале местото, надевајќи се дека ќе ги пронајдат мајката...

Македонските ракометари ја совладаа Швајцарија

Ракометарите во недела ќе им гостуваат на Чесите
Македонските ракометари во дуелот со Швајцарците успеаја да стигнат до посакуваната победа. Тие сега го очекуваат гостувањето во Злин и натпреварот со Чешка. Ако ракометарите успеат да победат, Македонија ќе биде на добар пат да се квалификува за учество на Европското првенство во 2016 година. Дуелот со Чешка се игра в недела, во 13.30 часот.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...