fbpx
Таг: Швајцарија

таг: Швајцарија

Дваесет и седум повредени во железничка несреќа во Швајцарија

Најмалку 27 лица се повредени во судир на два воза на станица во централниот дел на Швајцарија, соопшти полицијата. Судирот се случил на станица во планинското место Андермат, при маневар за пренасочување. Во инцидентот учествувале локомотива и композиција со пет вагони, во кои имало околу 100 патници. Железничката компанија „Матерхорн готард“ соопшти дека властите ја истражуваат причината за несреќата.

Осум лица исчезнати во свлечиште во Швајцарија

Осум лица, меѓу кои и државјани на Германија, Австрија и Швајцарија се водат за исчезнати во свлечиштето кое се случи на југоистокот на Швајцарија. Поради лизгањето за земјиштето се евакуирани неколку помали села. Во соопштението на каталонската полицијата Граубинден се наведува дека лицата од вчера се водат за исчезнати. Свлечиштето го погодило селото Бондо, во близина на границата со Италија. Евакуирани се...

Швајцарската полиција уапси лице осомничено за нападот со моторна пила

Швајцарската полиција синоќа соопшти дека уапсила лице кое е осомничено за нападот со моторна пила во градот Шафхаузен. Полицијата од кантонот Цирих, на „Твитер“ објави дека мажот е уапсен во градот Талвил, но не откри повеќе детали. Најавено е дека полицијата од Шафхаузен, каде беше извршен нападот, денеска ќе одржи прес-конференција. Педесетгодишниот Франц Вроусис е обвинет за напад со моторна пила на две...

Швајцарската полиција сè уште трага по напаѓачот од Шафхаузен

Мажот кој со моторна пила во швајцарскиот град Шафхаузен рани пет лица, од кои две потешко, и понатаму е во бегство, а полицијата интензивно трага по него. Полициската потрага се врши во областа на границата на Швајцарија и на Германија, а во акцијата се вклучени хеликоптери и кучиња. Швајцарската радио-телевизија јавува дека полицијата цела ноќ трага по 51-годишниот осомничен Франц Вруззис,...

Маж со моторна пила нападнал луѓе во Швајцарија

Најмалку пет лица се повредени, од кои две потешко, откако маж со моторна пила нападна луѓе во северниот швајцарски град Шафхаузен. Полицијата засега не открива детали за нападот, но локалните медиуми јавуваат дека полициските сили во центарот на градот спроведуваат операции за „специјални ситуации“. Портпаролот на полицијата во Шафхаузен потврди дека операцијата е во тек, но одби да даде какви било...

Џафери се сретна со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада

Талат Џафери, новоизбраниот претседател на Собранието, денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада, која изразила надеж дека по политичката криза на демократски начин ќе се ретаблираат државните институции, како следна фаза во стабилизирањето на земјата. „Амбасадорката ја подвлече понатамошната подготвеност на Швајцарската Конфедерација активно да продолжи со проектите во Македонија, особено со Собранието, бидејќи има директна финансиска и...

Швајцарците на референдум гласаат за олеснување на процедурите за државјанство

Гласачите во Швајцарија денеска излегуваат на референдум на кој треба да одлучат дали земјата треба да ги олесни строгите правила за добивање на државјанство за третата генерација имигранти. Швајцарските закони, како што принесува „Би-би-си“, не гаранираат доколку некој е роден во земјата дека по автоматизам ќе добие швајцарско државјанство, а имигрантите мора да чекаат 12 години за да аплицираат за...

Истражување: Во Македонија германската плата вреди двојно повеќе

Македонија и другите земји долж балканската магистрала (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора) се најевтини за живот и во нив германски државјанин за истите пари што во својата земја ги троши за основни работи, може да добие двојно повеќе. Ова го покажува обемното истражување на Институтот за економски и општествени науки од Диселдорф, кој ги анализирал статиските на...

Ранети двајца полицајци во Швајцарија, напаѓачот е во бегство

Швајцарската полиција трага по 33-годишен маж кој утринава рани двајца полицајци во местото Рехетобел, јавуваат швајцарските медиуми. Инцидентот се случил нешто по девет часот, кога полицијата се обидела да ја претресе куќата на осомничениот. Тој отворил оган и ранил двајца полицајци, кои веднаш се хоспитализирани. Осомничениот е во бегство и веројатно е вооружен, предупредува полицијата.

Заев во посета на Швајцарија, на средби со дијаспората

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членовите на извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија. За време на посетата на Швајцарија, Заев ќе има средби со граѓаните од дијаспората од Македонија. Вечерва, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, Заев има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се...

Швајцарскиот Долен дом на парламентот усвои забрана за носење бурка

Долниот дом на швајцарскиот парламент со тесно мнозинство го усвои законот кој забранува носење бурка, но за тоа прашање најверојатно на крај ќе се одлучува на референдум. Нацрт-законот, кој го предложи пратеникот Валтер Вобман од популистичката десничарка Народна партија на Швајцарија, е усвоен е со 88 гласа „за“ и со 87 гласа „против“. Законот е речиси идентичен со тој што го усвои кантонот...

Швајцарското обвинителство отвори истрага против Франц Бекенбауер за корупција

Швајцарското обвинителство отвори криминалистичка истрага против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер и уште три други лица во врска со кандидатурата на Германија за организирање на Светското првенство во фудбал во 2006 година, јавува „Би-би-си“. Тие, како членови на организацискиот комитет за првенството, се осомничени за измама, малверзации, перење пари и за проневера. Некои од делата за кои се товарат, како што...

Пронајдено телото на пилотот на урнатиот швајцарски воен авион

Швајцарските спасувачки екипи денеска го пронашле телото на пилотот чиј борбен авион падна пред два дена во швајцарските Алпи, соопштија швајцарските власти. Телото на пилотот е пронајдено во близина на остатоците на авионот, кој вчера беше лоциран во Сустен во централниот дел на Швајцарија, стои во соопштението на швајцарската влада. Идентитетот на пилотот не е објавен, но се наведува дека станува...

Швајцарски борбен авион исчезна над Алпите

Борбен авион на швајцарските воздухопловни сили, кој ги надлетувал Алпите, исчезнал денеска попладне, соопшти швајцарското министерство за одбрана. - Веднаш почнавме со потрага. Засега не се знае што се случува со пилотот – соопшти министерството. Авионот „Ф/А-18 Ц“ се води како исчезнат од 18.30 часот по централноевропско време во областа Систен. Во јуни годинава, двајца швајцарски ловци од типот „тигер Ф-5Е“ се...

Швајцарија ќе го повлече барањето за членство во ЕУ

Горниот дом на швајцарскиот парламентот вчера одлучи да ја поддржи одлуката на Долниот дом да се повлече барањето за приклучување на Швајцарија кон Европската Унија. Барањето за влез во ЕУ беше поднесено во мај 1992 година, но во декември истата година граѓаните на Швајцарија на референдум се изјаснија против влез во тогашната Европска економска зона. Резултатите од последното истражување на јавното...

Швајцарците го отфрлија предлогот за загарантиран месечен приход

Швајцарските гласачи го отфрлија предлогот за воведување загарантиран приход за сите граѓани и за тие што живеат подолго време во таа земја. Гласачите го отфрлија предлогот на вчерашниот референдум, со прашање дали прифаќаат сите швајцарски граѓани и странци кои законски престојувале најмалку пет години во земјата, да примаат безусловен приход, а притоа да не мора да работат. Против предлогот гласале речиси...

Швајцарците на референдум за воведување основен месечен додаток

Жителите на Швајцарија денеска гласаат на референдум на кој треба да се изјаснат во врска со иницијативата за воведување основен месечен додаток во износ од 2.500 франци (околу 2.200 евра), кој Владата би им го исплаќала на швајцарските државјани што се навработени или имаат помали примања од оваа сума. Според предлогот, покрај полнолетните граѓани кои би го довивале целиот месечен основен додаток,...

Официјално отворен најдолгиот железнички тунел во светот

Најдолгиот и најдлабокиот железнички тунел во светот „Готард“, кој минува под Швајцарските алпи, денеска и официјално е пуштен во употреба. Тунелот е долг 57 километри. Изградбата траела речиси две децинии, чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а во неа биле ангажирани 2.400 работници. „Готард“ ќе ги поврзува северна и јужна Европа. Според швајцарските власти тунелот ќе биде револуција во европскиот товарен сообраќај....

Швајцарците гласаа против протерување на странци и за најмало кривично дело

Швајцарските гласачи на референдум ја отфрлија контроверзната иницијатива на десничарската Народна партија, со која се предвидуваше автоматско протерување на странците во случај на осуда и за најмало кривично дело. Иако властите во изминативе неколку години ги заострија мерките за влез и за престој на странци, според Народната партија на Швајцарија тоа не е доволно. Со оваа иницијатива автоматското протерување ќе се однесуваше и...

Швајцарија: Евакуиран трговски центар поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Прателн“ во близина на Базел денеска е евакуиран откако анонимно лице се заканило дека ќе детонира бомба во подземната гаража на центарот, соопшти швајцарската полиција. Локалните медиуми известија дека специјалните полициски екипи заедно со кучиња трагачи го пребарале трговскиот и оти не е откриена експлозивна направа.

Контраспин: Џафери спинува и за пцостите и за нормите од кодексот

Талат Џафери јасно кажува дека не го интересира што мисли јавноста, туку што мисли тој, а тој мисли дека не прекршил ниту една норма кога на службеници грубо им...